Ознака: Израел

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ИЗРАЕЛ

Post Views: 2 Градоначалникот Константин Георгиески деновиве престојува во работна посета на Израел. Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот оствари средба со Ран Куник, градоначалник на градот Гиватаим, на која се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двата града и потпишување на меморандум за соработка. Исто така се разговараше и за размена на искуства за искористување на иновациите и техничко технолошкиот развој за подобро функционирање на урбаните средини. Градоначалникот Георгиески ја посети и Опсерваторијата и Центарот за наука, а беше во посета и на едно од...

Continue reading

Benjamin Netanjahu

Наjголeмата закана за Израел е Иран, стравува Нетанјаху

Post Views: 0 Иран, снабден со нуклеарно оружје, ќе биде најголемата закана за Израел, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. -Најголемата закана за Израел, Блискиот исток и целиот свет, е поврзувањето меѓу нуклеарното оружје и радикалниот ислам, истакна Нетанјаху во говорот за надворешната политика на Израел во универзитетот Бар Илан, крај Тел Авив. Израелскиот премиер посочи дека при следните патувања особено ќе се заложи за создавање меѓународна коалиција против нуклеарното вооружување на Иран. Нетанјаху ова го истакна откако заколнатиот непријател на Израел, иранскиот...

Continue reading

Hilari Klinton

САД бара да запре израелската колонизација на окупираните територии

Post Views: 6 Американскиот државен секретар Хилари Клинтон соопшти дека побарала од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја замрзне израелската колонизација во окупираните територии. „Претседателот Барак Обама беше многу јасен – тој сака колонизацијата да биде прекината”, изјави американскиот први дипломат. Во исто време не престануваат поделбите во палестинската власт. Синоќа новата палестинска влада на Салман Фајед положи заклетва без претставници на милитантниот Хамас. Движењето, кое ја држи власта во Појасот Газа има своја влада и најави дека нема ја признае...

Continue reading

eksplozija

Израел го рекетира јужен Либан

Post Views: 1 Израелските сили испукаа најмалку шест артилериски проектили врз реон во Јужен Либан, од каде утрово беа испукани две ракети врз Северен Израел. Претставник на либанската армија негираше соопштение на Израелското радио дека проектил испукан од Либан погодил цел во Северен Израел. Тој прецизираше дека две ракети биле испукани од Либан, но паднале на либанска територија. Израелското државно радио јави денеска дека една жена била ранета во домот крај градот Маалот во близина на либанската граница. Според израелски медиуми, палестински екстремисти испукале утрото по локално...

Continue reading

Kadima

Кадима победи на парламентарните избори во Израел

Post Views: 3 Центристичката партија Напред (Кадима) на израелскиот министер за надворешни работи Ципи Ливни победи на вчерашните парламентарни избори во Израел. Според 99 отсто преброени гласачки ливчиња, Кадима освоила 22,9 отсто од гласовите, додека нејзиниот главен ривал, конзервативната партија Консолидација (Ликуд) на поранешниот премиер Бенјамин Натанјаху добила 21,8 проценти. Врз основа на нецелосните резултати, Кадима во идниот состав на Кнесетот ќе има 28 пратеници, додека Ликуд 27. На трето место се пласира екстремно десничарската партија Нашиот дом Израел (Израел Бејтену)...

Continue reading

Kneset

Почна гласањето на парламентарните избори во Израел

Post Views: 0 Израелските гласачи денеска ќе избираат нов Парламент меѓу 33 кандидатски листи. Рано изутринава беа отворени околу 9.500 избирачки места во земјата.   Социолошките истражувања предвидоа скромна победа на десната партија Ликуд, која е предводена од Бенјамин Нетањаху, кој се очекува да се врати на политичката сцена како премиер. Центристичката партија Кадима на министерката за надворешни работи Ципи Ливни е втора по популарност. Војната во Појасот Газа и обновувањето на палетинските ракетирања ги зајакнаа позициите на екстремно десната партија „Израел Бејтену“ (Нашиот...

Continue reading

karikatura

Израел и Палестинците треба да ги обноват мировните преговори

Post Views: 0 Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Израел и Палестинците треба да ги обноват мировните преговори, притоа давајќи им поддршка на напорите на саудискиот крал Абдула да го активира арапскиот план за мир на Блискиот Исток. Во интервју за арапската телевизија „Ал Арабија“, Обама истакна дека неговата администрација ќе направи целосно приближување во односите со муслиманскиот свет.Обама смета дека неговата администрација почнува да ги исполнува ветувањата од предизборната кампања со назначувањето на поранешниот сенатор Џорџ Мичел за пратеник на Блискиот Исток. Тој...

Continue reading

Gaza

Израел три часа дневно нема да напаѓа цел врз Појасот Газа

Post Views: 0 Израелската армија соопшти дека од денеска по три часа дневно нападите врз Појасот Газа.Нападите ќе бидат прекинати од 13 до 16 часот по локално време со цел да се формира коридор по кој ќе се доставува неопходната помош за населението. Израелскиот премеир Ехуд Олмерт најави дека ќе се отворат хуманитарни коридори во Појасот Газа. Тел Авив тврди дека дозволил доволно количество на хуманитарна помош за Појасот Газа, додека Обединетите нации тврдат дека Израел не дозволил доставување на хуманитарна помош. Претходно, беше објавено дека израелските пешадиски и тенковски...

Continue reading

Israel

Хамас ги обнови ракетните напади врз јужните израелски градови

Post Views: 1 Радикалното палестинско движење „Хамас“ ги обнови ракетите напади врз јужните израелски градови. Најмалку седум ракети од типот „Град“ биле истрелани врз пристанишниот град Ашкелон. Три од нив експлодирале во градот со население од околу 110.000 луѓе, кој се наоѓа на 30 километри од границата со Појасот Газа. Две од ракетите погодиле станбени згради. Две лица се полесно повредени. Неколку ракети експлодирале и во реонот на Сдерот и Нетивот.     {loadposition content9}

Continue reading

Gaza

Хамас истрела ракети на 40 километри во внатрешноста на Израел

Post Views: 0 Борците од исламистичкото движење Хамас истрелаа денеска ракета длабоко во внатрешноста на територијата на Израел. Ракетата паднала во близина на градот Бершева во пустината Негев, на околу 40 километри од границата со Појасот Газа, соопшти израелската армија. Нападот не предизвикал загинати и материјални штети. Слична ракета беше истрелана и доцна синоќа од Газа, но паднала на празно место во Бершева, без да предизвика жртви.Неодамна Хамас се снабди со воени ракети со поголем дострел од типот Касам, кои борците ги изработуваат сами.     {loadposition content9}

Continue reading

Gaza

Целта на Израел e да го уништи Хамас

Post Views: 4 Постојаниот претставник на Израел во ОН Габриела Шалев изјави дека Израел ќе ги продолжи нападите во појасот Газа додека не ја постигне целта, која е “целосно уништување на терористичката банда Хамас“, пренесоа светските агенции. Шалев ги релативизира меѓународните критики за израелските воздушни напади во појасот Газа во последните денови. Таа ја исклучи секоја можност за враќање кон клаузулите на досегашното примирје со Хамас, кое се распадна по појавите на насилство за време на изминатиот викенд. Шалев изрази жалење за цивилните жртви меѓу Палестинците, но...

Continue reading

Gaza

Продолжуваат нападите од Израел

Post Views: 0 Околу 310 Палестинци загинале во израелските воздушни напади врз цели на исламското движење Хамас во Појасот Газа што започнаа во саботата, а бомбардирањата и натаму продолжуваат. При воздушните напади се ранети над 1.400 луѓе, соопштија спасувачките екипи во териториите контролирани од исламистичкото движење. Израелски воени авиони утрината го бомбардираа Министерството за внатрешни работи со кое што управува Хамас во Газа, што е прв удар на владина зграда во тридневната израелска офанзива, соопштија извори на Хамас. Се уште нема информации дали во нападот има жртви. ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top