Ознака: затворен

Тунелот под Ла Манш и денеска затворен за сообраќај

Post Views: 3 Тунелот под каналот Ламанш, што ги поврзува Британија и европскиот континент и денеска останува затворен, откако вчера попладнето беше зафатен од голем пожар, соопшти претставник на компанијата која стопанисува со тунелот. „Нема да има ниту транспортни, ниту патнички минувања низ тунелот“, изјави претставник на компанијата за британските медиуми, не соопштувајќи кога оваа подводна транспортна врска ќе биде повторно пуштена за сообраќај. Пожарот избувна вчера на француската страна од тунелот во еден камион, кој превезувал лесно запаллив материјал. Спасувачките екипи...

Continue reading

ohrid-resen

Сезонско затворање на патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица

Post Views: 10 Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица –Р-504 подолги години во зима е затворен за сообраќај, велат од АМСМ. Од пред неколку зимски сезони, дозволено е движење на возила само до излетничкиот комплекс Корита во должина од девет километри. Патниот правец кој преку Галичица води до Отешево е многу опасен, не само во зима, туку и во летниот период.– Не само во зимски услови, туку и при редовното одржување се соочуваме со низа проблеми зашто се работи за планински масив и регионален пат кој е непријатен. Во секое време има одрони, но и други проблеми кои можат...

Continue reading

Затворен за сообраќај дел од улицата „Кленоец“

Post Views: 2 Поради одржување на Меѓународната вежба NATO EADRCC (Евроатлански центар за координација на одговор при катастрофи), која ќе се реализира Охрид, во периодот од 20-ти до 25-ти септември, од денеска до 24-ти септември ќе биде целосно затворена за сообраќај улицата „Кленоец“ во делот кој поминува низ Касарната. Од локалната самоуправа со апел до сите учесници во сообраќајот да го одбегнуваат овој дел од улицата со што би се избегнале застои во сообраќајот на околните улици. Соочувањето на државата со можно сценарио на катастрофален земјотрес што би го зафатил Охридско-струшкиот...

Continue reading

Од 17-ти до 24-ти септември ќе биде затворен дел од улицата „Кленоец“

Post Views: 2 Поради одржување на претстојната Меѓународна вежба NATO EADRCC (Евроатлански центар за координација на одговор при катастрофи), која ќе се реализира Охрид, во периодот од 20-ти до 25-ти септември 2021 година, ќе биде целосно затворена за сообраќај улицата „Кленоец“ во делот кој поминува низ Касарна и тоа во периодот од 17-ти до 24-ти септември. Се молат сите учесници во сообраќајот за одбегнување на овој дел од улицата со што би се избегнале застои во сообраќајот на околните улици – информираат од Општина Охрид.

Continue reading

Градскиот стадион ќе биде затворен за фудбалска употреба до крајот на август

Post Views: 1 ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека од денес до крај на месецот август Градскиот стадион “Билјанини Извори” ќе биде затворен за фудбалска употреба. Имено на фудбалскиот терен во овој период ќе се изврши замена на стариот бусен со нов на деловите каде што е потребно. Исто така ќе се изврши аерификација и најважното од сите активности во овој период, после отварањето на стадионот пред 45 години ќе се заменат фудбалските голови со нови со што Градското фудбалско игралиште после електронското наводување ќе добие и најсовремени голови...

Continue reading

Магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп затворен за сообраќај

Post Views: 0 Магистралниот пат А-3, Ресен-Битола- Прилеп, кај Битола, поради одрони на патот, е затворен за сообраќај. Им се соопштува на граѓаните од Охрид кои патуваат кон Битола, дека сообраќајот се пренасочува низ градот Битола, веат од Авто Мото Сојузот на Македонија. Сообраќајот на сите останати патишта се одвива без забрани по суви коловози.

Continue reading

Од утре затворен патот с. Царина спој со Охрид-Св. Наум, ресенско поради реконструкција

Post Views: 11 Јавната установа Национален парк Галичица Охрид информира дека регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум, ќе биде целосно затворен за сообраќај за сите моторни возила во наредните десет денови, во периодот од 23/07/2021 до 07/08/2021 поради реконструкција на коловозна конструкција. Овој патен правец дваесетина години наназад се затвора за секаков вид сообраќај од октомври до март. На одлуката за затворање на овој патен правец регираа планинарите и љубителите на природата од Охрид и регионот, туристите, но и општините Ресен...

Continue reading

svr

Денес затворен за сообраќај дел од бул.„Туристичка“

Post Views: 2 Поради изградба на кружниот тек, денес во времето од 08 часот до 13 часот за сообраќај целосно ќе биде затворен дел од булеварот „Туристичка“. Предвидено е затворање за сообраќајот во двата правци на потегот од пресекот на булеварот „Туристичка“ со булеварот „Асном“ до пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“.  Целосното затворање за сообраќај е поради замена на подземната инфраструктура што треба да ја изведе јавното претпријатие „Проаква“ работна единица „Водовод“.   Поради овие предвидени градежни активности, ги повикуваме сите учесници во сообраќајот...

Continue reading

kruzen

Кружниот тек кај „Охридска банка“ денес затворен за сообраќај

Post Views: 1 Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при општина Охрид ги информираат граѓаните дека поради поставување на завршниот слој на асфалт на новата кружна крстосница на булевар „Туристичка“ со улица „Македонски Просветители“ од денеска 3-ти декември до недела 6-ти декември во периодот од 8 до 18 часот оваа крстосница ќе биде затворена за сообраќај на следните локации: Булевар, „Туристичка“ на пресек со ул.„Абас Емин“ и ул. „Даме Груев“ како и на пресекот на улиците „Македонски Просветители“ и „7 Ноември“ со булевар „Туристичка“. Од општина Охрид упатуват молба...

Continue reading

bazen

Некогашниот затворен базен, пропаѓа

Post Views: 15 Остатоците од некогашниот затворен базен во Струга, сеуште бодат очи. Познато е дека овој руиниран објект се наоѓа во непсредна близина на ОУ „Браќа Миладинови. Тој во моментов може да се спореди со замок од хорор филмовите, кој скоро целосно е обраснат со трева, од каде само малку надзираат зидините на објектот. Доколку не се превземе нешто, овој објект ќе наликува на џиновски жбун, кој во неговата внатрешност крие дувло на нарко зависници и разни отпадоци од контаминиран материјал. Свесен за проблемите поврзани околу некогашниот пливачки базен е и директорот на ОУ...

Continue reading

Од 1-ви јули свадби и во затворен простор

Post Views: 9 – На предлог на Министерството за економија Владата донесе одлука од 1 јули 2021 година свадби да се организираат и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 отсто од капацитетот на просторот, напиша на неговиот фејсбук-профил министерот за економија Крешник Бектеши. Од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Оваа одлука, меѓутоа,...

Continue reading

patokaz

Патната делница Подмоље-Струга затворена за сообраќај

Post Views: 4 Поради изведување градежни зафати на патната делница Подмољје-Струга (стар пат), денес до 16 часот овој патен правец ќе биде затворен за сообраќај. Градежните зафати ќе се изведуваат на потегот од Подмољје до Евро хотел поради што сообраќајот ќе биде пренасочен кон магистралниот пат Подмољје-Ќафасан. До возачите на патнички и други моторни возила упатуваме апел за почитување на поставената светлосна сигнализација се со цел безбедно одвивање на сообраќајот на овој патен правец.    {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top