Ознака: заеднички

opstina

Кејот „Маршал Тито“ ќе стане кеј „Македонија“

Post Views: 5 Овој предлог доаѓа директно од кабинетот на градоначалникот но  Комисијата за општествени дејности треба да го разгледа и да одлучи дали има некакви пречки поради кои не може да дојде до преименување на кејот. Денес ќе се состане и Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ со цел да завземат заеднички став за овај предлог на Градоначалникот. Состанок ќе има и во Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ каде ќе се координираат со кој став ќе истапат на седница на Совет која е закажана за в петок а кога ова точка ќе се најде на дневен ред. {loadposition content9}

Continue reading

mnistri kultura

Министрите за култура од земјите од ЈИЕ ја јакнат културата во функција на развојот

Post Views: 1 Министрите за култура земјите од Југоисточна Европа  ќе градат заеднички платформи за јакнење на културата во функција на развојот. На првиот состанок на Советот на министри за култура од овие земји на кој домаќин е токму нашиот град, тие ја добија и поддршката на УНЕСКО. Генералниот директор на оваа институција, Ирина Бокова, истакна дека учеството и значењето на Република Македонија во зајакнување и одржување на меѓународната соработка во областа на културата е навистина значајна. „Имаме солидна основа на соработка, само да споменам дека Македонија е членка на извршниот...

Continue reading

hor

Дански културен настан во Охрид

Post Views: 3 Општина Охрид и НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид заеднички организираат концерт на “Хорот Копенхаген” од Данска. Концертот ќе се одржи на 29-ти Мај (Четврток) во 18:00 часот во Центарот за култура во Охрид. Влезот е слободен. Хорот Копенгаген е формиран во 1951 година и има богато концертно искуство. На Програмата се дела од скандинавски автори, како и на Хендл и Вивалди.На концертот ќе настапи и Градскиот Хор од Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

logo

Уште еден меморандум за соработка за УИНТ „Св.Апостол Павле“

Post Views: 2 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Универзитетот за информатички науки и технологии “Свети Апостол Павле” Охрид потпишаa меморандум за соработка. Целта на меморандумот e развој и унапредување на партнерските односи на двете институции, oрганизирање на заеднички активности како семинари, конференции, работилници; размена на релевантни информации кои се од заеднички интерес; заедничко учество на стручни едукации и други манифестации поврзани со јакнење на капацитетите и квалитетот на услугите на двете институции. {loadposition content9}

Continue reading

mma

Македонија дел од европската елита во мешани боречки вештини

Post Views: 1 Македонскиот ММА тим избори место во елитната професионална Европска ММА лига. Ова големо европско натпреварување за прв пат се формира годинава, а дел од него ќе бидат и нашите борци. Според координаторот на Македонскиот ММА тим, Марјанчо Лазарески, оваа европска лига ќе значи и огромна можност за анонимни борци да дојдат до израз и да добијат соодветно признание. „Ние успеавме да влеземе во првите 16 земји. Учествуваат само 16 земји, а не влегоа земји како Русија, Грција, Бугарија. Ние успеавме да влеземе под нашето уставно име, Република Македонија. Тоа е најголемиот...

Continue reading

Nova Godina

Локалната за недела дена ќе ја обелодени програмата за Новогодишните празници

Post Views: 0 Локалната самоуправа ја подготвува програмата за и околу новогодишните празници. Со креирање на побогата програма, со креирање на подобра понуда, сметаат дека во голема мера можат да ја продолжат туристичката сезона во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека програмата која тие ќе ја подготват нема да биде само за 31 Декември, туку ќе настојуваат да обезбедат туристичка понуда еден до два дена пред и еден до два дена од новата година. Потенцира дека секторот за туризам и локален економски развој активно работи на утврдување на агендата, а побара и активна...

Continue reading

Recica

Немањето правен статус според месните заедници најголема сопирачка на руралниот развој

Post Views: 6 Претставниците на месните заедници од руралните средини, претставници од секторот за ТЛЕР, бизнис и невладиниот сектор, денес ги утврдуваа развојните приоритети за руралните средини. Заеднички заклучок е дека без да бидат утврдени поединечните и заеднички развојни приоритети во овие подрачја, руралниот развој нема да може да се случи. Од инфраструктура, туризам и локален економски развој, здравство и социјала, земјоделство и сточарство. Ова се неколку од подрачјата во кои биле идентификувани предностите и слабостите, но претставниците од месните заедници најмногу реагираа...

Continue reading

SEGA

Со заеднички искуства до поквалитетни ЕУ проекти

Post Views: 6 Невладини организации од Македонија и соседна Албанија заеднички ќе ги зајакнуваат капацитетите за изработување на проекти по стандардите на Европската унија. Овој проект е дел од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Зоран Илиевски од коалицијата на младински организации-СЕГА вели дека има се помалку капацитет кај институциите за подготвување на квалитетни предлог проекти, и токму тоа е мотив за работилниците кои тие ги организираат како дел од овој проект. „Овој проект се однесува суштински на давање на поддршка на невладините...

Continue reading

jika

JICA: Колекторскиот систем е во незавидна состојба

Post Views: 1 Колекторскиот систем кој игра незаменлива улога во заштитата на Охридското езеро, моментално се наоѓа во незавидна состојба, зборуваат податоците прибрани од терен од страна на тимот на  Јапонската агенција за меѓународна соработка, ЏАЈКА. Во таа насока тие ги презентираа и техниките  кои може да се употребат за негово реновирање. „Денес сум многу почестен со присуството на овој семинар на кој ќе бидат презентирани резултатите од испитувањето. Уште поважно ќе биде предложено решение за проблемот со канализациониот систем и понатамошните активности подобрување нживотната...

Continue reading

den na ezeroto

Охрид домаќин на манифестацијата „Ден на Езерото“

Post Views: 3 Со пригодна свеченост на Градскиот плоштад во Охрид и стартот на кружниот велосипедски маратон денеска беше одбележан 21 јуни – Денот на Охридското Езеро. На манифестацијата присутвуваа градоначалниците на трите града на охридското крајбрежје, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, на Струга Зијадин Села и на албанскиот град Поградец – Артан Шкембиј. Градоначалниците едногласни дека постои голема желба , мотив и енергија од трите градови на Охридското езеро за реализирање на заедничките цели во однос на заштитата на езерото, кое нуди огромни можности и кое...

Continue reading

granicen premin kafasan

Отворен заеднички Центар за полициска соработка меѓу македонската и албанската полиција

Post Views: 0   Отворен заеднички Центар за полициска соработка меѓу македонската и албанската полиција. Отворањето на овој Центар е уште еден чекор во натамошното продлабочување и интензивирање на соработката на девете полициски служби. Центарот во употреба го пуштија министерката за внатрешни работи на Р Македонија, Гордана Јанкуловска и министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Фламур Нока.  Заедничкиот центар и ваквиот систем на работа ќе овозможи поквалитетна координација на граничните служби, бидејќи на едно место ќе можат да ги разменуваат информациите релевантни...

Continue reading

den na evropa

Охрид го одбележа 9 ти мај – Денот на Европа

Post Views: 3 Охрид го одбележа 9 ти мај – Денот на Европа. На градскиот плоштад масовно се прославуваше со пригодна програма во која учествуваа активистите на Црвениот крст како и дечиња од повеќе основни училишта од градов.Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој се обрати пред присутните рече дека на ваков начин Охрид дава свој придонес кон општата цел – да бидеме дел од европскиот дом во кој ќе делиме заднички вредности и заеднички идеи. – Древниот Охрид е вистинското место од каде можеме уште еднаш да ги упатиме пораките зачување на цивилизациските вредности,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top