Ознака: животни

animalia

Анималиа го одбележа светскиот ден на бездомните животни

Post Views: 2  Здружението за заштита, помош и вдомување на животни „Анималиа“ од Охрид денес го одбележа Светскиот ден на бездомните животни.  Тие денешниот ден го поминаа со нивните штитеници, бездомните кученца за кои тие секојдневно се грижат и хранат, како и со сите грижливи охриѓани кои денес се одлучија убавиот сончев ден да го искористат и да го поминат со нив. Од Анималиа велат дека се задоволни со денес постигнатото. „Граѓаните имаа можност да не посетат и да се подружат со бездомните животинки за кои се грижиме и на кои им бараме дом. Благодариме за нивните донации храна...

Continue reading

kuce skitnik

Анималиа и Animal World: Институциите да ја сфатат сериозноста на проблемот со бездомни кучиња

Post Views: 1 Здруженијата за заштита на животни „Анималиа“ од Охрид и „Animal World” од Струга одговорноста за случајот со човек нападнат од бездомни кучиња во Струга ја бараат кај надлежните институции. Јована Мојсоска од „Animal World” вели дека жалат поради тоа што му се случило на нејзиниот сограѓанин, но и дека е време конечно институциите да ја сфатат сериозноста на проблемот со бездомни кучиња и преземат мерки предвидени со закон за хумано решавање на истиот. „Како здружение апелираме институциите конечно да преземат мерки да се обезбедат средства за изградба на стационар...

Continue reading

bakteria

Мерки за спречување на Туларемија

Post Views: 8 Заради спречување на евентуално пренесување на болеста туларемија, од која кај нас се регистрирани 3 заболени случаи, а во соседно Косово е прогласена епидемија, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира сопствениците на домашни животни и миленици (особено на зајаци, глувци и други глодари), кај надлежниот ветеринар задолжително да ги пријават животните  кои покажуваат невообичаени симптоми на треска, слабеење, оток на жлездите, рани на кожата и други симптоми. Станува збор за болест опасна за луѓето, чии носители се стаорците (глодари), зајаци и но и други диви и...

Continue reading

kucinja bezdomnici

„Анималиа“ со проект за изградба на прифатилиште за кучиња кај Мауцкер

Post Views: 4 Приемно одделение, одделение за пост-оперативна нега, и карантин за кучиња. Ова е само дел од замислата и проектот на здружението за заштита на животни од Охрид, „Анималиа“ за тоа како треба да изгледа прифатилиштето за кучиња кое е се поизвесно дека ќе се изгради кај месноста „Мауцкер“. По барањето на локалната, од здружението, во рок од два дена го изработиле елаборатот во кој се предвидени приоритетните зафати за реконструкција и надоградба на дел од поранешните просториите на војската. Како еден од најголемите приоритети, според Димитар Ставрески од „Анималиа“ е...

Continue reading

gay

Прва зоолошка градина за геј-животни

Post Views: 17 Сан Франциско и покрај тоа што има најголема геј-заедница ќе биде и прв град во кој ќе биде отворена зоолошка градина за геј-ивотни. – Многу сме возбудени поради геј-животните. Нашето друштво е разновидно и животинското царство е разновидно, зошто да не ја славиме таа разновидност – рече директорот на зоолошката градина Лионел Виберл. Професорот Јосе Арагон од Универзитетот Сан Франциско, отсек зоологија, рече дека факт е дека постојат хомосексуални и бисексуални животни, и тоа е случај со мачките. Постојат дури и транссексуални животни. Дополни дека не...

Continue reading

animalia

Љубов кон животните од најрана возраст низ интерактивно предавање

Post Views: 4 Љубовта кон животните се раѓа и негува од најрана возраст. Ова е мислата водилка на активистите од здружението за заштита на животни од Охрид, Анималиа. Тие денес започнаа со реализација на нивниот едукативен проект „Заедно растеме“ со кој како што велат сакаат да влијаат на зголемување на свеста за полезноста од љубовта кон животните. Денес имаа едукативно и интерактивно предавање за учениците од ОУ „Братство Единство“. „Доколку ние од мала возраст не водиме сметка за да ги изградиме дечињата за да ги љубат животните, подоцна е тешко да им ги промениме тие вкоренети...

Continue reading

лисица

Центарот за јавно здравје предупредува на опасноста од појавата на лисици во градов

Post Views: 1 Лисица со шест мали лисичиња сеуште се шета во стариот дел на градот. И покрај бројните реакции на варошани никој не се најде надлежен за решавање на овај сериозен  проблем. Од локалната се оградија велејќи дека немаат никакви ингеренции и дека за тоа се задолжени други институции, а пред се Агенцијата за храна и ветеринарство која е одговорна за применување на Законот за благосостојба на животните. Од Агенцијата за храна и ветеринарство пак велат дека можат да интервенираат само во случај ако има отстрел на некое диво животно по што излегуваат на терен земаат мостри...

Continue reading

lisca

Локалната се оградува од надлежност за лисиците кои се шетаат низ стариот дел на градов

Post Views: 2 Лисица со шест мали лисичиња се одомаќини во стариот дел на градот. Според раскажувањата на варошани лисиците веќе подолго време живеат во дувло кое се наоѓа под Самоиловите тврдини. Лисиците најчесто можат да се забележат во ноќните часови кога излегуваат надвор и се спуштаат во околните куќи во потрага по храна. Мештаните зад камера кажуваат дека лисиците се толку припитомени што не се плашат од луѓето па влегуваат во нивните дворови. И децата кои живеат во овој дел од градот имале блиски средби со овие диви животни. Едно седум годишно девојче раскажува дека додека...

Continue reading

brokula

Дали би гладувале ако ви кажат дека така ќе живеете подолго?

Post Views: 3 Наутро едно јаболко, на пладне салата, а навечер еден грст ореви или житарки. Вака изгледа модернaта филозофија на исхрана според која услов за долговечноста е доживотното гладување.Доколку секојдневно ги намалувате калориите и оброците, сопствениот живот можете да го продолжите помеѓу 10 и 20 години. Следбениците на овој стил на исхрана не се анорексичари, но гладуваат поради здравјето. Тие самодисциплинирано сакаат да го натераат организмот да издржи многу подолго од оној во кој се внесуваат енормни количини храна. Некои дневно земаат 1.200 калории, па стручњаците...

Continue reading

Кафето пијте го во два, а вежбајте во четири часот

Post Views: 5 Тајната на успехот на сите животни полиња се крие во добриот тајминг. Биолошкиот часовник има точно одредено време кое е оптимално за различни животни активности: 7 часот. Најдобро време за мерење на телесната температура и земање лекови за регулирање на крвниот притисок. 8 часот. Вистинско време за секс, особено ако сакате да забремените. Во овој период, сперматозоидите се најактивни, а притоа на работа ќе отидете насмеани и полни со елан. 10 часот. Ако е можно, прегледот кај доктор закажете го за ова време. Попладневните посети се ризични, поради уморот на докторите...

Continue reading

akcijashi

Зборови и цели преточени во акција

Post Views: 4 Охридските акцијаши со две работни единици ќе се упатат кон настраданите подрачја на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска во напорите за санација и ревитализација на просторните и животни услови. Суштината на постоењето на охридското здружение “Брег на младоста“, не се само сеќавањата, средбите и туристичката афирмација на Унесковиот Охрид и езерото, туку акцијата и волонтерскиот прилог за локални потреби и способноста за интеграциските потреби на други подрачја во земјата, во други држави на регионот, Европа и пошироко. Да се даде своето време, искуство, способност,...

Continue reading

kucinja

Охрид сардисан од кучиња скитници

Post Views: 3 Кучињата скитници повторно го окупираат градов.  Граѓаните мака мачат со овие незгрижени животни кои ги има речиси насекаде. Тие во групи окупираат одредени територии во кои тешко кој од граѓаните ќе се осмели да се приближи. Со страв одат децата на училиште, со страв се враќаат граѓаните дома во подоцните ноќни часови. Овие бездомни животни голем број граѓани  преплашиле, нападнале па дури и касналее. Охриѓани бараат надлежните што поскоро да го решат овој проблем. Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа вели дека овој проблем се провлекува години наназад. ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top