Ознака: еден

logo

Уште еден вандалски чин

Post Views: 7 Од муслиманските горбишта во Струга украдени зимзелени дрвца кои вчера се зaсадени. Синоќа непознати сторители зеле вкупно 50 стебла. Нова штета на муслиманските гробишта во Струга. Синоќа засега непознати сторители  украдоа 50-тина зимзелени дрвца, засадени во текот на вчерашниот ден. Граѓаните но и иницијативниот одбор за уредување на просторот околу муслиманските гробишта, се запрепастени од ваквиот гест кој се случи во доцните вечерни часови. „Утринава само што стигнав на ова место, кога  видов дека се украдени 50-тина стебла се разочарав од ваквиот нехуман однос...

Continue reading

bolid

Формула 1 останува без јапонскиот гигант Хонда

Post Views: 1 Формула еден шампионатот останува без јапонскиот гигант Хонда. Поради глобалната финансиска криза раководните луѓе на јапонскиот производител на автомобили решија да се откажат од понатамошното партиципирање во најбрзото светско автомобилско првенството. Иако постоеше голема желба и понатаму да останеме во формула еден шампионатот сепак поради финансиската криза не успеавме да обезбедиме доволно финансиски средства за натпреварување во најбрзиот циркус -изјави денеска првиот човек на Хонда, Такео Фукуи. Раководството на Хонда во следните месец дена ќе се обиде да најде...

Continue reading

konferencija

Александар Попоски со уште еден мандат

Post Views: 44 На синоќешната изборна конференција тој едногласно беше избран за челник на организацијата. Нема меден месец, веднаш се фаќаме за работа, истакна претседателот. Александар Попоски ја доби довербата на централното и општинското раководство на СДСМ. Тој од синоќа официјално доби уште еден мандат за  претседател на општинската организација на оваа партија во Струга. На изборната конференција на која присуствуваа 80 делегати, Попоски едногласно беше избран за прв човек на партијата. Тој  воедно беше и единствен кандидат кој претендираше за челната функција. Иако сеуште...

Continue reading

Dzevair Bekiri

Петседател на советот на општина Струга е Џеваир Беќири

Post Views: 1  Со ваков став настапија струшките социјал демократи на денешната седница, на која се избираше претседател на совет. Илија Мацески од СДСМ пред своите колеги го предложи Момчило Аврамоски, носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ. Како што ТВМ веќе информираше, ВМРО ДПМНЕ деновиве интензивно преговараше со ДУИ, за да го подржат нивниот кандидат, Џеваир Беќири. Токму поради добрите согласувања Мацески е убеден дека советничката група на ДУИ не би имала против неговиот преглог, Аврамоски да биде претседател на совет. По овој предлог, Вмровците шокирани. Побараа пауза...

Continue reading

logo

Само 1 кандидат за претседател на струшкиот совет

Post Views: 0 Претседател на струшкиот совет ќе се избира во понеделник. За тогаш е закажана седницата на која меѓу другото  се очекува да се изврши и избор на првиот човек на советот. ТВМ дознава дека засега единствен кандидат за оваа функција нуди ДУИ. Нивни предлог е магистер Џеваир Беќири, универзитетски професор по математика и долгогодишен активист на ДУИ. „Прва точка на Дневен ред е избор на претседател на Совет, сигурно ќе биде кандидатот на ДУИ. Тој е наш предлог и за тоа ќе одлучат советниците“-вели Рамиз Мерко, претседател на ОО на  ДУИ. Зад кандидатот на ДУИ највероватно...

Continue reading

F1 Singapur

Формула 1 пишува историја

Post Views: 4 Трката ќе се вози низ улиците на милионскиот град и организаторот најавува спектакуларна трка сместена на  егзотична локација.Бидејќи за прв пат во историјата на Формула еден ќе се вози ноќе, организаторот очекува да бидат урнати рекордите на гледаност. Осветлувањето ќе биде четири пати посилно од она ое се користи на фудбалските натпревари.Гран При трката  ќе започне во недела  во 20:00 часот по локално време односно 14:00 по македонско време. Првиот тренинг е закажан за утре во 19:00 часот по локално време. а еден циркусот отвора нова страница во својата историја со...

Continue reading

logo

Од денес бензините и дизелот поевтини за еден денар

Post Views: 5 Одлуката за намалување на цените ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), на состанокот одржан во понеделник. Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,54, односно 1,72 отсто. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 63,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 49,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намали за 0,50 денари и се продава за 38,50 денари за литар. {loadposition content9}

Continue reading

Crn Drim

5 партии зад еден кандидат за градоначалник на Струга

Post Views: 1 Ова е заложбата на струшки невладини организации, спортски клубови,  месни заедници но и црковни одбори. Невладини организации, спортски клубови, месни заедници но и црковни одбори, во потрага на соодветна личност за прв човек на Струга. Тие пратија допис до Вмро-Дпмне, СДСМ, ПЕИ, ДОМ како и Вмро НП,  да се подржи еден заеднички кандидат кој би направил промени во градот. „Ситуацијата во нашата општина во последниве години наназад воопште не е мрдната од мртва точка, дури и се влошува. Струга од прекрасен туристички центар е ставена како заложник на интересите на поединици,...

Continue reading

Уште еден неефикасен кредит

Post Views: 8 Мега проектот „Водовод и канализација на општините“, се покажа како неефикасен. Станува збор за задолжувањто на Р. Македонија со кредит во износ од 20.800.000 Евра кај ЕБОР, согласно Договорот за Проектот Акциона програма за унапредување на 6 општини, во кои беше вклучена и нашата оштина. Проектот имаше за цел да го реши проблемот со третманот на отпадните води и да го намали загадувањето на животната средина.   „Кредитот како кредит е многу добар посебно имајќи го во предвид фактот дека се работи за инфраструктурното подобрување на водоводот и канализацијата, но изведувачите...

Continue reading

logo

Седницата започна со час и половина доцнење

Post Views: 1 Со кратки дискусии од страна на претседаталите на одредени работни дискусии, беа прифатени сите 10точки предвидени со дневниот ред. Со невообичаено доцнење од час и половина започна петтата седница на советот на Општина Охрид. Долготрајната дебата помеѓу Градоначалникот и граѓаните од 15тата урбана единица, беше причина поради која советниците почнаа со работа со толкаво доцнење. Граѓаните од овој дел на градот засегнати од состојбата која им се наметнува со дадениот плански опфат, не отстапуваа од барањето истата да биде изземена како точка на дневен ред. Барањето беше...

Continue reading

logo

Неофицијално уште еден мандат за Петрески

Post Views: 1 Според првичните неофицијлни резултати, градоначалникот Александар Петрески доби уште еден мандат. „Им благодарам на сите што гласа за мене. Среќен сум што вчерашното гласање во Охрид помина европски“, рече на денешната прес конференција кандидатот од редовите на СДСМ и додаде „Ви ветив дека по изборите првото утринско кафе ќе го пијам со новинарите. Моето прво ветувањето си го исполнувам“.   Петрески изрази надеж дека и неговите политички противници ќе соберат храброст и ќе ги одржат нивните ветувања. Додаде дека синоќа од ВМРО ДПМНЕ потврдиле дека изборите биле фер...

Continue reading

izbori

Поднесен само еден приговор до ДИК

Post Views: 6 Само еден поднесен приговор до Државната изборна комисија во врска со гласањето на Локалните избори во општина Охрид. Станува збор за приговор на Групата избирачи од независната листа со реден број 13, чиј носител е Владо Цветкоски. Утринава во присуство на претставници на општинската изборна комисија во ДИК се разгледуваше приговорот. Согласно Изборниот законик во рок од 48 часа ДИК треба да се произнесе дали го одбива или усвојува поднесениот приговор.Доколку постои незадоволство, против решението на Државната изборна комисија може да се поднесе тужба до Управниот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top