Вечерва продолжение на 51-то издание на фестивалот Охридско лето
Post Views: 5
Охридската, но и странската публика, вечерва ќе може да ужива во звуците на виолината и пијаното на кои ќе се свират сонатите на Моцарт, Штраус и Шуберт. Трите сонати за виолина и пијано ќе бидат во изведба на Дориан Џоџи од Албанија и Томас Хопе од Германија. Дориан Џоџи е единствениот албански музичар во Берлинската филхармонија и единствениот албански учесник на 51то издание на фестивалот Охридско лето.
„Ова ми е прво доаѓање во Македонија. Имам слушнато за фестивалот Охридско лето уште кога живеев во Албанија од каде што заминав во 2000 година. Знаев за овој фестивал...