Ознака: граѓани

vmro-dpmne

Раководството на ОК на ВМРО ДПМНЕ tet-a-tet со граѓаните

Post Views: 3 Новото раководство на ОК на ВМРО ДПМНЕ лично ќе се соочи со проблемите на  Охриѓани. Локалните функционери и советниците од редовите на оваа партија ќе вршат посети на месните заедници. „Според моите сознанија граѓаните најмногу се соочуваат со проблеми од комунална и урбанистичка свера“ вели претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Активностите на владата од централно се пренесуваaт на локално ниво. Потесното раководство на ОК на ВМРО ДПМНЕ  и советниците ќе вршат посети на месните заедници  и на лице место ќе разговараат со граѓаните за проблемите кои...

Continue reading

Nikolovski

Протест на загрижените граѓани

Post Views: 1 Службеното патување на градоначалникот Александар Петрески, сеуште топ тема во Охрид. Револтот поради тоа  денеска го искажа Здруженито на загрижени граѓани. Александар Петрески сега се наоѓа во Австралија и покрај тоа што го повикаа неговите пулени да се врати. Тој остана таму, велат челеновите на здружението. „Најверојатно поубаво му е времето  таму, отколку овде. Таму се сонча. Еве и гуми му донесовме да му ги испратиме. Се надевем дека ќе го слушне апелов, и ќе свати дека ситуацијата во Охрид е аларманта. Во околинава се излеваат септички јами“, вели член на здруженито....

Continue reading

logo

Се повеќе граѓани егзистираат од социјална помош

Post Views: 7 Во Охрид се поголем  број граѓани живеат со скромна социјална помош. Само дел од нив имаат можност да се хранат во народната кујна. Се поголем е бројот на лица кои својата егзистенција ја гледаат единствено во скромната социјална помош. Тешката економска состојаба во која се наоѓа поголем дел од Европа и светот, не ја заобиколи и нашата земја. Се поголем е бројот и на граѓани од Охрид, кои со надеж дека откако некој ќе ја слушне нивната приказна преку малите екрани, ќе им понуди некаква помош. Од „Министерството за труд и социјална политика“ информираат која група на...

Continue reading

tabla

Судот се отвара за граѓаните

Post Views: 9 Деталната реконструкција што се изврши врз судската зграда при Основен суд во Охрид, освен што ќе ги подобри условите за работа со странките, ќе овозможи и поголема транспарентност. Основниот суд од Охрид се отвара пред јавноста. Инвестицијата од 600 000 американски долари добиени преку проектот на Светска банка за правна и правосудна имплементација, ги подобри условите за работа во Охридскиот суд. Тоа се однесува на вработените во судот како и на граѓаните кои се странки во судот. Податокот дека во 2008 година драстично е намален бројот на судски предмети претставува...

Continue reading

Stefan Dimoski

„Да се заштитиме од кражби“ – проект на СВР Охрид

Post Views: 1 СВР Охрид, ќе ги информира граѓаните како да се заштитат од кражби. Овој проект има превентивен и едукативен карактер,за граѓаните, вели портпаролот на СВР Охрид. Статистиката покажува дека најголемиот број кривични дела кражба се резултат на навниманието на граѓаните. Спречете дрска кражба, внимавајте на својот паричник, заштитете го вашиот автомобил,се само дел од предупредувањата кои СВР Охрид ги упатува кон граѓаните и туристите. „Досегашните анализи на секторот за внатрешни работи укажуваат дека граѓаните мора да бидат повнимателни со чувањето на своите добра“,...

Continue reading

фекалии

Жителите на Даљан регираат

Post Views: 9 Реакција на група граѓани од месноста Даљан. Стојан Стојаноски, во име на поголема група граѓани, жители крај Грашница, реагира на вчерашната изјава на директорот на Ј.П „Проаква“, Бранислав Трпчевски. Фекалиите кои што се влеваат во езерото во делот кај Грашница, според граѓаните, се резулатат на неработењето на колекторскиот систем,заради заштеда на електрична енергија. Трпчевски вчера изјави дека тоа се случува поради приклучувањето на диво во атмосферската инсталација и фрлање цврст отпад во фекалната. Стојан Стојаноски, во име на групата граѓани жители крај Грашница,...

Continue reading

logo

Постои голем интерес кај граѓаните за средба со пратениците

Post Views: 1 Во охридскиот центар за комуникации со граѓаните има интерес за средба со народните избраници. Ова го потврдува Маја Јанковска  асистент на пратениците Анита Кипаризовска, Цветко Грозданов, Владо Стефаноски, Александар Николовски. Ивона Ангелеска, асистент на пратеникот Томислав Чинговски, вели доколку пратенците се спречени да бидат присутни во канцалариите в петок таму сепак ќе бидат пречекани од специјално обучени асистенти.Тие може да им помогнат во зависност од проблемот, предлогот или идејата. Граѓаните доаѓаат в петок, но и во останатите работни денови од 9 до...

Continue reading

граѓани

Охриѓани отворено зборуваа за проблемите од урбанизмот

Post Views: 1 Директорот на Државниот иснпекторат за градежништво и урбанизам денес оствари средба со охриѓани. Му беа предочени бројни нерешени проблеми од областа на урбанизмот и градежништвото, за кои години наназад не се изнашло соодветно решение. Целта на ваквата средба е да се увиди кои биле пречките поради кои на граѓаните им било оневозможено да ги остварат своите права.Средбите од овој тип, Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво ги одржува еднаш неделно во различни градови низ Македонија. Минатата недела можност отворено да разговараат за своите проблеми од областа...

Continue reading

sirena

Граѓаните и понатаму трпат музички терор од кафулињата

Post Views: 0 Со почетокот на туристичката сезона и зголемувањето на бројот на гостите, се зголемуваат и проблемите на охриѓани. Овој проблем особено е изразен во стариот дел од градот. Голем број од нив со ноќи остануваат ненаспани поради преголемата бучавост од околните кафулиња и ресторани. Проблемот е поизразен во стариот дел од градот каде се сконцентрирани поголемиот број од нив. Граѓаните мака мачат и со силната музика од малите бродчиња. Од општинскиот инспекторат потврдуваат дека поголемиот број кафулиња не го почитуваат максимално дозволеното ниво на бучава. Во само една...

Continue reading

sredba

Ден за проблемите на граѓаните

Post Views: 0 Проблеми од комуналната и урбанистичката свера тајно и јавно денес беа изнесени од страна на граѓаните пред градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Следејќи ја досегашната практика во работењето, градоначалникот и во новиот мандат продолжи со непосредните средби со граѓаните. Денес со почеток во 9 часот во големата сала на Општина Охрид, се одржи средба со граѓаните на која  беа разгледани проблемите и барањата на охриѓани. На средбата присуствуваа сите раководители на општинската администрација и директорите на Јавните претпријатија. Дел од граѓаните добија одговори,...

Continue reading

pres

Решавање проблемите на граѓаните

Post Views: 33 Oд непосредните средби со граѓаните ги слушнавме нивните проблеми. Со доаѓањето во општинскиот совет ќе се зафатиме со нивно решавање истакна носителот на листа под реден број 15 ,Љупчо Нечкоски. Нашата кампања одлучивме да е различна од другите,  да немаме навредливи , бесцелни прес конференции со смешни реферати напишани од други туку излеговме на непосредни средби со граѓаните рече  носителот на советничката листа под реден број 15 , Љупчо Нечкоски. Стевка Јанкоска, кандидат за советник го потенцираше нивното залагање за решавање на проблемите на младите и  ранливата...

Continue reading

logo

Високиот износ на јануарските сметки изненади голем број граѓани

Post Views: 8 Голем број граѓани останаа изненадени од висината  на  јануарските сметки за струја. Износите на сметките достигаат и над 1000 денари од вообичаената сума за потрошена струја  која ја плаќаат потрошувачите. Реакции на граѓани имаше и до нашата редакција. Од ЕВН објаснуваат дека зголените суми на сметките за потрошена струја се должат на екстремно студениот месец, а при тоа и со многу празнични денови. Додаваат дека заради празниците  5 дена од декември се пренесени во јануарските сметки. Портпаролот на ЕВН, Ленче Карпузоска изјави  дека станува збор за реална состојба ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top