Ознака: Галичица

SVR

Илегален влез за незаконски лов

Post Views: 5 Утрово во 6 часот и 30 минути се случи вооружена престрелка, во близина на граничниот премин Св. Наум во Охрид, на македонска територија. Оваа информација ја потврдија и од СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димовски според првичните информации кои ги имале, кажа дека пукотниците настанале кога македонската полиција при патролирање пресретнала 10 члена група албански државјани. Тој додаде дека имале сознанија за делувањето на илегални групи на територијата на НП „Галичица“ од македонска страна, кои незаконски ловеле дивеч. Димоски потенцира дека утрово биле поставени неколку...

Continue reading

Lagadin

Депонии со шут никнуваат над елитната населба Лагадин

Post Views: 1 На патот  Охрид – Св Наум, веднаш над елитната населба Лагадин, се  одлага градежен шут и земја.  Просторот кој се загадува од несовесни превозници се наоѓа во рамките на Националниот парк Галичица. За безмилосното еколошко  уништување на овој предел кој се наоѓа во непосредна близина на езерскиот брег реагираат граѓаните. Потенцираат дека е жално што институциите не преземаат мерки за спречување на загадувањето на околината.Додека во јавноста граѓаните загрижено го посочуваат проблемот, од националниот парк не знаат за него. Директорот на Националниот парк „Галичица“,...

Continue reading

smet

Се чисти „Галичица“

Post Views: 0 Нема место за отпадоци во природата. Ова е мотото на акцијата која деновиве се спроведува на НП „Галичица“. Акцијата е помогната од ЈП Охридски Комуналец и „Македонија пат“. Се чистат дивите депонии на НП „Галичица“. Согласно стратегијата на паркот деновиве се спроведува акција за чистење на цврстиот отпад, со цел да се заштити природата. 16 удрани точки во паркот се мета на сторителите, кои на овие места трпаат планини од градежен шут, меѓу другото и друг отпад. Иницијативата на паркот, е во соработка со ЈП Охридски Комуналец и Македонија Пат, и се одвива на веќе зацртани...

Continue reading

Пуштен во употреба новиот информативен центар на НП Галичица

Post Views: 5 Драгоцен камен на НП Глаичица. Вака, претставниците на италијанската амбасада го нарекоа новиот информативнен центар, кој денеска и официјално беше пуштен во употреба на Националниот парк. Центарот се градеше некаде околу 7 месеци, со средства во износ од околу 200 000 евра донација од италијанската амбасада. Според изјавите на првиот човек на паркот Зоран Ангелоски во иднина, тука предвидено е да бидат сместени канцалариите на НП Галичица, и уреден дел за посетители. Но новина е, што на ова место, предвиден е ресторан со македонски специјалитети и ботаничка градина...

Continue reading

Св.Наум

Националаниот Парк Галичица, ќе си го добие имотот на Св.Наум

Post Views: 3 Првиот човек на паркот најавува дека Министерството за животна средина издало налог до владата,  корисничкото право имотот во Св Наум да му се врати на паркот. Според најавите на првиот човек на НП Галичица Зоран Ангелоски, долгите судски натегања, позитивно ќе резултираат. Она што им беше одземено плажата, паркингот и ресторанскиот комплекс ќе оди во сигурни раце кај првобитниот сопственик.„Тоа земјиште ни  беше одземено под непознати околности“ вели директорот на НП, Зоран Ангеловски. „Земјиштето беше одземено без никаква најава. Во моментов како Јавна Установа имаме...

Continue reading

logo

НП „Галичица“ ќе се модернизира

Post Views: 3 Прва експертска мисија на претставници од меѓународната унија за заштита на природата во НП „Галичица“. Таа е во рамките на три-годишниот проект „Поддршка на НП „Галичица“, за трансформација на паркот во модерен. НП „Галичица“, во завршна фаза на палнот за десет годишно управување. За таа цел поканети биле и претставниците на меѓународната унија за заштита на природата. Нивната мисија се состои во изнаоѓање на прагматични решенија за се поголемиот притисок врз животната средина и развојните предизвици, како и поддршка на научните истражувања. Оваа унија важи за најстара...

Continue reading

tabla

Велосипедистите најсигурни на Галичица

Post Views: 4 Втора велосипедска патека на НП „Галичица“. Поради големиот интерес на младите велосипедисти, во рекордно време од нецела година, првиот човек на паркот Зоран Ангеловски уреди две велосипедски патеки. Додека во градот велосипедските патеки се повеќе се узурпирани од возила или се користат како паркинг простор, на НП „Галичица“ за нецела година никнаа две обележани и уредени патеки. Тоа пред се е заради големиот интерес на младите велосипедисти кои секојдневно се помасовно И организирано  пројавуваат интерес за планинскиот велосипедизам, вели Зоран Ангелоски директорот...

Continue reading

otpad

Ќе се чисти Н.П. „Галичица“

Post Views: 8 Во природата нема место за отпадоци. Тој проблем не го заобиколува ниту НП. Цврстиот отпад претставува најголема закана за природното богатство на паркот. НП „Галичица“ и ЈП „Охридски Комуналец“, во заедничка борба против сметот и дивите депонии. Конечно се постигна договор да се исчисти паркот од секаков вид на отпад. Стратегија за управување со цврстит отпад веќе е во имплементација, се очекува акција од Комуналец. Досега на „Галичица“ не е посветено внимание на проблемот со управување на цврстиот отпад. Последиците врз животната средина и природните вредности веќе...

Continue reading

Ќе се учи за НП Галичица

Post Views: 1 Од есен охридските основци ќе учат повеќе за  вредностите на НП Галичица. Охридските основци со стартот на новата учебна година ќе  стекнуваат повеќе знаења за значењето на националниот парк „Галичица“ вели директорот на оваа установа Зоран Ангелоски. Истражување спроведено од страна на Факултетот за туризам и угостителство покажало дека основците  имаат мали познавања за вредностите на НП Галичица. Сега, во соработка со училиштат овој пропуст ќе се надминува. Учениците ќе  добиваат повеќе знаења преку брошури кои ги изработува паркот. За нив ќе се организираат и...

Continue reading

tabla

Демне опасноста од пожари

Post Views: 6 Соопштенија, табли на клучните места и 5000 флаери за предупредување, се дел од превентивните мерки кои ги спроведуваат од Националниот парк „Галичица“,во пресрет на летната жега. „Непријатното сеќавање на изгорените 6500 хектари шума, во 2007год. го крена нивото на одговорност кај нас па внимаваме и на најситните детали“, вели Наум Новески од секторот за заштита при националниот парк „Галичица“. „Јасно е дека доколку превентивата е добро спроведена и штетите ќе бидат минимални. Затоа од денеска,во пресрет на екстремно високите температури кои се најавуваат, воведуваме...

Continue reading

velospiedisti

„Галичица 2009“

Post Views: 1 Планинско рекреативниот маратон „Галичица 2009“,традиционално и годинава ќе се одржи на велосипедската патека на паркот. Одговорните очекуваат поголема масовност на велосипедисти, кои во недела во 9 часот и 30 минути од Велестово ќе го означат стартот. Се најавува присуство на реномираниот германски велосипедист Стефан Стнетз –Алпензоро кој е на светска велосипедска турнеја од Март годинава. Организатор е  Националниот Парк Галичица заедно со новоформираниот велосипедски клуб ЕКО Дром од Охрид . Патеката која официјално беше отворена минатата година, веќе е подготвена...

Continue reading

logo

Поставен камен-темелник

Post Views: 0 Поставен камен темелник на нов Деловно-информативен центар на Н.П “Галичица“. Главен донатор на овој проект е италијанското министерство за надворешни работи. Директорот на НП “Галичица” кажа дека во новиот објект ќе бидат сместени сите културни и природни вредности на Галичица,како и национален ресторан.Новиот информативен центар е над Билјанини Извори,во близина на Патеката на франкофонијата. Објектот ќе  чини околу 200 илјади евра,а е финансиран од Министерството за надворешни работи на Италија.Помош во неговата изградба даде Владата на Македонија...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top