Ознака: Венецуела

Vitorrio Missoni

Пронајден авионот на Виторио Мисони

Post Views: 6 По шест месеци, во близина на брегот на Венецуела пронајдени се остатоците од авионот во кој што бил извршниот директор на модната куќа Мисони, Виторио Мисони со својата сопруга Мауриција Кастиљони и уште еден брачен пар. Информацијата на Твитер ја потврди портпаролот на венецуелското министерство за внатрешни работи Хорхе Галиндо, без да соопшти повеќе детали за локацијата и за состојбата во која бил пронајден малиот авион. Авионот со шест патници и екипажот, исчезна во јануари оваа година по полетувањето од островот на архипелагот Лос Рокес на Карибите. Виторио Мисони,...

Continue reading

guanarito virus

„Побегна“ ли уште еден супервирус?

Post Views: 0 Од Универзитетот во Тексас порачаа дека не е компромитиран безбедносниот систем и не веруваат дека некој ја украл епруветата со вирусот. Велат дека најверојатно истата е уништена за време на чистењето, но истрагата продолжува. Минатата недела од Истражувачкиот центар во Галвестон исчезна епрувета со опасниот вирус Гванарито, кој предизвикува потенцијално смртоносна хеморагична грозница. Велат дека истата најверојатно е уништена за време на чистењето, но истрагата во секој случај ќе продолжи како би се утврдиле вистинските причини за тоа што се случило. Вирусот Гуанарито...

Continue reading

venezuela zena

Почина претседателот на Венецуела, Хуго Чавез

Post Views: 6 58-годишниот претседател на Венецуела, Хуго Чавез, почина откако долго се бореше со рак, објави венецуелскиот потпретседател. По операцијата на Куба, Чавез се врати во татковината на постоперативен третман, но прогнозите не беа многу оптимистични. Од јуни 2011-та Чавез беше на хемотерапија и му беа направени повеќе операции. По последниот хируршки зафат на Куба не се појави во јавноста, туку само беа објавени неколку негови фотографии.Чавез себе си се нарекуваше социјалист на 21-от век.Чавез беше на чело на Венецуела 14 години. Беше познат како еден од најистакнатите,...

Continue reading

Hugo Chavez

Мртов ли е или не?

Post Views: 5 Потпретседателот на Венецуела и министер за надворешни работи Николас Мадуро ги демантираше информациите дека претседателот Хуго Чавез е мртов. Тој тврди дека Чавез земјата ја води од болнички кревет и дека покрај проблемите со дишењето, може да издава наредби и да комуницира. „Има тим на луѓе кои апсолутно му се подредени и тој им издава наредби“, рече Мадуро. Мадуро рече дека Чавез одржал петчасовен состанок со своите соработници со кои комуницирал пишувајќи им. Инаку некои латино-американски медиуми ја пренесоа изјавата на Џулермо Кочез, поранешен амбасадор на Панама...

Continue reading

Chavez

Чавез: САД предизвикуваат рак кај лидерите во Латинска Америка

Post Views: 2 Претседателот на Венецуела Хуго Чавез изрази сомневање дека Соединетите држави стојат зад зачестеното заболување со рак на лидерите на земјите во Латинска Америка.  Тој ова го изјави во Каракас откако и аргентинската претседателка Кристина Фернандез и се приклучи на листата на претседатели кај кои бил дијагностициран канцер. ,,Не сакам да обвинувам, но можеби сега по 50 години дознаваме дека Соединетите држави имаат технологија да предизвикаат рак. Чудно е што скоро сите имаме рак,, изјави Чавез. {loadposition content9}

Continue reading

chavez

Докторот што рече дека Чавез има уште две години живот побегна од Венецуела

Post Views: 2 Докторот кој рече дека Хуго Чавез е тешко болен и дека му преостануваат уште две години живот побегна од Венецуела со целото семејство плашејќи се за својот живот.Доктор Салвадор Наварете оваа изјава ја даде минатата недела, велејќи дека венецуелскиот претседател боледува од многу агресивен тип на рак, по што во неговата ординација дошла полиција и ја проверувала целата документација и компјутерите. Наварете кој го лекувал Чавез пред 10 години во интервју за мексиканскиот магазин Миленио рекол дека информацијата за сериозноста на болеста ја добил од семејството на претседателот....

Continue reading

gadafi

Гадафи ќе бара азил во Србија или Хрватска?

Post Views: 1 Членката на преодниот национален совет на Либија Фатима Махмуд изјави дека Моамер Гадафи би можел да побара азил во Чад, Алжир, Венецуела, Хрватска и Србија – објави Танјуг.Таа за „Вечерњи лист“ изјави дека Гадафи е се уште во Либија но го напуштил Триполи.„ Располагаме со информации дека ако не биде уапсен или убиен Гадафи би можел да бара азил во 5 држави со кои има добри односи“ вели Махмуд, наведувајќи дека тоа се Чад, Алжир, Венецуела, Хрватска и Србија. Махмуд вели дека тој со моќни политичари или со официјалната власт од овие земји има добра комуникација и дека...

Continue reading

zabraneta serija

Чавес забрани сапунска серија

Post Views: 9 Претседателот на Венецуела Уго Чавес забрани емитување на колумбиска сапуница во која главни ликови се сестрите Венецуела и Колумбија и кученцето Малиот Уго. Иако во објаснението на серијата „Зла судбина“ стои дека секоја сличност со вистински настани и личности е ненамерна, претседателот се најде навреден од тоа што кученцето го носи неговото име. На Чавес не му се допадна ни тоа што Венецуела е претставена како дрска и полничка жена без манири, која згора на се една од епизодите го губи кучето Уго, а сестра и Колумбија и вели дека и е подобро без него. Чавес пред...

Continue reading

Chavez

Чавез ги отвори портите на претседателската палата за поплавените

Post Views: 2 Претседателот на Венецуела Уго Чавес покани 25 семејства привремено да се населат во претседателската палата откако останаа без домови во поплавите што ја зафатија земјата. Десетици луѓе почина во поплавите, а илјадници беа принудени да ги напуштат домовите по седмиците обилни дождови, кои предизвикаа поплави и свлечишта на земјиштето. Чавес е критикуван дека не успеал да обезбеди нови домови во неговиот 11-годишен мандат, поради што ги отвора вратите од претседателската палата во центарот на Каракас. – Персоналот задолжен за безбедноста има огромна кујна која...

Continue reading

pepsi

Чавес отстрани огромна реклама за „Пепси“

Post Views: 0 Венецуелските власти денеска наложија остранување на џиновска рекламна топка за „Пепси Кола“ која, бидејќи се гледало од речиси сите краеви на градот, била еден од симболите на престолнината Каракас. Оваа рекламна топка со црвено-сина-бела боја, монтирана на врвот на еден облакодер во центарот на Каракас, Владата на претседателот Уго Чавез ја оцени како несакан симбол на капитализмот, кој освен тоа не почитува архитектонски и урбани прописи. Канцеларијата на градоначалникот на Каракс објави дека локалната филијала на фирмата „Пепси“, со која раководи водечката венецуелската...

Continue reading

hugo Chavez

Ако даде господ и на 66 години ќе бидам претседател

Post Views: 5 Претседателот на Венецуела, Уго Чавес на вчерашната церемонија по повод 11-годишнината од неговата власт  изјави дека е подготвен да остане на функцијата и во наредните 11 години.Тој во својот говор како најголеми достигнувања на неговиот мандат ги наведе државната нафтена компанија „Петролеос де Венецуела“ и воскреснувањето социјализмот.“Таа револуција дојде за да владее 900 години и олигарсите и јенките никогаш повеќе нема да владеат со Венецуела. Јас имам 55 години, а по 11 години, ако даде господ ќе имам 66 години и 22 години ќе ја извршувам претседателската функција”-...

Continue reading

Cavez i Putin

Венецуела купува руски ракети со дострел од 300 километри

Post Views: 6 Венецуелскиот претседател Уго Чавес соопшти дека неговата земја ќе купи руски ракети со дострел од 300 километри, согласно повеќето постигнати договори со Москва. -Потпишавме воени договори со Русија. Наскоро малите ракети ќе почнат да пристигнуваат, изјави Чавес по враќањето во Венецуела. Тој, исто така, нагласи дека со Москва преговарал и за купување 100 тенкови од типот „Т-72“ и „Т-90“. – Нема никого да напаѓаме, тоа е само одбранбено средство, бидејќи ќе ја браниме нашата земја од секоја закана, од каде таа и да дојде, објасни венецуелскиот претседател. Чавес...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top