Ознака: април

MikeTyson

И Тајсон ќе стане уметник

Post Views: 5 Поранешниот светски шампион во бокс, Мајк Тајсон кој призна дека се однесувал како „неандерталец”, сака да биде уметник. Мајк Тајсон, поточно, во април на сцената во Лас Вегас ќе го постави својот автобиографски монолог „Мајк Тајсон: неоспорена вистина – во живо на сцената”. „Се надевам дека луѓето ќе се забавуваат, и ќе си заминат среќни. Се надевам дека ќе научат некои работи. Мојата приказна не е убава, во неа има многу грди нешта”, изјави Тајсон кој во 1986 година во својата дваесетта година од животот стана најмладиот светски шампион во тешка...

Continue reading

kocoski

Кочоски сигурен во победата на 7 ми април

Post Views: 0 Барањата на стружани се преточени во проекти. Проекти за сите подеднакво, без разлика на етничка или друга поделба. Тоа го кажа Д- р Владимир Кочоски, заедничкиот кандидат за градоначалник на „Сојузот за Струга“ на денешната прес конференција, која беше посветена на проектите кои се застапени во програмата за развој на Струга и струшко, а истите ќе бидат реализирани после 7 ми април. „Општина Струга мора да си го добие епитетот за најубава и најгостопримлива општина. Во мојата програма не се заборавени руралните средини. И тие како и градот треба да се развиваат подеднакво....

Continue reading

Редовна интерна комуникација од април, преставена како предизборни притисоци од инспектори на ДИЗ

Post Views: 0 Пишува Ване Трајков Објавената информација со наслов „Дали ДИЗ функционира како партиска испостава на СДСМ: По директни усни наредби на активисти на СДСМ се казнуваат откупувачи !“ обвинува за функционирањето на Државниот инспекторат за земјоделие и погрешно ја толкува интерната коресподенција во ова институција насочена кон планот и програмата за работа со тековна динамика. Паралелно се користат и низа констатации во обид да наметне мислење кај читателите, дека инспекторите работата по налог на Зоран Заев и СДСМ без да приложи соодветни докази, изјави или ставови, посебно...

Continue reading

markiranje

Во недела ќе се „маркира“ палецот од левата рака

Post Views: 2 Државната изборна комисија донесе посебно Упатство за гласање на Претседателските и на предвремените Парламентарни избори на 27. април 2014 година во кое е прецизирано дека обележувањето на гласачите со маркер ќе се врши на палецот од левата рака. За непречена реализација на изборите, ова упатство е испратено до општинските изборни комисии во Република Македонија и до сите избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва, односно конзуларните канцеларии во трите изборни единици во странство, соопштува ДИК. {loadposition con...

Continue reading

carina

Ден на македонската царина

Post Views: 1 Царинската управа одржа свеченост по повод својот празник – 14 април, на која беа презентирани нејзините активности во изминатата 2013 година. За време на свеченоста особено внимание се посвети на примената на концептот на Овластен економски оператор и досега постигнатите резултати од имплементацијата на Новиот компјутеризиран транзитен систем. Прикажан беше и краток спот во кој ќе бидат презентирани активностите, што како општествено одговорна институција, ги превзема Царинската управа во борбата против трговијата со наркотици. {loadposition content9}

Continue reading

logo

Вториот ден на Велигден неработен за сите граѓани на РМ, Велики Петок за граѓаните од православна вероисповед

Post Views: 26 Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 21 април, 2014 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед и на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден. Велики Петок неработен ден за граѓаните од православна...

Continue reading

kandidati

Од вечерва на полноќ започнува предизборниот молк

Post Views: 6   Првиот круг од претседателските избори е в недела (13 април 2014 година).  Четворица кандидати претендираат за претседателската фотеља, Ѓорѓе Иванов, кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Стево Пендаровски, кандидат подржан од СДСМ, Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ и Илијаз Халими, кандидат за претседател на ДПА. По 20 дена кампања зад нас, неколку анкети, сега на потег се граѓаните, во недела од 07 до 19 часот сите се рамноправни, зад параванот каде никој не гледа, самостојно граѓаните на Македонија ќе можат да го дадат својот глас за оној кои изминативе три недели...

Continue reading

voz

Ден на македонските железничари

Post Views: 4 На 9-ти април  далечната 1873 година од Солун во Велес пристигна првиот воз. Од тој ден 9-ти Април е прогласен за ден на македонските железничари. Во летото 1916 почнува со изградба линијата Ханриево – Охрид преку тетово, Гостивар, Кичево со крак према Струга и Ташмаруништа но пругата е теснолинејка или наречена „пампур“ или „чајниче“. Во 1923 се поврзува пругата Генерал Ханрис (денешно Ѓорче Петров) – Охрид со Скопје, односно пругата била продолжена од Ханриево до „Мала станица“. Во 1937 година почнува изградбата на новата железничка станица во Скопје која трае...

Continue reading

logo

Денес се одбележува Светскиот ден на ромите

Post Views: 1 Партијата Демократски сили на Ромите, огранок Охрид по повод 8-ми Април Светскиот ден на Ромите и Државен празник во Република Македонија, на сите Роми им го честита празникот со желба за побрза интеграција во општествениот систем, подигнување на образовната и културна свест, намалување на сиромаштијата и севкупниот просперитет на Ромите во Р.Македонија. КРАТОК  ИСТОРИЈАТ ЗА РОМИТЕ           Ромите живеат во сите земји на Европа. Според проценките на современите истражувачи, нивнито број во Европа се движи помеѓу 12 – 15 милиони. Од нив околу 70% жиеват во земјите...

Continue reading

logo

Денес се одбележува Светскиот ден на здравјето

Post Views: 5 Под мотото „Болести кои се пренесуваат преку вектори или вектор преносливи болести“ со напомена „Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април, Светски ден на здравјето. Светската здравствена организација препорачува дека потребна е контрола на векторите или преносителите кои се живи организми (комарци, крлежи, песочни муви, болви) или нивно уништување, превенција на болести и ограничување на нивно ширење во вид на епидемија. По повод Светскиот ден на здравјето, Министерството за здравство организира бесплатни превентивни прегледи во сите градови во државата. За...

Continue reading

plocajci

7 000 полицајци за мирни избори

Post Views: 12 Околу 7000 полициски службеници ќе го одржуваат јавниот ред и мир на денот на изборите на 13 април информираат од Mинистерството за внатрешни работи. Министерската Гордана Јанкуловска вели дека оперативниот штаб е подготвен да одговори на парламентарните избори, а во досега спроведената кампања за претседателските избори учествувале 800 полицајци кои обезбедиле 67 митинзи и 33 средби со граѓани. {loadposition content9}

Continue reading

logo

Утре почнува кампањата за предвремените парламентарни избори

Post Views: 1 Утре почнува кампањата за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 27 април. Државната изборна комисија (ДИК) одлучи кампањата да биде прекината на 12 и 13 април, поради првиот круг од претседателските избори.Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии. ВМРО-ДПМНЕ кампањата ќе ја започне утре со митинг во Скопје, СДСМ со Конвенција во Скопје во недела, ДУИ веќе одржа конвенција за промоција на кандидатите, а ГРОМ во недела во Куманово...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top