Младите во училиштата стануваат се поагресивни
Post Views: 0
Агресивноста на тинејџерите се повеќе доаѓа до израз. Сведоци сме на зачестените насилни сцени во училиштата низ земјава. Притиснати од социјалните прилики, младите се повеќе проблемите ги решаваат со насилство. Прашањето е, каде да се бара одговорноста?
Сцени како во холивудските филмови, малолетни деца физички се пресметуваат со свои врсници, а не ретко во пресметките се употребува и ладно оружје. Најсвежи примери се инцидентите кои се случија во границите на двете средни училишта „Браќа Миладиновци“ во Драчево и „Коле Неделкоски“ во Велес каде со нож беа прободени...