Ознака: НП

vmro-np

Државата е лош стопан – обвинуваат од ВМРО–НП

Post Views: 1 Три години туристичкиот комплекс Св. Наум потсетува на Дивиот запад. Ова е заклучок на претседателот на ВМРО – НП. Ванчо Костоски на денешната прес конференција  рече дека најелитното место на охридската ревиера се соочува со состојби непожелни за туристите, почнувајќи од паркинг просторот, влезот, плажата и импровизираните тезги. Тој го лоцира и виновникот поради ваквата состојба. Костоски потенцира дека досега во неколку наврати како партиско тело и сугерирале на Владата овој комплекс да го врати на НП „Галичица“, бидејќи тие имале одличен проект за да го уредат овој...

Continue reading

vmro-np

ВМРО–НП се подготвува за предвремени избори

Post Views: 1 Обраќање на седницата на Централниот комитет на ВМРО НП имаше експремиерот Љубчо Георгиевски.Tој предупреди, доколку и  натаму се игнорираат економските проблеми, сиромаштијата во Македонија ќе се продлабочи, што може да доведе до нова мултиетничка криза. Според Георгиевски, светската економска криза нема да заврши во 2010, ниту во 2011, туку евентуално во 2012 година. Тој смета дека тешката економска состојба е најголема закана по стабилноста на земјата. Исто така, новите конфликти и жаришта во светот ќе влијаат врз стабилноста на регионот, па од  суштинско значење...

Continue reading

logo

Оставки на членовите на комисијата, бараат од ВМРО НП

Post Views: 4 Политичките притисоци и пазарења кои постоеја во текот на работата на „Комисијата за одбележување празници и манифестации“ треба да бидат санкционирани, велат од ВМРО НП. Кон серијата обвиненија на сметка на доделените „Светиклиментови награди“, денеска се приклучија и членовите на ВМРО НП. Тие ги изнесоа своите ставови и забелешки по однос на одлуката донесена од страна на „Комисијата за одбележување празници и манифестации“ при советот на Општина Охрид. Забелешките во најголема мера се донесуваат на начинот, постапката и изборот на  добитник на наградата Патрон на...

Continue reading

Пуштен во употреба новиот информативен центар на НП Галичица

Post Views: 5 Драгоцен камен на НП Глаичица. Вака, претставниците на италијанската амбасада го нарекоа новиот информативнен центар, кој денеска и официјално беше пуштен во употреба на Националниот парк. Центарот се градеше некаде околу 7 месеци, со средства во износ од околу 200 000 евра донација од италијанската амбасада. Според изјавите на првиот човек на паркот Зоран Ангелоски во иднина, тука предвидено е да бидат сместени канцалариите на НП Галичица, и уреден дел за посетители. Но новина е, што на ова место, предвиден е ресторан со македонски специјалитети и ботаничка градина...

Continue reading

Св.Наум

Националаниот Парк Галичица, ќе си го добие имотот на Св.Наум

Post Views: 3 Првиот човек на паркот најавува дека Министерството за животна средина издало налог до владата,  корисничкото право имотот во Св Наум да му се врати на паркот. Според најавите на првиот човек на НП Галичица Зоран Ангелоски, долгите судски натегања, позитивно ќе резултираат. Она што им беше одземено плажата, паркингот и ресторанскиот комплекс ќе оди во сигурни раце кај првобитниот сопственик.„Тоа земјиште ни  беше одземено под непознати околности“ вели директорот на НП, Зоран Ангеловски. „Земјиштето беше одземено без никаква најава. Во моментов како Јавна Установа имаме...

Continue reading

logo

Нова иницијатива на охридскиот огранок на ВМРО-НП

Post Views: 1 Ослободување од наплата на 20 метри кубни вода за пиење, канализација и колектор на семејствата кои имаат членови од детска церебрална парализа и на социјалните семејства кои имаат инвалидизирани лица. Две целни групи од социјалната сфера на живеење на граѓани на Охрид опфатени со новата иницијатива на ВМРО-НП. Имено, група советници на оваа партија бараат од градоначалникот Петрески и охридските советници, семејствата кои имаат членови заболени од церебрална парализа и инвалидизирани лица да бидат ослободени од наплата на 20 метри кубни вода за пиење, канализација...

Continue reading

logo

НП „Галичица“ ќе се модернизира

Post Views: 3 Прва експертска мисија на претставници од меѓународната унија за заштита на природата во НП „Галичица“. Таа е во рамките на три-годишниот проект „Поддршка на НП „Галичица“, за трансформација на паркот во модерен. НП „Галичица“, во завршна фаза на палнот за десет годишно управување. За таа цел поканети биле и претставниците на меѓународната унија за заштита на природата. Нивната мисија се состои во изнаоѓање на прагматични решенија за се поголемиот притисок врз животната средина и развојните предизвици, како и поддршка на научните истражувања. Оваа унија важи за најстара...

Continue reading

Vlado Cvetkovski

Владо Цветкоски преминува во ВМРО-НП

Post Views: 0 Цветкоски  гледа можност да ги исполни своите предизборни ветувања дадени на граѓаните во политичката опција на ВМРО-НП.  Ова е уште еден доказ оти луѓето веруваат во она што го нуди оваа партија, вели претседателот на партијата. Политика на долги патеки. Тоа е главната причина заради која независниот советник Владо Цветковски заедно со неговите симпатизери се припојуваат кон ВМРО-НП. Цветкоски изјави, дека неговото преминување во ВМРО-НП ќе придонесе за зацврстување на единството во партијата која работи на принципот на еднаквост и максимално меѓусебно почитување.Инаку,...

Continue reading

logo

Поставен камен-темелник

Post Views: 0 Поставен камен темелник на нов Деловно-информативен центар на Н.П “Галичица“. Главен донатор на овој проект е италијанското министерство за надворешни работи. Директорот на НП “Галичица” кажа дека во новиот објект ќе бидат сместени сите културни и природни вредности на Галичица,како и национален ресторан.Новиот информативен центар е над Билјанини Извори,во близина на Патеката на франкофонијата. Објектот ќе  чини околу 200 илјади евра,а е финансиран од Министерството за надворешни работи на Италија.Помош во неговата изградба даде Владата на Македонија...

Continue reading

logo

Коцката е фрлена

Post Views: 10 „Коцката е фрлена пред нас и враќање назад нема“ рече градоначалничкиот кандидат на ВМРО НП, Томе Гиноски. На последната прес конференција, од ВМРО НП истакнаа дека останале доследни на принципите и во текот на 20 дена го поминале целиот регион на Охрид. „Водевме скромна и решителна промотивна кампања. Коцката е фрлена пред нас и враќање назад нема“ подвлече Томе Гиноски, кандидат за градоначалник  од оваа партија. На овие локaлни избори ВМРО НП излезе со подмладена и квалитетна екипа, потенцираше носителот на советничката  листа број 19, Јоне Станкоски и додаде дека...

Continue reading

logo

ВМРО-НП во Охрид очекува победа

Post Views: 4 Додовски  истакна дека се врши невиден притисок од владеачката гарнитура врз нивните членови и дека не се бираат средства за да се намали нивното влијание.Од оваа партија досегашната кампања ја отценуваат како не фер и недомкратска. Тоа го покажуваат силните притисоци врз граѓаните и  и заплашувањата до вработените во јавната администрација ако не соберат минимум 20 гласови за ДПМНЕ , ќе останат без своите рботни места кажува Додовски. Притисокот се поткрепува и со испишаните графити врз семејната куќа на градоначалничкиот кандидат  Гиноски. Тој бара од  полицијата...

Continue reading

logo

ВМРО- НП верува во победа на претстојните локални избори

Post Views: 35 ВМРО- Народна партија денес и официјално го промовира кандидатот за градоначалник со кој влегува во трката за градоначалничката фотелја на претстојните локални избори. „Со д- р Томе Гиноски како кандидат се надеваме на сигурна победа“ , рече претседателот на општинскиот комитет, Ванчо Костоски и додаде: „ Станува збор за сериозен човек, чесен, признат во својата професија“. Како што рече Гиноски во своето обраќање до јавноста, ќе се фокусира на две основни теми од градското живеење. Тоа се: подобар живот и социјална благосостојба на своите сограѓани. Од ВМРО- НП велат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top