Ознака: нови

А.Д „ГАЛЕБ“ со нови линии

Post Views: 18 Еден од најстарите автопревозници, А.Д. „Галеб“, воведува нови линии за Албанија, Црна Гора и Србија. А.Д. Галеб воведува нови линии кон Саранда и Ксамил, Република Албанија почнувајќи од денес секој втор ден, а кон Валона и Драч од 16.06.2016 секој втор ден. Од 01.07.2016 година стартува новата линија Охрид – Нови Сад која ќе се одржува секој ден. Поаѓањето е од Охрид во 12:00 часот. Од Нови Сад тргнувањето е во 08:30 часот. За Валона стартува летниот режим на линијата која ќе се одржува секој втор ден. АД ГАЛЕБ воведува автобуска линија за црногорското приморје...

Continue reading

vtor krug Debrca Struga

Дебрца и Струга ги добија своите нови градоначалници

Post Views: 2 Вториот круг од Локалните избори 2013 година донесе и нови градоначалници во општините Дебрца и Струга. По 16 години владеење на досегашниот градоначалник, Љупчо Којчиноски, во Дебрца победа забележа Игор Трајкоски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. По пребројувањето на гласовите од 28те избирачки места во Дебрца, со 172 гласа предност пред неговиот противкандидат Којчиноски, Трајкоски беше изгласан за нов градоначалник на Дебрца. Инаку тој освои 1822 гласови или 51.59 % од гласовите, додека Којчиноски освои 1650 или 46.72 % од гласовите. Во вториот...

Continue reading

avtobuski postojki

Автобуски постојки по светски терк

Post Views: 1 Мала но значајна инвестиција. Во Струга се реновираат автобуските постојки. Теретот за средствата на инвестицијата е поделен на два дела. Еден дел ќе плати Локалната, а друг Прокредит Банка. Нов изглед на автобуските постојки во Струга. На осум локации во општината, се реновираат автобуските постојки. Иницијативата е на Прокредит Банка, а реализацијата заедничка, на Локалната и на Банката, вели Владислав Жупан, советник за проекти при Општина Струга. „ Веќе подолго време имавме проблем со автобуските постојки во општина Струга. Истите беа комплетно девастирани и требаше...

Continue reading

Нови книги за читателската публика

Post Views: 0 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид континурано ја следи најновата издавачка продукција во земјава, ги купува и обработува најбараните дела од областа на белетристиката. Оваа среда ви предлагаат уште осум нови книги и веруваат дека истите ќе имаат огромна читателска публика. Оваа мини топ листа од книги на кое не е важно местото изгледа вака: „Зулејха ги отвора очите“ и „Децата на Волга“ обете од Гузел Јахина и „Збогум“ од Ајше Кулин. Следат: „Дабот се’ уште е тука“ од Софија Лундберј и „Пламен на страста“ од Хана Филдинг. Не помалку интересни се и: „Модар накит“...

Continue reading

Горивата со нови цени

Post Views: 4 Од вечерва на полноќ, цената на горивата се зголемува за половина до еден денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваа за половина деанар и ќе изнесуваат 63,5, денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапуваат за еден денар по литар и ќе чинат 61,5 односно 53,5 денари за литар.

Continue reading

Центарот за обука на пилоти бара нови регрути за потребите на АРМ

Post Views: 2 Центарот за обука на пилоти бара нови регрути. Можеби нечија детска желба да се лета во височините многу лесно би можела да стане реалност. Слично како што се случило за пилотот Весна Петреска. Таа вели дека адреналинот и погледот од височина кој е уникатен и биле одсекогаш предизвик и неостварена желба. Кога се пријавила на огласот не верувала дека може да стигне до таму каде што се наоѓа сега, но вели дека со упорност и желба се се може. Петреска вели дека обуката доста бара од кандидатите, но дека нема некакви стереотипи дека женско не може да биде пилот, додава дека...

Continue reading

dislike

„Dislike” копчето нема да се случи

Post Views: 3 Социјалната мрежа Фејсбук во иднина нема да го додаде долго очекуваното “dislike” копче, вели инженерот задолжен за нови производи Боб Болдвин. Boldvin кој работел на бројни популарни опции на Фејсбук, отворено зборува за фамозното “dislike” копче. Сите активности на Фејсбук се фокусирани на позитивните реакции од луѓето. Like копчето претставува најлесен начин за изразување на позитивните чувства. Додавањето на копче за изразување на негативните ставови не е од голема вредност за корисниците. Марк Зукерберг неодамна изјавил дека корисниците би...

Continue reading

logo

Продолжува поддршката на развојот на руралните средини

Post Views: 6 Со средства во износ од 15 милиони евра Владата ќе поддржи отворање нови или проширување на постојните семејни бизниси во руралните средини. Поддршката на Владата ќе се доделува за бизниси од областа на земјоделското производство, алтернативно земјоделско производство, занаетчиство, туризам и услужни дејности. Како што појасни на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, средствата на Владата ќе бидат наменети за покривање на 50 проценти од инвестицијата за отворање или развој на семејните бизниси. Најмала инвестиција за која граѓаните ќе...

Continue reading

Нови мопеди за охридските поштари

Post Views: 1   Нови мопеди за побрза и поквалитетна достава на пратките. Македонски пошти набави 120 мопеди наменети за достава на поштенски пратки. Мопедите се со препознатлива жолта боја со странично поставени сандачиња за багаж, прицврстени на задниот дел, кој овозможува пренесување на пратки со максимална тежина до 30 килограми. Охридската подружница најверојатно ќе добие околу десеттина, открива првиот човек Сејфула Хани. Целта е задоволни корисници а со тоа и успешна компанија, додава тој. Хани нагласи дека овој чекор на Македонски пошти посебно ќе ги израдува разнесувачите...

Continue reading

sdsm

Неповратна финансиска помош за домашните фирми, двојно зголемување на социјалната помош, изградба на нови студентски домови за младите

Post Views: 4 Обезбедување на подобар живот кој ќе им даде надеж и желба на младите да останат во Македонија. Отворање на работни места на кои ќе се исплаќаат плати со кои вистински може да се издржува семејството, поддршка за домашните фирми, гасификација на државата, стимулација на фирмите да исплаќаат повисоки плати на работниците. Ова се само дел од целите на програмата на СДСМ за предвремените парламентарни избори а кои синоќа беа презентирани пред охриѓани. Една од клучните реформи кои тие ги предлагаат, според потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска е финансиска инекција...

Continue reading

ucilishte Ibraim Temo

Наместо нова зграда – нови училници

Post Views: 16 Во Струга започна изградбата на нови училници во Гимназијата Ибраим Темо, со што ќе се реши просторниот проблем со кој години наназад се соочуваше ова средно училиште. Договорот помеѓу изведувачот, инвеститорот и училиштетот се потпишани.Со проектот е предвидено да бидат изградени шест нови училници. „ Беше тешко, посебно во три дена во неделата  кога имавме изборни предмети. Тогаш оние деца кои ќе беа на физичко, останатите ги користа нивните училници“, вели директор на гимназија Ибраим Темо, Урим Крка. На средишниот дел на зградата ќе биде направена надградба, додека...

Continue reading

Нови интересни наслови во Градската Библиотека

Post Views: 0 Најновиот избор од нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ го сочинуваат осум наслови во издание на Топер и Антолог. „Девојките од песочниот замок“ од Крис Бохџалијан, „Остров“ од Дмитриј Орехов. Следуваат романите: „Господинот“ од Е.Л.Џејмс и „Прашалникот е половина срце“ и „Црвениот адресар обете“ од Софија Лундберј. На пултот за издавање побарајте ги и „Убиство со монограм“ од Софи Хана, „Ослободување“ од Ирса Сигурдардотир и „Без своја земја“ од Ајше Кулин. Пултот за издавање до 1 септември работи од понеделник до петок од 8 и 30 до 16 часот. Годишната членарина...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top