Вакцините не се експериментани, а уште помалку опасни по здравјето на луѓето. Постојат научни студии дека вакцините против ковид-19 се ефикасни, досега не е најдена последична врска помеѓу вакцинацијата и смртните случаи.
Вакцините не се експериментани, а уште помалку опасни по здравјето на луѓето. Постојат научни студии дека вакцините против ковид-19 се ефикасни, досега не е најдена последична врска помеѓу вакцинацијата и смртните случаи. Процентот на вакцинирани граѓани секојдневно се менува, бидејќи процесот на имунизација е во тек. Од неодмана започна и теренска вакцинација во руралните и непристапните средини во земјава. Во МАЛМЕД не е пристигната ниту една пријава на несакана реакција со смртен исход за која е утврдена причинско-последична поврзаност со вакцинацијата во земјава. Сите пријавени случаи се однесуваат на очекувана реакција после вакцина – болка во раката, покачена телесна температура или омалакст.
Во пост на Фејсбук изнесени се низа дезинформации дека вакцините се опасни и предизвикуваат смртност и повреди.
Авторот на постот пишува:
За среќа, повеќето луѓе пет пари не даваат за вакви “науки”, па не дозволуваат да им вбризгуваат непознати експериментални (и докажано опасни) состојки во телата.
Ова е потполно неточно. Впрочем, постојат научни студии дека вакцините против ковид-19 се ефикасни. Во клиничките студии докажана е ефикасност за превенција на инфекција со САРС-Ков2, резултатите од праксата се охрабрувачки, само по првата доза се намалува ризикот за хоспитализација или тешка форма на болеста.
Вакцините не се експериментални, а уште помалку опасни по здравјето на луѓето. Експерти од повеќе здравствени институции засега немаат најдено последична врска помеѓу вакцинацијата и смртните случаи. За да бидат одобрени за употреба, вакцините против КОВИД-19 мора да ги исполнуваат највисоките стандарди за безбедност и делотворност. Иако беа развиени во рекордно време, во овој процес, системите за тестирање, проценка на резултатите и одобрување на вакцината не беа помалку ригорозни.
Понатаму во постот стои:
Коефициентот во Македонија, дечки, кажува дека не се вакцинирани околу 85% умни граѓани…
И ова тврдење е неточно. Прво, процентот на вакцинирани граѓани секојдневно се менува, бидејќи процесот на имунизација е во тек. Потоа, во вкупниот процент невакцинирни (нека се и 85 отсто) има деца под 18 години. За оние над 12 години, вакцинирањето тукушто започна, така што очекувано е тие сè уште да не се вакцинирани, а за оние под 12 години вакцинација не е ни можна. Исто така, има и лица кои се иселени или се на привремен престој во странство, а влегуваат во вкупниот број на населението, и, секако, можно е да се вакцинирани во државите каде што живеат.
Факт е дека секојдневно се зголемува интересот за вакцинација кај граѓаните. Од неодмана започна и теренска вакцинација во руралните и непристапните средини во земјава.
Според последните официјални информации од министерот Венко Филипче дневно се вакцинираат и ревакцинираат околу 15.000 граѓани. Конечно, 58 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина.
Така што, ваквата споредба е сосема несоодветна и неточна.
На крајот постот завршува со прашање – констатација:
Зошто не го објавите коефициентот на смртност и повреди од ињекциите ширум светот? Достапен е насекаде.
И овие наводи се неточни, со цел да се манипулираат читателите. Таков „коефициент“ воопшто не постои. Во интернет просторот има некои бази на податоци, каде што вакцинираните наводно самите пријавуваат несакани реакции, но тие бази на податоци не се проверени, односно наводите во нив не може да се сметаат за релевантни.
Научните студии на реномирани здравствени институции го тврдат спротивното, имаат докази и факти дека вакцината против ковид-19 спречила илјадници смртни случаи.
Досега во МАЛМЕД не е пристигната ниту една пријава на несакана реакција со смртен исход за која е утврдена причинско-последична поврзаност со вакцинацијата во земјава. Сите пријавени случаи се однесуваат на очекувана реакција после вакцина, а тоа е болка во раката, покачена телесна температура или омалаксаност.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град