Со вакцините против ковид не се модифицира геномот на личноста

Наспроти тврдењата во постот , во вакцините против ковид-19, нема мРНК модифицирачка трансхуманистичка нанотехнологија. мРНК технологијата потекнува од 1990, иако сега за првпат се користи во широкоупотребувани вакцини. Во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, мРНК се наоѓа во ,,липидна капсула” или попрецизно, во обвивка од масти, која е опишана како наночестичка. Префиксот ,,нано” само значи дека е мала, а не дека е нанотехнологија. мРНК вакцините не користат наноротботска технологија. Присуството на наночестички во ковид вакцините не значи дека тие може да содржат мали роботи или компјутери.

 |   | 

Наспроти тврдењата во постот , во вакцините против ковид-19, нема мРНК модифицирачка трансхуманистичка нанотехнологија. мРНК технологијата потекнува од 1990, иако сега за првпат се користи во широкоупотребувани вакцини. Во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, мРНК се наоѓа во ,,липидна капсула” или попрецизно, во обвивка од масти, која е опишана како наночестичка. Префиксот ,,нано” само значи дека е мала, а не дека е нанотехнологија. мРНК вакцините не користат наноротботска технологија. Присуството на наночестички во ковид вакцините не значи дека тие може да содржат мали роботи или компјутери.

Месеци по почетокот на вакцинацијата,  сè уште се актуелни старите теории на заговор кои немаат врска со реалноста. Во постот што го рецензираме се тврди дека ,,со вакцините против аденовирус (коронавирус н.з), ќе го модифицирате геномот на личноста, по што таа станува трансчовечка личност”. Според нелогичните тврдења во постот, личноста којашто била вакцинирана веќе не е човек, туку трансчовечка личност (?!), а нејзин сопственик е носителот на патентот!

Особено драматично е што се работи за трансчовечка личност и веќе не се препознава како човек, според нам познатите човекови права. Ситуацијата е многу сериозна и имам чувство дека луѓето тешко ја сфаќаат сериозноста со која се соочуваме. Вакцинацијата не само што предизвикува маса на фатални болести, туку и фактот дека преживеаните имаат модифициран геном. Оваа модификација се пренесува на нивните потомци. Бидејќи нивниот геном е модифициран, оваа модификација е патентирана и се што е патентирано му припаѓа на носителот на патентот. Човечкиот вид е сериозно загрозен, одбивајте вакцини по секоја цена,  панично се апелира во оваа објава на Фејсбук.

Во вакцините против ковид-19, нема мРНК модифицирачка трансхуманистичка нанотехнологија.

Ниедна од вакцините не содржи нанотехнологија, а уште помалку за трансхуманизам. Тоа не ни постои, изјави Марк Линас, професор на Корнел Универзитетот за Политифакт.

мРНК не ја модифицира човековата ДНК или рибонуклеинската киселина

мРНК, рибонуклеинската киселина, е молекула слична на ДНК која ги носи кодираните генетски информации до клетката. „Фајзер“ и „Модерна“ ковид вакцините користат мРНК за да се однесат генетски информации за коронавирусот до клетката на телото, за да се научи имуниот систем да ги идентификува и да се бори против ковид-19 инфекцијата. 

мРНК технологијата потекнува од 1990, иако сега за првпат се користи во широкоупотребувани вакцини. Во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, мРНК се наоѓа во ,,липидна капсула” или попрецизно, во обвивка од масти, која е опишана како наночестичка. Префиксот ,,нано” само значи дека е мала, а не дека е нанотехнологија.

Иако терминот нано се користи за да се наметне дека нанотехнологија се користи за да ја модифицира вашата РНК, тоа е комплетно лажно. мРНК во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ нема никаков ефект на ДНК или РНК на човекот и не станува составен и траен дел од клетката, вели Синди Принс, професрока по епидемиологија на Универзитетот во Флорида

Трансхуманизмот е верување дека може да се промени и да се подобри човековото тело со технологија.

Има луѓе кои веруваат дека треба да се воведе човековата свесност врз компјутерите, но тие се маргинализирана група и немаат ништо со создавачите на вакцините. Јас сум вакцинирана и можам да гарантирам дека единствената модификација што ја имам е имунитет против ковид-19, вели Принс.

мРНК вакцините не користат наноротботска технологија. Присуството на наночестички во ковид вакцините не значи дека тие може да содржат мали роботи или компјутери.

По вакцинацијата луѓето остануваат луѓе и не стануваат никаква сопственост на патент! Човекот што ќе се вакцинира останува човек, исто како и невакцинираниот, а не трансчовечка личност, што и да значи тоа.

мРНК од вакцините не останува во човековото тело засекогаш, туку се разградува и телото се ослободува од него за најмногу 72 часа.

Нема докази дека на луѓето кои се вакцинирани ниту сега, ниту во иднина ќе им бидат одземани човековите права. Ова лажно тврдење најверојатно се темели на погрешното разбирање на науката користена во развојот и дејствувањето на ковид-19 вакцините.

Во врска со ова сервисот за проверка на факти на „Ројтерс“ во март оваа година напиша:

Во мРНК вакцините наместо да се користи мртов вирус, се тренира имуниот систем со единечен протеин. Спротивно на лажните тврдења, нема да ве претвори во ГМО, не навлегува во јадрото на клетките на телото, не доаѓа до интеракција со вашата ДНК и не може да предизвика промена на геномот, напиша Марк Линас, во текст на Cornell Alliance for Science во декември 2020 година

Поради сите горенаведени аргументи, оценуваме дека е лажно тврдењето изнесено во постот, дека со ковид вакцината ќе се модифицира геномот на личноста, по што таа ќе ги загуби основните човекови права, истиот геном ќе го пренесува на потомството и ќе биде сопственост на сопственикот на патентот.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top