Сеуште нема лек за дијабетес што ќе ве излекува за еден ден

Не е точно дека дијабетесот може да се излечи за еден ден, сите „рецепти“ што ги објавуваат некои медиуми се непроверени и читателите треба да се консултираат со лекар доколку одлучат да ги користат. Досега здравствените установи во земјата но и меѓународните не прогласиле лек за дијабетес, пишува Порталб.мк.

 |   | 

Не е точно дека дијабетесот може да се излечи за еден ден, сите „рецепти“ што ги објавуваат некои медиуми се непроверени и читателите треба да се консултираат со лекар доколку одлучат да ги користат. Досега здравствените установи во земјата но и меѓународните не прогласиле лек за дијабетес, пишува Порталб.мк.

Од Ардит Рамадани

Насловот на оваа вест е многу надежен за сите кои боледуваат од дијабетес, и додека новинарот објавил вест која е поврзана со здравјето, тој не ја проверил кај здравствените институции во земјава.

„Збогум Инсулин..!? Докторот од Каменица: Дијабетесот се лечи за еден ден..!?“ е насловот на веста што ја рецензираме.

Потоа, авторот на веста цитира доктор од Каменица, кој според истата, изјавил дека болеста на еден вид дијабетес, тип 2, се лечи за еден ден со помош на научна иновација во метаболичката хирургија.

„Збогум Инсулин..!? Докторот од Каменица: Дијабетесот се лечи за еден ден..!? Преку објава на Фејсбук, хирургот од Каменица, Арбер Морина тврди дека дијабетес мелитус тип 2 и морбидната дебелина можат да се излечат преку научни иновации во метаболичката хирургија“, пишува во веста што ја рецензираме.

Пред да објави ваква изјава, новинарот, дури и ако лицето на кое се повикува е лекар, требало да контактира со најмалку два други извори за да ја потврди автентичноста, имајќи ја во предвид чувствителноста на темата.

Научните податоци се во спротивност со ова тврдење

На веб-страницата на Центар за превенција и контрола на болести во САД јасно е наведено дека лек за дијабетес сè уште нема, иако јасно стои дека оваа болест може да се контролира.

„Сè уште нема лек за дијабетес, но слабеењето, јадењето здрава храна и активниот може да помогнат. Земањето лекови по потреба, едукацијата и поддршката за само-менаџирање со дијабетесот и посетите на лекар може да го намалат влијанието на дијабетесот врз вашиот живот“, пишува на веб-страницата на Центарот за превенција и контрола на болести во САД.

И на веб-страницата на Институтот за јавно здравје на Северна Македонија не пишува за никаков можен лек за дијабетес, туку само за формата на лекување на болеста, за која се предвидува дека до 2030 година ќе се најде на листата на водечки причини за смрт.

Според Институтот, ова е начинот како се третира дијабетесот во земјата:

Дијагноза и терапија

Раната дијагноза може да се постави преку анализи на крвта. Третманот на дијабетес вклучува намалување на нивото на шеќер во крвта и други фактори на ризик кои ги оштетуваат крвните садови. Откажувањето од пушење е исто толку важно за да се избегнат здравствени компликации. Интервенциите, кои се прават за намалување на трошоците што може да се спроведат во земјите во развој, се:

  • Контрола на гликоза во крвта. Луѓето со дијабетес тип 1 имаат потреба од инсулин. Луѓето со дијабетес тип 2 може да се лекуваат со орални лекови, но можеби ќе треба да користат и инсулин.
  • Контрола на крвниот притисок;
  • Грижа за нозете.

Други интервенции за намалување на трошоците вклучуваат:

  • Скрининг и третман на ретинопатија (што предизвикува слепило);
  • Контрола на мастите во крвта (регулирање на нивото на холестерол);
  • Скрининг за откривање на рани знаци на дијабетес поврзани со бубрежни болест.

Инаку, иако се користи професијата на лицето кое го тврдело горенаведеното, со цел веста да биде што поверодостојна, читателите треба да внимаваат кога ќе наидат на „лекови“ на социјалните мрежи. Авторот, во овој случај, користел селективни докази а ги занемарил научните докази, објавени на официјалните веб-страници на локалните и меѓународните здравствени институции. Исто така, бидејќи се работи за чувствителна тема, авторот на веста креирал сензационалистички наслов со што манипулира со чувствата на луѓето кои навистина имаат потреба да се излечат од оваа болест.

 


Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top