Новите препораки од Центарот за контрола и превенција на болести на САД, не значат дека ПЦР тестот досега не бил ефективен , како што се тврди во постот, туку се препорачува воведување на нови тестови кои можат во исто време да откриваат и Сарс Ков 2 и инфлуенца. Значи, да бидат за два вируси, наместо само за ковид.
Новите препораки од Центарот за контрола и превенција на болести на САД, не значат дека ПЦР тестот досега не бил ефективен , како што се тврди во постот, туку се препорачува воведување на нови тестови кои можат во исто време да откриваат и Сарс Ков 2 и инфлуенца. Значи, да бидат за два вируси, наместо само за ковид.
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е изнесена дезинформација во поглед на употребата на ПЦР тестот за детектирање на коронавирусот.
Во постот се споделува линк кој води до текст објавен на сајт кој е познат по ширење дезинформации и антивакцинални наративи. Во текстот се тврди дека американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) го отфрла ПЦР тестот. Во текстот, исто така, се проблематизираат досегашните откриени случаи на ковид-19 во светски рамки, кои беше можно да бидат откриени единствено преку овој тест. Истовремено, се поставува прашањето како може мерките против ковид да бидат релевантни кога станува збор за тест, кој, наводно, се отфрла од ЦДЦ. На ваков начин се инсинуира дека пандемијата со коронавирусот не е базирана на реални инфекции, туку на инфекции дијагностицирани со несоодветен механизам, односно несоодветен ПЦР тест.
Но, новите препораки од Центарот за контрола и превенција на болести на САД, не значат дека ПЦР тестот досега не бил ефективен, како што се тврди во постот, туку дека агенцијата препорачува воведување на нови тестови, кои можат во исто време да откриваат и Сарс Ков 2 и инфлуенца. Значи, да бидат за два вируси, наместо само за ковид.
Значи, препораката е да се транзитира кон употреба на тест кој може да дијагностицира два вируси одеднаш, а причината за ова е зашто на таков начин ќе се овозможи континуирано тестирање и за инфлуенца и за ковид, за да се заштедат и време и ресурси во екот на сезоната на грипот која претстои. Деталите за овој тест може да се погледнат на следниот линк.
Портпаролката на ЦДЦ, Јасмин Рид, за „Ројтерс“ изјави дека ковид-19 панелот користен за дијагностицирање извршил важна улога во моментот кога бил развиен и не демонстрирал никакви проблеми во поглед на перформансите.
Барањето за овој тест опадна со појавата на други тестови. Центарот за контрола и превенција на болести ги охрабрува лабораториите да прифатат нов кит за тестирање за да ги опсервираат и сарс ков 2 и инфлуенцата, за да се заштеди и време и ресурси, изјави Рид за „Ројтерс“.
За проверувачите на факти на Фулфект, пак, таа додава дека одлуката да се повлече барањето за итна употреба и авторизација на поранешниот кит за тестирање воопшто не се должи на проблеми со дијагностичкиот перформанс на ПЦР тестот. Едноставно, по првичниот, и други ПЦР тестови станале достапни и произведени од комерцијалните производители.
Да биде иронијата на манипулацијата во постот поголема, новиот тест што го предлага Центарот за контрола и превенција на болести е ПЦР ТЕСТ.
Со него се зема еден примерок кој потоа може да биде тестиран и за инфлуенца и за ковид. Има и други ПЦР тестови одобрени од Агенцијата за храна и лекови на САД коишто се користат.
Ковид-19 ПЦР тестовите се многу точни и детектираат генетски материјал на Сарс Ков 2 вирусот. Како и сите тестови и кај нив има мал број на лажно позитивни и лажно негативни тестови, но со нив не се дијагностицира инфлуенца.
Поради ова објаснување, кое доаѓа директно од Центарот за контрола и превенција на болести, оценуваме дека не е вистина оти ПЦР тестот се исфрла од употреба поради недостатоци во неговиот перформанс.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град