ПЦР тестот не е канцероген по стерилизација со етилен оксид

Етилен оксид е гас којшто често се користи за да се стерилизира медицинска опрема. Исто така, тој се користи за стерилизација на зачини и козметика. Етилен оксид не е составен дел, односно не е елемент од кој се состои ПЦР тестот. Медицински експерти посочуваат дека гасот се користи во процесот на стерилизација и нема влијание врз него, како што би имале, на пример, топлината или пареата во процесот на стерилизација.

 |   | 

Етилен оксид е гас којшто често се користи за да се стерилизира медицинска опрема. Исто така, тој се користи за стерилизација на зачини и козметика. Етилен оксид не е составен дел, односно не е елемент од кој се состои ПЦР тестот. Медицински експерти посочуваат дека гасот се користи во процесот на стерилизација и нема влијание врз него, како што би имале, на пример, топлината или пареата во процесот на стерилизација.

Рецензираме пост на Фејсбук во кој со застрашувачка порака се прави обид родителите на основци да не даваат согласност на нивните деца да им се врши скрининг за ковид, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, со цел да се открие дали има асимптоматски носители на коронавирусот во училиштата каде наставата се одвива со физичко присуство.

Во постот се вели:

Одбивајте ковид тест врз вашите деца. Ковид е измама. На врвот од тестот има ЕО (етилен оксид,канцероген). ПО СЕКОЈА ЦЕНА.
Но, ова е дезинформација. Етилен оксид е гас којшто често се користи за да се стерилизира медицинска опрема. Исто така, тој се користи за стерилизација на зачини и козметика. Иако од федералната агенција на САД за храна и лекови е наведен како канцероген, тоа е случај само при долготрајно изложување на етилен оксид. Експертите велат дека гасот на ПЦР тестот се користи само во мали количини за да се стерилизираат тестовите и не е опасност од канцер, односно не е канцероген.
 
Етилен оксид не е составен дел, односно не е елемент од кој се состои тестот. Доктор Александар Едвардс, професор по биомедицинска технологија на универзитетот Ридинг во Англија, за „Асошиејтед Прес“ изјавил дека гасот се користи во процесот на стерилизација и нема влијание врз него, како што би имале, на пример, топлината или пареата во процесот на стерилизација.

Нема да се покаже во било каков значителен начин во моментот кога ќе го отворите тестот, вели Едвардс.

Американската Агенција за храна и лекови има строги стандарди за употребата на етилен оксид во медицински цели, откако се испостави дека гасот може да предизвика рак ако на него се изложувате долго време. Американските компании кои го користат гасот се мониторирани од инспектори од Агенцијата за храна и лекови на САД. Експертите велат дека нема простор за загриженост гасот да се задржи на ковид тестовите.

Не е нешто што би останало на производотдодава Едвардс.

Првпат етилен оксид е развиен во 19 век, ама како хемиски стерилизатор почнува во медицината да се користи во 1950 година. Процесот вклучува изложување на медицински производ, на пример стапче за брис, на гасот, а потоа истото стапче се ветрее на воздух неколку часа, за да се отстранат какви било остатоци од етилен оксид, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

До моментот кога стапчето за земање брис е целосно изветреано и спремно за пакување, нема ни трага од етилен оксид на него, вели професорот на универзитетот во Мичиген, Стјуарт Батерман.

Етилен оксид уништува вируси, бактерии и фунги кога доаѓа во интеракција со ДНК на микробите. За гасот да биде опасен за луѓето, тие треба да се изложени на високи концентрации на етилен оксид доволно долго време, а не од повремено земање брис од нос или грло, додава тој.

Повеќето извештаи за опасност од канцер се за тие луѓе коишто работат или живеат блиску до фабрики каде што се користи и има голема емисија на гасот етилен оксид.

Студија од 2016 година којашто ги истражуваше ефектите на етилен оксид на памучни стапчиња за земање брис, откри дека количеството на гасот коешто останало не се ни мери после 3 недели од стерилизацијата.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека ПЦР тестот е канцероген затоа што бил стерилизиран со етилен оксид.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top