Од извештајот на Центарот за контрола на заразни болести од САД, произлегува дека од 43 пациенти, 34 примиле две дози вакцина. Тоа значи дека останатите не примиле две дози, односно се невакцинирани. Оттука невистинито е да се тврди дека омикрон ги погодува ИСКЛУЧИВО вакцинираните. Случаите кои се потврдени со омикрон, се лица кои во најголем дел патувале и се заразиле надвор од САД. А како што знаеме, за да се патува, човек мора да биде вакциниран со две дози, бидејќи такви се барањата на повеќе држави. Оттаму, да се каже дека само вакцинираните се предмет на зараза со омикрон е погрешно и од причина што разгледаниот примерок од 43 пациенти, не само што е мал, туку е и составен од граѓани кои морале да бидат вакцинирани за воопшто да патуваат!
Од извештајот на Центарот за контрола на заразни болести од САД, произлегува дека од 43 пациенти, 34 примиле две дози вакцина. Тоа значи дека останатите не примиле две дози, односно се невакцинирани. Оттука невистинито е да се тврди дека омикрон ги погодува ИСКЛУЧИВО вакцинираните. Случаите кои се потврдени со омикрон, се лица кои во најголем дел патувале и се заразиле надвор од САД. А како што знаеме, за да се патува, човек мора да биде вакциниран со две дози, бидејќи такви се барањата на повеќе држави. Оттаму, да се каже дека само вакцинираните се предмет на зараза со омикрон е погрешно и од причина што разгледаниот примерок од 43 пациенти, не само што е мал, туку е и составен од граѓани кои морале да бидат вакцинирани за воопшто да патуваат!
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека во Соединетите Американски Држави, омикрон ги погодил, односно ги заразува исклучиво вакцинираните, и тоа особено оние кои примиле трета доза. Се додава дека ова било „официјално потврдено“.
Центарот за контрола и превенција на болести на САД објави извештај според кој, од први до осми декември 2021 година во САД имало пронајдено 43 случаи на лица заразени со омикрон варијантата од коронавирусот. Меѓу нив, немало смртни случаи и имало еден хоспитализиран пациент.
Ова се само иницијални 43 случаи, кои биле истражувани и претставува исклучително мал репрезентативен примерок од само десетици луѓе, кај кои првично е детектирана оваа нова варијанта на коронавирусот. Да се тврди дека омикрон ги погодува исклучиво вакцинираните, е невистинито тврдење и тоа го покажува и самиот извештај на кој се повикува постот кој го рецензираме.
Во извештајот на Центарот за контрола и превенција на болести, се вели дека од 43 случаи со омикрон во САД, 25 биле кај луѓе на возраст од 18 до 39 години. Најраниот датум кога е детектиран симптом на омикрон бил 15 ноември, кај човек кој имал историја на интернационално патување. Четиринаесет пациенти (33 проценти од 43 пациенти), пријавиле интернационално патување во 14 дена кои претходеле на првиот симптом кој пак резултирал со позитивен тест. Меѓу овие случаи со ковид-19, кои се атрибуирани на омикрон варијантата, 34 се случиле кај лица кои примиле две дози вакцина, а 14 од нив примиле бустер односно трета доза вакцина. Шестмина биле претходно заразени со ковид 19, односно се реинфицирале со омикрон. Најчесто пријавените симптоми биле кашлица, замор, затнат или нос кој тече. Еден вакциниран пациент бил хоспитализиран два дена, и ниеден не починал. Истражувањето на овие случаи покажа дека се заразиле како резултат на интернационални патувања, домашни патувања, големи јавни настани и собири во домот.
Од овој извештај произлегува дека од 43 пациенти, 34 примиле две дози вакцина. Тоа значи дека останатите не примиле две дози, односно се невакцинирани. Оттука невистинито е да се тврди дека омикрон ги погодува ИСКЛУЧИВО вакцинираните. Тоа е обид да се исплашат граѓаните и да не се вакцинираат, без да се напоменат исклучиво важни факти, како, на пример, фактот дека тие што се двојно вакцинирани немале тешки симптоми благодарение токму на фактот што се двојно вакцинирани!
Исто така, случаите кои се потврдени со омикрон, се лица кои во најголем дел патувале и се заразиле надвор од САД. А како што знаеме, за да се патува, човек мора да биде вакциниран со две дози, бидејќи такви се барањата на повеќе држави. Оттаму, да се каже дека само вакцинираните се предмет на зараза со омикрон е погрешно и од причина што разгледаниот примерок од 43 пациенти, не само што е мал, туку е и составен од граѓани кои морале да бидат вакцинирани за воопшто да патуваат! Од она кое го има откриено Центарот за контрола и превенција на болести на САД, евидентно е само дека вакцинацијата не претставува заштита од инфекција со омикрон, туку дека и вакцинираните може да се заразат со омикрон. Меѓутоа, тоа не значи воопшто дека Центарот за контрола и превенција на болести на САД обесхрабрува вакцинација, ниту, пак, дека невакцинираните се заштитени од омикрон.
Центарот за контрола и превенција на болести на САД на својата официјална веб страница посочува дека вакцините се очекува да штитат од тешка форма на болеста, хоспитализации и смрт благодарение на инфекција со омикрон.
Сепак, пробивни инфекции односно повторно заразување кај луѓе кои се целосно вакцинирани, е веројатно да се случи. Со другите варијанти како делта, вакцините останаа ефективни во спречувањето сериозна болест, хоспитализации и смрт. Појавата на омикрон дополнително ја истакнува важноста на вакцините и бустер дозите, пишуваат од ЦДЦ.
Има многу мал број на податоци за да се заклучи дека омикрон ги погодува исклучиво вакцинираните. Има и невакцинирани, како случајот во Мајами, заразени со омикрон.
Вистината е дека омикрон може да го зарази и вакцинираниот и невакцинираниот, а дека вакцината штити од смрт и од хоспитализација и потешко да се помине болеста.
Оттаму, тврдењето изнесено во постот кој го рецензираме дека „омикрон ги заразува исклучиво вакцинираните“ го оценуваме како невистинито.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град