Во оваа објава се тврди дека вакцините против ковид-19 ја влошуваат крвната слика на луѓето и дека тоа го утврдила докторка која ја споредувала крвната слика на пациентите пред и по примањето вакцина.
Во оваа објава се тврди дека вакцините против ковид-19 ја влошуваат крвната слика на луѓето и дека тоа го утврдила докторка која ја споредувала крвната слика на пациентите пред и по примањето вакцина. Но, тука не е прецизирано за која вакцина конкретно станува збор. Понатаму, докторката која дошла до ваквите „шокантни“ податоци нема име и презиме, нема нејзина изјава, не е јасно каде таа доктoрка работела, колку пациенти испитала. Нема податоци на која возраст и пол се луѓето од кои наводно земала крв, дали имале некакви претходни заболувања и со кои вакцини се вакцинирале. Со други зборови, оваа објава има толку многу непознати информации, а не нуди ниту еден доказ
Пост на Фејсбук, без никакви научни докази и факти, ги убедува луѓето дека, доколку се вакцинираат против ковид-19, ќе имаат влошена крвна слика. Ова е една од низата објави на социјалната мрежа Фејсбук кои се дел од антиваксерската кампања.
ШОКАНТНО!
Луѓето, кои примиле „В“ имаат влошена крвна слика! Докторка ја споредувала крвната слика на пациентите пред и по земањето на „К-19 „В“. Првата слика е на здравите лица кои ја примиле „В“, при што се покажува нормална клеточна слика. Следните слики покажуваат бројни нано-честички во крвната слика набрзо по земањето на „К-19-В“. Докторката појаснува дека телото никогаш нема да може да се ослободи од нив и тие нано-честички ќе навлезат во секоја клетка од телото! Тоа значи – човекот што земал “В” никогаш повеќе нема да е ист. Она што е најзастрашувачко е што се очекува животниот век на тие што ја примиле „В“, (која воопшто не е тоа за што се промовира) да е 2 години!, се вели во објавата.
Она што е интересно во постот е дека тој се повикува на текст објавен на веб-сајтот beforeitsnews.com, кој е на листата веб-страници кои шират лажни вести и пропаганда, според usnews.com. Оваа веб- страница нема импресум, а во делот „за нас“ пишува дека е платформа на која секој може да објави текст, доколку има интересна сторија и доколку се регистрира.
Во постот се тврди дека вакцините против ковид-19 ја влошуваат крвната слика на луѓето и дека тоа го утврдила докторка која ја споредувала крвната слика на пациентите пред и по примањето вакцина. Во постот прво не е посочено и прецизирано за која вакцина конкретно станува збор. Понатаму, доколку го отворите и линкот од изворниот текст, ќе забележите дека докторката која дошла до ваквите „шокантни“ податоци нема име и презиме, нема нејзина изјава, не е јасно каде таа доктoрка работела, колку пациенти испитала, нема податоци на која возраст и пол се луѓето од кои наводно земала крв, дали имале некакви претходни заболувања и со кои вакцини се вакцинирале. Со еден збор, оваа објава има толку многу непознати информации, а не нуди ниту еден доказ. Сето ова укажува дека можеби станува збор за измислена објава.
Дека оваа објава нема никаква врска со вистината говори и фактот што тврди дека во резултатите од крвта, се гледале „страни тела со бели дамки, односно нано-честички“. Но, неточно е дека нано-честички може да се видат во крвта. „Нано“ значи милијардити дел од нешто. Нано честичките се ситни материјали со големина од 1 до 100 нанометри. Нанометар е единица должина во метричкиот систем, еднаква на еден милијардити дел од метарот (0,000000001 м).
Наночестичките постојат во природниот свет, но можат и да се создадат како резултат на човечки активности. Поради нивната субмикроскопска големина, тие имаат уникатни карактеристики на материјалот, а произведените наночестички можат да најдат практична примена во различни области, вклучувајќи медицина, инженерство. Субмикроскопска големина значи дека тие се премногу мали за да се видат дури и под микроскоп. Ова значи дека тие не може да се детектираат преку правење на испитувања на крвта што може да ги направи лаборант.
Постот потоа тврди дека „се очекува животниот век на тие што ја примиле вакцината да е 2 години!“. Според ова, сите што примиле вакцина против ковид-19, ќе починат за две години!? И зад ваквото тврдење нема никаква научна основа.
Гледано во целина, очигледно е дека постот нема за цел да понуди докази и факти, туку намерата му е да шири антиваксерска кампања.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град