Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека сè повеќе млади луѓе во Белгија паѓаат, вакцините се ѓубре и дека во Белгија починало 15-годишно дете. Иако во постот не се доведува во прашање експлицитно наводната смрт на детето со вакцината, таа информација е ставена во контекст на постот во кој се кажува дека сè повеќе млади паѓаат од вакцини кои се, според авторот, ѓубре. Тоа е, впрочем, и главниот тон кој провејува во постот, да се инсинуира дека неквалитетот на вакцините предизвикува сè повеќе млади луѓе да умираат и да се чувствуваат лошо од нив.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека сè повеќе млади луѓе во Белгија паѓаат, вакцините се ѓубре и дека во Белгија починало 15-годишно дете. Иако во постот не се доведува во прашање експлицитно наводната смрт на детето со вакцината, таа информација е ставена во контекст на постот во кој се кажува дека сè повеќе млади паѓаат од вакцини кои се, според авторот, ѓубре. Тоа е, впрочем, и главниот тон кој провејува во постот, да се инсинуира дека неквалитетот на вакцините предизвикува сè повеќе млади луѓе да умираат и да се чувствуваат лошо од нив.
Кога во пребарувачот Гугл пребаравме за смрт на 15-годишно дете во Белгија, не добивме резултати. Освен тоа, Белгија важи за одговорна и земја која презема мерки и по најмалите сомнежи за поврзаност на смртен случај со вакцина. Така, во мај беше привремено стопирано давањето на вакцината на Џонсон и Џонсон во Белгија за да се испита смртта на 41-годишна жена.
Во постот, кој го рецензираме, не се посочува ниедна конкретна вакцина, која, наводно, е ѓубре. Но, секоја вакцина е одобрена само доколку успешно ги поминала сите три фази на клиничките студии. Овие национални и меѓународни стандарди за квалитет важат и за одобрување на вакцина за коронавирус. По одобрување на пазарот, вакцината продолжува внимателно да се следи и проценува со цел да се забележат многу ретки несакани ефекти. Сите вакцини може да имаат несакани ефекти. Но, најчесто тие се лесни, самоограничувачки и спонтано поминуваат. Важно е да се знаат и да му се објаснат на лицето кое се вакцинира за да знае што да очекува после примање на вакцината. Централна задача на процесот на тестирање и одобрување е да може јасно да се опишат несаканите ефекти. Ова, исто така, вклучува и можност за откривање кај кои групи луѓе и во колкава мера може да појават несаканите ефекти. Но, дури и по одобрување, новокористената вакцина дополнително се надгледува и истражува. Понекогаш многу ретки несакани ефекти може да се забележат само по одобрување. Сите информации за вакцините прочитајте ги овде.
Според сите научни студии вакцината прорив коронавирусот докажано штити од тешки форми на болеста и смрт. За да бидат одобрени за употреба, вакцините против ковид-19 мора да ги исполнуваат највисоките стандарди за безбедност и делотворност. Светската здравствена организација (СЗО) внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за ковид-19. Иако тие беа развиени во рекордно време, сепак, самиот процес – системите за тестирање, проценката на резултатите и одобрувањето на вакцината, не беше помалку ригорозен.
Вакцините против ковид-19 ги поминале клиничките тестирања и не се експериментални. Нивното производство минало низ неколку строги тестови за безбедност и ефикасност со што се докажа дека тие се ефикасни против коронавирусот. По одобрување од страна на Светската здравствена организација (СЗО), како и националните регулатори, сите вакцини мора да поминат три клинички фази на тестирање. Клиничките тестирања даваат сигурност дека вакцините се безбедни и за лицата со разни болести, но и за ефикасност против вирусот. Резултатите од клиничките фази потоа се ревидираат од страна на независни научници за да се осигура дека податоците се во ред.
Тестирањата во третата фаза и нивната примена во светот потврдија дека вакцините се многу ефикасни во превенција на тешките симптоми. Подолу можете да ја видите ефикасноста на сите вакцини што се аплицираат во РСМ, кон симптоматското заболување со ковид-19:
Медиумите известуваа дека во Белгија 14 лица починале по вакцинација ама не е пронајдена причинско-последична врска меѓу вакцината и смртта, а лицата биле повозрасни од 70 години, наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, а во кој се тврди дека во Белгија имало зголемен број на млади починати од вакцина.
Вакви слични приказни за починати од вакцина се шират и во Македонија и за нив имаме пишувано на овој линк.
Меѓутоа, не постојат докази дека сè повеќе млади луѓе во Белгија паѓаат благодарение на примена вакцина против ковид. Нема такви информации во медиумите, нема такви известувања никаде во релевантните медицински организации. Станува збор за субјективно нафрлање без аргументација во постот во кој се тврди и дека 15-годишно дете починало, но нема никакви дополнителни информации.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град