Коронавирусот е изолиран во лабораторија со што се докажува неговото постоење. Светска здравствена организација потврди дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година во Кина. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата надмина 200.000, а бројот на починати е погвеќе од 7.000. Во јавноста сè почесто излегуваат и семејствата на починатите, кои сведочат дека нивните блиски починале како последица на ковид, а ваквите сведочења не може да се побијат. Особено, затоа што постои медицинска историја од хоспитализацијата на пациентите и параметри кои укажуваат на клиничка слика од ковид, некарактеристична за други болести.
Коронавирусот е изолиран во лабораторија со што се докажува неговото постоење. Светска здравствена организација потврди дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година во Кина. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата надмина 200.000, а бројот на починати е погвеќе од 7.000. Во јавноста сè почесто излегуваат и семејствата на починатите, кои сведочат дека нивните блиски починале како последица на ковид, а ваквите сведочења не може да се побијат. Особено, затоа што постои медицинска историја од хоспитализацијата на пациентите и параметри кои укажуваат на клиничка слика од ковид, некарактеристична за други болести.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека ковид не постои. Тоа се споредува со непостоењето на Дедо Мраз!
Ковид 19 е спомнуван толку многу пати, што стана културна реалност. Исто ко Дедо Мраз – и двете не постојат, се вели во објавата.
Наспроти ова тврдење, постојат повеќе непобитни факти кои докажуваат дека ковид, болеста предизвикана од коронавирусот, постои и нанесува тешки последици врз здравјето на луѓето како и врз економиите во сите земји од светот. Станува збор за глобална пандемија, а случаи на ова опасно заразно заболување се регистрирани на сите континенти.
Прво, коронавирусот е изолиран во лабораторија, со што се докажува неговото постоење. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран. Самата Светска здравствена организација (СЗО) потврдува дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година и во следното известување. Ова изолирање на коронавирусот содржи инструкции за создавање на вирусните протеини, кои се основа за вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“.
Последните статистики на Институтот за јавно здравје во Република Северна Македонија, покажуваат дека досега во земјата се направени вкупно 1.369.624 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, на починати е 7.072, а бројот на активни случаи изнесува 6.191 (состојба за 25.10.2021). Сите овие бројки не се само статистика, туку вистински луѓе. Неможно е да се манипулира со толкав број на заразени доколку ковид не постои. Постои и специфичен начин на којшто се детектира ковид а тоа е ПЦР тест.
Научната фела уште на почетокот на 2020 потврди дека станува за вирусот Сарс Ков 2, заради што сите земји во светот применуваат антиковид мерки за да се спречи неговото ширење. ПЦР тестовите за ковид-19 се прецизни и детектираат генетски материјал на Сарс Ков 2 вирусот, но не и вируси кои се причинители за настинка или грип, иако сиптомите во одреден дел може да бидат слични
Како што е објаснето на веб-страницата на Центарот за јавно здравје – Скопје, методот според кој се докажува присуство на вирусот во примерокот од пациентот се одвива во 2 чекори и претставува златен стандард во детекцијата.
Првиот чекор е автоматска екстракција на RNA со помош на автоматски екстрактор од вирусот на принцип на современ метод со магнетнипартикули, кој овоможува екстракција на високо квалитетна вирална нуклеинска киселина.
Вториот чекор е мултипликација на изолираната вирусна RNA и специфична детекција на вирусот во примерокот според присуство на специфични за Сарс Ков 2 таргет гени (N и Е гени). Овие гени се гени за структурни протеини кои се во состав на градбата на вирусот и се строго специфични само за Сарс Ков 2 вирусот од фамилијата на САРС вируси. Овој метод овозможува детекција на вирусот со висока сентизтивност и го детектира вирусот во пациент кога е присутен со минимум 10 копии од генот, пишува на веб-страницата на Центарот за јавно здравје – Скопје
Погорниот пасус, објаснет со едноставна терминологија, всушност, значи дека ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E кои ги има само во коронавирусот и ниеден друг вирус.
Вирусот мутира, а моментално во земјите ширум светот е доминатна варијацијата на делта сојот, којшто е присутен и кај нас. Овој сој го донесе четвртиот бран на пандемијата во Македонија за време на кој се регистрирани нови бројки на заразени и починати лица. На удар на вирусот сè повеќе има млади луѓе, поради што Министерството за здравство апелираше граѓаните што помасовно да се вакцинираат.
На почетокот на пандемијата најзасилено беше тврдењето дека коронавирусот не постои, меѓутоа иако овие тврдења пополека спласнуваа како што се зголемуваше бројот на заразени и починати, сепак не згаснаа целосно. Особено стана проблематично за теоретичарите на заговори кои ја пласираат оваа немедицинска и ненаучна теза, да го проблематизираат постоењето на коронавирусот, затоа што во многу фамилии во земјава се појавија случаи на заразени. Во јавноста сè почесто излегуваат и семејствата на починатите, кои сведочат дека нивните блиски починале како последица на ковид, а ваквите сведочења не може да се побијат. Особено, затоа што постои медицинска историја од хоспитализацијата на пациентите и параметри кои укажуваат на клиничка слика од ковид, некарактеристична за други болести.
Медицински професионалци посочуваат на симптоми, на клиничка слика и на начин на кој се манифестира болеста. Тие најдиректно се соочуваат во секојдневната пракса со пациенти коишто лично ги лекуваат од ковид и свесни се дека болеста постои.
Поради сета гореизнесена аргументација, постот во којшто се тврди дека ковид не постои, го оценуваме како невистинит.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град