Кликбејт наслов за укинување на забраната за носење маски во Црна Гора, дезинформира во Македонија

Овој наслов што се споделува на Фејсбук претставува типичен пример на комбинација од „кликбејт“ (clickbait) и недостаток на контекст (missing context). Го измамува читателот кога ќе го види да помисли дека откако ќе кликне ќе добие повеќе информации за укинување на мерката за неносење маска на оторено во Македонија. Но, тоа не е така. Одлуката за која се говори во написот не е донесена во Македонија, туку во Црна Гора. Целиот текст се однесува за епидемиолошката состојба со коронавирусот и мерките донесени за спречување на ширењето на вирусот во Црна Гора.

 |   | 

ЌЕ СЕ ДИШЕ СЛОБОДНО, тргната забраната за носење маски на отворено“. Кога ќе го прочитате овој наслов вака споделен на социјалните мрежи прво нешто што ќе помислите дека станува збор за одлука донесена во Македонија, затоа што ништо ниту во насловот на текстот, ниту во објавата на Фејсбук не вели поинаку.

И, за да се информирате повеќе околу новата одлука што мислите дека ја донела Владата и да дознаете од кога веќе нема да треба да носите маски на отворено, ќе го кликнете текстот. А, тогаш ќе сфатите дека сте измамени.

Оваа одлука не е донесена во Македонија, туку во Црна Гора. Целиот текст се однесува за епидемиолошката состојба со коронавирусот и мерките донесени за спречување на ширењето на вирусот во Црна Гора.

Но, и покрај тоа, само за привлекување на што е можно поголема читаност, оваа информација којашто се однесува на Црна Гора, добива клик-бејт наслов за читателите да помислат дека станува збор за Македонија.

Важно е да се напомене дека одлуката за носење на маска на отворено е донесена на 29 октомври минатата година и сè уште е на сила. Иако се појавија шпекулации дека можно е во следниот период да се укине, тоа во моментот кога е објавен текстот (21.05.2021) не се случи. Па така, доколку му поверувате на насловот без да го прочитате текстот и не носите маска на отворено, ризикувате да бидете казнети.

Бидејќи во текстот нема ништо поврзано со Македонија, овој наслов претставува типичен пример на комбинација од „кликбејт“ (clickbait) и недостаток на контекст (missing context). Го измамува читателот кога ќе го види споделен на социјалните мрежи, да помисли дека кога ќе кликне ќе добие повеќе информации за укинување на мерките во Македонија.

Сето ова се прави за да се постигне што е можна поголема читаност на сајтот без притоа да се обрне внимание како може објавата да биде сфатена и што таа ќе предизвика.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top