Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се инсинуира дека фактот што Јужноафриканската Република побарала од производителите на вакцини Фајзер и Џонсон и Џонсон, да не испорачуваат следни дози во таа земја, е причина што се појавил сојот омикрон, за кој, инаку, има индиции дека е позаразен, а уште не е познато дали предизвикува потешка клиничка слика кај пациентите кои се заразиле со него.
Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се инсинуира дека фактот што Јужноафриканската Република побарала од производителите на вакцини Фајзер и Џонсон и Џонсон, да не испорачуваат следни дози во таа земја, е причина што се појавил сојот омикрон, за кој, инаку, има индиции дека е позаразен, а уште не е познато дали предизвикува потешка клиничка слика кај пациентите кои се заразиле со него.
Јужна Африка. Објава на 24 ноември 2021 година. Се бара запирање на испорака од Фајзер и Џонсон. Потоа, чудесно појавување на Омикрон. Брее, како повод за напад пред војна. Психолошки-терористичка пропаганда пуштена на најјако. Не им оди се по планот, оти мислеа дека сме ретардирани, ама ете, не сме до толку, пишува во постот кој го рецензираме.
Меѓутоа, Јужна Африка не побарала од производителите на вакцини да престанат да испорачуваат вакцини, туку да ја одложат испораката. Причината е што во оваа земја има доволен број на вакцини како залиха, кои не се искористени. Во Јужна Африка целосно вакцинирани се само 35 проценти од населението, повисока стапка од повеќето африкански држави, ама половина од таргетот кој владата на оваа држава го поставила за до крајот на годината. До крајот на годината има уште еден месец, а вакцини премногу. Затоа, побарано е да не се испраќаат повеќе дози од производителите, додека не се потрошат оние што се на залиха.
Имаме 158 дневна залиха во моментот и затоа одложивме некои од дозите, изјави за Ројтерс портпаролот на министерството за здравство не прецизирајќи кога ќе се случат идните достави.
Ставрос Николау, извршен директор на „Аспен Фармакер“, компанија која пакува 25 милиони дози вакцини од „Џонсон и Џонсон“ за Јужна Африка, вели дека повеќето од овие вакцини што биле наменети за Јужна Африка, сега ќе одат за други држави на континентот.
Остануваме адаптибилни на сите индивидуални барања на земјите, додека продолжуваме да ги исполнуваме нашите обврски со Јужна Африка.
Претседателот на Јужноафриканската Република Кирил Рамафоза, го изрази своето дабоко разочарување, поради тоа што повеќе земји од светот, го затворија авиосообраќајот за Јужна Африка или почнаа да воведуваат рестрикции, изолирајќи ја оваа држава како превентивна мерка за борба против непознатото, односно сојот омикрон.
Самата СЗО на својата официјална веб страница пишува дека Јужна Африка ја пријавила омикрон варијантата на коронавирусот на 24 ноември 2021 година. Така, неможно е некоја западна сила, односно фармацевтски компании да се одговорни за нејзината појава како одговор или атак, зашто Јужна Африка го одложила набавувањето на вакцини од „Фајзер“ и „Џонсон и Џонсон“ како што лажно се тврди во постот кој го рецензираме.
Од тие причини постот го оценуваме како невистинит.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град