Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална и не станува збор за лажна пандемија. Тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот низ целиот свет во последната година и половина.Тоа што симптомите на грипот и ковид во одреден дел може да се слични, не значи дека настинка, грип и ковид се една иста работа. А со оглед дека симптомите за сите овие три заболувања се слични, тестирањето и натаму е најдобрата опција за да се утврди од што е некој заразен. ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E. Овие гени во грипот ги нема. Значи, нее можно на ПЦР панел за детекција на коронавирусот, да биде детектирана инфлуенца или обратно – со тестови за детекција на инфлуенца да биде детектиран коронавирус.
Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална и не станува збор за лажна пандемија. Тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот низ целиот свет во последната година и половина.Тоа што симптомите на грипот и ковид во одреден дел може да се слични, не значи дека настинка, грип и ковид се една иста работа. А со оглед дека симптомите за сите овие три заболувања се слични, тестирањето и натаму е најдобрата опција за да се утврди од што е некој заразен. ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E. Овие гени во грипот ги нема. Значи, нее можно на ПЦР панел за детекција на коронавирусот, да биде детектирана инфлуенца или обратно – со тестови за детекција на инфлуенца да биде детектиран коронавирус.
Објава на социјалната мрежа Фејсбук во само една реченица споделува две дезинформации. Се тврди дека пандемијата предзвикана од коронавирусот е лажна и дека заболените од грип и настинки се регистрираат како заболени со ковид-19. Ниту едното ниту другото не е точно.
Во постот се тврди:
Ова е лажна пандемија која ги регистрира обичните настинки и грипот, како Ковид…
Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална и не станува збор за лажна пандемија. Тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот низ целиот свет во последната година и половина. Досега (17.01.2022), за две години во светот беа заразени 329.209.880 луѓе, а од нив починаа 5.559.352 лица.
Коронавируост за првпат се појави во Кина на крајот на декември 2019 година. Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека генетскиот материјал РНК, на вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година. Ова е нов вирус кој претходно не е регистриран кај луѓето.
На 11 март 2020 година, брзото зголемување на бројот на случаи надвор од Кина го натера генералниот директор на СЗО да објави дека епидемијата може да се карактеризира како пандемија. Дотогаш беа пријавени повеќе од 118.000 случаи во 114 земји, а беа регистрирани 4.291 смртни случаи.
Овој пост е објавен во временски период кога во С. Македонија пандемијата е најсилна досега, поради омикрон варијантата на коронавирусот која е попренослива односно поуспешно го заобиколува имунитетот како тој стекнатиот со прележување, така и имунитетот што го даваат вакцините. Во болниците повторно има наплив на пациенти, матичните лекари се пребукирани, а медицинскиот кадар е изморен.
Бројот на активни случаи со коронавирус, според официјалните податоци од Министерството за здравство (состојба 16.01.2022), е 16.132 лица. Од почетокот на пандемијата до денес животот го изгубија 8.100 луѓе, а се заболеа 244.632 лица. Сите овие лица пандемијата ја доживеа лично на своја кожа.
Во постот се вели и дека заболените од други вирусни дијагнози, лажно во статистиките се претставуваат како да се заразени со коронавирс. И ова е неточно. Освен што е неточно и нема никаква логика. Се поставува прашањето зошто некој би сакал да лажира податоци и лажно да ги зголемува бројките на заболени од коронавирус, а со тоа дополнително да го оптовари здравствениот систем.
Тоа што симптомите на грипот и ковид во одреден дел може да се слични, не значи дека грип и ковид се една иста работа. Со мутирањето на вирусот и создавањето на нови соеви, се менуваа и симптомите кои што се јавуваат кај заболените, а дел од симптомите се поклопуваат со сезонскиот грип или со обична настинка. Сличноста кај вирусите кои предизвикуваат настинка, грип и ковид-19 е тоа што се шират на ист начин – преку капки од носот и устата на заразените.
Специфични симптоми за ковид-19 се губење мирис, вкус или двете. Но, не секој заболен со коронавирус ги има овие симптоми за да може дијагнозата да се утврди само врз основа на ова.
Со оглед дека симптомите за сите овие три заболувања се слични, тестирањето и натаму е најдобрата опција за да се утврди од што е некој заразен.
Разликата меѓу ковид-19 и грипот, според Мајо клиниката во САД, е што двете состојби се предизвикани од различни вируси. Ковид-19 е предизвикан од коронавирусот, а инфлуенцата од Инфлуенца А или Б вирусите.
ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E. Овие гени во грипот ги нема. Значи, неможно е на ПЦР панел за детекција на коронавирусот, да биде детектирана инфлуенца или обратно – со тестови за детекција на инфлуенца да биде детектиран коронавирус.
Можно е истовремено заразување со грип и ковид-19, што сега се нарекува флурона (или грипона – кованица од грип и коронавирус). Но и за ова да се детектира постојат соодветни тестови кои се прават лабараториски.
Оваа сезона зголемениот број на заболени од коронавирус, сезонски грип, други вируси или бактериски инфекции се должи и на нецелосното придржување кон апелите и мерките кои помагаат да се спречи ширењето на овие вируси како одржувањето на физичка дистанца, избегнувањето на масовни групирања, и носењето на соодветна заштитна маска. Овие препораки не се почитуваа, особено за време на празниците кога дојде и до нагло зголемување на бројот на заразени од сите видови на инфекции.
Минатата година значително опадна бројот на заболени со грип затоа што голем дел од населението работеше од дома, угостителските објекти не работеа или работеа со ограничен капацитет, а населението поажурно ги применуваше заштитните мерки како физичка дистанца и носење на маски.
Сосема е нелогично, а истовремено и неодговорно е да се тврди дека „ковид е лажна пандемија“ во ситуација кога во многу земји има сè повеќе заразени, особено со омикрон сојот, кога во ниту една земја населението не е целосно вакцинирано, а во одредени сиромашни земји има многу мал процент на вакцинирани. Следствено на тоа, секојдневно расте бројот на заразени, како и на смртни случаи како последица од самиот вирус.
Впрочем, секој од нас има роднини, пријатели или колеги кои биле или се заболени од вирусот, па не може вака тенденциозно и лажно да се тврди дека вирусот е измислен и не постои или дека станува збор за грип или настинка.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град