Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија децидно ги отфрла и негира тврдењата дека „мидазолам“ се давал намерно на жителите на старските домови како би се лажирале смртните случаи предизвикани од ковид-19. Постот што се споделува на Фејсбук е манипулативен, му недостигаат информации и шири паника во јавноста. Од Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија (ДХЦС) за сајтот за проверка на факти „Фулфакт“ изјавиле дека поради тоа што ковид-19 донесе зголемување на глобалната побарувачка, Владата правела залихи, но не само за „мидазолам“ туку и на други лекови.
Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија децидно ги отфрла и негира тврдењата дека „мидазолам“ се давал намерно на жителите на старските домови како би се лажирале смртните случаи предизвикани од ковид-19. Постот што се споделува на Фејсбук е манипулативен, му недостигаат информации и шири паника во јавноста. Од Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија (ДХЦС) за сајтот за проверка на факти „Фулфакт“ изјавиле дека поради тоа што ковид-19 донесе зголемување на глобалната побарувачка, Владата правела залихи, но не само за „мидазолам“ туку и на други лекови.
Објава на Фејсбук ја манипулира јавноста дека британската Влада во 2020 година набавила речиси дупло дози од лекот „мидазолам“, којшто се користи при анестезија, па и за евтаназија, а целта, според наводите во објавата што ја рецензираме и коментарите оставени под неа, била да се лажира бројот на смртни случаи од ковид-19.
MSM is quiet about this – Во Британија во Април 2020, 333 илјади дози на мидазолам се издадени, и тоа дупли дози по старечки домови. Во Споредба со 172 илјади во 2019 – неппотребно да спомнам дека мидазолам кој спага во групата на бензодиазепине, кој се користи при анестезија, па и за еутаназија. ( иначе ствара проблеми со дишење) а и бројот на операции во Британија во 2020 беше намален за 34%…е сеа мислам знаете зошто се има користено? или да ви кажам, се вели во фејсбук постот.
Што е „мидазолам“?
„Мидазолам“ е вид на лек од групата бензодијазепин, кој се користи како свесен седатив, анестетик, антиконвулзивен агенс и, исто така, е лиценциран да помага во управување со немир и вознемиреност при палијативна нега.
„Мидазолам“ често се препишува како „антиципаторен лек”. Тоа се лекови што се препишуваат однапред за пациенти кои се при крај на животот доколку имаат некои вообичаени и непријатни симптоми како што се вознемиреност, болка, гадење и повраќање поврзани со процесот на умирање. Тие не мора да се користат и се даваат доколку „бидат побарани“.
„Мидазолам“ може да се користи и почесто за пациенти кои не се при крај на животот, за смирување за време на одредени медицински процедури.
Според сајтот за проверка на факти, „Фулфакт“, нема докази дека „мидазолам“ се користел со намера да се стави крај на животот на жителите на старските домови во Велика Британија или дека ова е формална политика на британската влада.
Од Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија (ДХЦС) за „Фулфакт“ изјавиле:
Овие тврдења се длабоко погрешни. Главниот приоритет на владата во текот на оваа пандемија отсекогаш бил да се прави сè што е можно за да се спасат животи.
Информација дека Владата на Велика Британија во 2020 година набавила повеќе дози од лекот „мидазолам“ е точна, потврдуваат од ДХЦС за „Фулфакт“, но Владата правела залихи и на други лекови, а не само за „мидазолам“.
Ковид-19 донесе зголемување на глобалната побарувачката на Велика Британија за голем број лекови, вклучувајќи мидазолам за поддршка на пациентите на интензивна нега или на крајот од нивниот живот. За да управуваме со зголемувањето на побарувачката, градевме залихи на клучни лекови во Велика Британија, вклучително и мидазолам, изјавил портпаролот на ДХЦС.
Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија децидно ги отфрла и негира тврдењата дека „мидазолам“ се давал намерно на жителите на старските домови како би се лажирале смртните случаи предизвикани од ковид-19. Исто така, евтаназијата е илегална во Велика Британија.
Според сето ова, може да се заклучи дека постот што го рецензираме е манипулативен, му недостигаат информации и шири невистини и паника во јавноста. Ковид-19 е реален, а пандемијата досега во светот, и кај нас, однесе многу животи.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град