Ковид пандемијата не е измама, туку таквото тврдење е опасна манипулација

Post Views: 1 Комплетна невистина е дека ковид пандемијата е измама. За тоа дека пандемијата е вистинска говори бројот на новозаразени и на жртви во секоја земја од светот. Измама е да се манипулира со јавното мислење и да се нафрлаат флоскули кои се неосновани, непоткрепени со никаков доказ и да се затвораат очите пред бројните докази, експертски мислења, но и пред жртвите од последици на коронавирусот. Рецензираме објава на Фејсбук во којшто се тврди дека пандемијата ќе падне како најголема измама во светската историја. За ова тврдење не се дава никаква дополнителна аргументација. Самиот...

Continue reading

Привремена забрана за дискотеки и клубови во Црна Гора

Post Views: 0 Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории.Дирекцијата за инспекциски работи ќе ги контролира собирите на отворено и изведувањето музика во живо во градините на локалите. Доколку продолжи трендот на прекршување, ќе се разгледа нивното укинување или дополнително ограничување. Црна Гора бележи пораст на бројот на новоинфицирани. Вчера имаше 65 новозаразени. Вкупниот број заразени моментално изнесува 421.

Continue reading

Папата прв го доби дресот со кој Македонија ќе игра на ЕП 2020!

Post Views: 9 Претседателот Стево Пендаровски беше во службена посета на Ватикан и оствари средба со Папата. Во знак на благодарност му подари дрес од Македонија со кој ќе се игра на ЕП, со надеж за среќа и успех. „Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното ЕП. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство“, истакна Пендаровски. Засега нема информации каде љубителите на фудбалот може да го видат, ниту...

Continue reading

Општина Дебрца, отпочна со постапка за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП)

Post Views: 2 Овој документ претставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина. Општина Дебрца имајќи ги во предвид своите законски надлежности во доменот на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните, отпочна со постапка за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП). ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање на мерки за заштита, зголемување на јавната свест и...

Continue reading

ЈП „Охридски Комуналец“ донираше огревно дрво на две социјално загрозени семејства

Post Views: 1 „Во овие денови кога сме сведоци на поларни денови со многу ниски температури, со донација на огревно дрво ќе ги затоплиме домовите на две семејства од социјално ранливи категории“, велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Оваа иницијатива ЈП „Охридски Комуналец“ ја реализираше во соработка со ЈУ „Меѓуопштински центар за социјална работа“-Охрид, а огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул. „Македонски Просветители”.

Continue reading

Пожар во возило кај „Буково“

Post Views: 1 На 03.12.2021 година во 03 часот, во СВР Охрид пријавенo е дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, кај превојот „Буково”, настанал пожар при движење на товарно моторно возило „Ивеко”, со албански национални ознаки, управувано од М.Т.(62) од Прењаз, Република Албанија. Пожарот, во кој нема повредени лица е изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица. Увид извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

погребна кола

Во Велика Британија нема над 1.500 мртви како последица од вакцината

Post Views: 7 Владата на Велика Британија објавува неделни извештаи базирани на таканаречени ,,жолти картони”, преку кои се пријавуваат несакани ефекти после вакцината, како и после секој друг лек или медицинско средство. Пријавите може да ги пополни секој кој има сомнение дека несаканиот ефект или сериозниот исход после вакцинација настанал од вакцината, независно од тоа дали има докази. Многу е важно да се напомене дека  сомнежите за несакани ефекти опишани во овој извештај не се интерпретираат како докажани несакани ефекти од ковид-19 вакцинатa. Но, токму овие информации во постот...

Continue reading

Потопен кинески град во кој живеат над 10 милиони луѓе, најмалку 12 мртви

Post Views: 7 Градовите низ провинцијата Хенан беа погодени од поплавите, вклучително и главниот град на провинцијата, Женгжу со повеќе од 10 милиони жители. Улиците во градот се претворени во реки, а метро станиците се поплавени. Видеа споделени на социјалните мрежи покажаа како автомобили пловат по улиците. Застрашувачки видеа има со патници во метрото заробени во вагоните полни со вода. Неколку видеа од подземната железница покажаа безживотни тела на удавени луѓе. „Ваков вид врнежи од дожд обично се забележува еднаш во 100 години. Ситуацијата е мрачна”, се вели во соопштението...

Continue reading

22 прекршувања на забраната за движење, 382 казни за неносење заштитна маска

Post Views: 0 Од 00:00 до 04:00 часот на 27-ми мај 2021 констатирано е дека 22 лицa не ја почитувале забраната за движење.Во текот на изминатото деноноќие пак (26-ти мај/27-ми мај 2021 година) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 382 прекршоци.Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на COVID-19.

Continue reading

Работен состанок на Фокус Групата за изработката на Стратешкиот акционен план на целиот слив на реката Дрим

Post Views: 2 Во рамки на Дримскиот Процес и ГЕФ Дримскиот Проект денеска во Скопје се одржува работен состанок на Фокус Групата за изработката на Стратешкиот акционен план на целиот слив на реката Дрим. На работниот состанок учествуваат преставници на надлежни институции од земјата меѓу кои преставници на Кабинетот на заменик премиерот на Владата, преставници на министерството за животна средина, преставници на АД ЕЛЕМ, на општина Охрид, Агенцијата за планирање на просторот, Хидробиолошкиот завод , УХМР и преставници на НВО секторот, академската заедница и на меѓународните организации...

Continue reading

Ќе се решава работниот статус на вработените во образовните институции во Охрид

Post Views: 4 Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков по номинациите добиени од Министерството за образование и наука и СОНК, донесе решение за формирање на општинска комисија за утврдување на исполнетоста на условите за трансформација на работниот однос на вработените во образовните институции на подрачјето на општина Охрид. Со ова се надминува застојот во работата на оваа комисија кој беше предизвикан од истекот на нејзиниот мандат. Сега на овој процес ќе му се даде дополнителна динамика. Задоволен наставен кадар со решен работен статус е најдобра гаранција и дополнителен...

Continue reading

Туристичката соработка помеѓу Македонија и Украина ќе почне од здравствениот туризам

Post Views: 8 Директорот на АППТ, Љупчо Јаневски оствари средба со НЕ Наталиа Задорожнику, вд амбасадор на Украина, г-дин Витали Загајниј, заменик на началникот на Лавовската обласна државна управа и претставници на секторот туризам и меѓународна соработка од истата област. На средбата се презентираа туристичките потенцијали на двете земји, целите и идеите, се разменија искуства и начини за продлабочување на соработката преку туристичката индустрија иницијално, а потоа и на други полиња. При нивната прва посета на Македонија се договорија идните чекори за развој на активниот, културниот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top