Post Views: 7
Со намерно испуштање на клучни зборови и дополнителни информации, објавата ја доведува во заблуда јавноста дека вакцините не даваат никаков имунолошки одговор на ковид-19 и дека „џабе“ е вакцинирањето. Британските научници, предводени од шефот на Оксфордската група за вакцини Ендрју Полард никогаш не кажале дека вакцините не даваат имунититет и дека не треба да се аплицираат, туку, напротив, ја потенцираат нивната ефикасност, особено сега кога има масовно ширење на делта варијантата. Полард само предупредува дека вакцинираните може да бидат заразени со делта сојот со...
Post Views: 26
Во хрватскиот дел на Јадранското море, неодамна е забележана таканаречената Огнена риба или риба лав (од родот Scorpaenidae). Морски предатор која уништува речиси сѐ што има пред себе.
Јаков Дулчиќ од Институтот за океанографија и рибарство во Сплит откри дека животното пристигнало од Црвеното Море и сега брзо се шири преку Јадранот.
Бројот на јајца што ги положува е многу голем, а се мрести во текот на целата година – изјавил Дулчиќ во телевизиска емисија на ХРТ.
Тој додаде дека оваа риба била откриена минатата година на две места во Јадранското море – во близина...
Post Views: 1
За време на викендот, во Врање против коронавирус се вакцинирале 927 Македонци, објави РТС. Според најавите на српските медиуми, вакцинирањето трае и денеска.
Македонските државјани може да се вакцинираат без закажување, само со пасош или лична карта, информираат српските медиуми. На нашите државјани на располагање им се вакцините на „Фајзер“ и „Синофарм“.
Според српските здравствени власти, досега во Србија се вакцинирани околу 15.000 македонски граѓани. Најголем број од оние кои се вакцинираа во април ја примија вакцината на „Астра зенека“.
Post Views: 0
Пациентите од Струга и регионов, како и здравствените работници од Струшката болница заслужуваат нов објект. Станува збор за здравствен објект кој е стар повеќе од пет децении со голем број инфраструктурни проблеми. Болницата во Струга опслужува повеќе од 150.000 пациенти годишно и во неа се лекуваат и пациенти од други градови но и од соседна Албанија. Филипче кажа дека сакале за првпат во здраствениот систем во Македонија да го вклучат принципот на јавно приватно партерство.
„Навистина одличен кадар работи во струшката болница во повеќе специјалности, но многу е лоша...
Post Views: 10
Патничкиот и товарниот железнички сообраќај е во прекин, поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – транспорт”, изјавил за МИА, Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал.
Според него причина за бојкотот е неисплатениот втор дел од декемвриската плата.
Тој се повика на одлуката од 2 ноември 2021 година, според која, машинскиот и извршниот персонал нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец.
Согласно Одлуката од ноември, машинскиот и извршниот персонал во Железници...
Post Views: 2
Здружението „Енхелеус Лихнид“ заедно со нивните пријатели, волонтери и сите охриѓани вњубеници во природата, имаа уште една еко акција која овој пат беше спроведена на патот за Бејбунар во шумичката со борови.
После 3 часовната битка против пластика, метали, разноразни предмети од домаќинства, кревети, гуми, теписони итн. КОНЕЧНО природата го доби сјајот како што го заслужува – напишаа од „Енхелеус Лихнид“ веднаш по акцијата.
Тие апелираат до ЈП Охридски Комуналец и Општина Охрид да го соберат ѓубрето по патот за Беј Бунар во најскор можен рок.
Од „Енхелеус...
Post Views: 3
На ,,Фејсбук“ се споделува пост којшто ја дезинформира јавноста дека со вакцинацијата против ковид-19 се вбризгува метален прав и со помош на 5Г мрежата се потикнува нов ковид бран. Во составот на вакцините против ковид нема метали. Пандемијата со ковид-19 ниту е причинета од 5Г мрежата, ниту, пак, има каква било поврзаност меѓу вирусот и оваа мобилна технологија. Иако, оваа информација ја потврдија сите релевантни институции, вклучително и СЗО, сепак и понатаму низ социјалнтие мрежи се шират лажни вести и теории на заговор кои ја доведуваат во заблуда јавноста дека...
Post Views: 5
Неделава во Катар се одржаа два последователни состаноци за да се притиснат завојуваните страни во Авганистан да ги продолжат мировните преговори и да постигнат договор пред конфликтот да излезе од контрола.
Дипломатскиот напор доаѓа во време на драматични напади од бунтовниците на Талибан дури и додека САД продолжуваат да изведуваат воздушни напади во поддршка на авганистанските воени сили.
Состаноците уследија и по минатонеделното предупредување од страна на Обединетите нации дека „војната во Авганистан влегла во нова, посмртоносна и подеструктивна фаза“.
Специјалниот...
Post Views: 5
Врнежите што ја зафатија земјава претходните денови позитивно ќе влијаат врз земјоделските култури, особено на есенската пченица која беше и најзагрозена поради недостиг на влага во површинскиот почвен слој.
Според агрометеоролозите, временската промена му годи и на есенскиот јачмен кој е во понапредни фази, а има и почеток на восочна зрелост.
Умерените температури од 17 до 26 степени се оптимални за сите видови на култури, како за посевите така и за овошките и виновата лоза, каде недостатокот на влага не се чувствува во овој момент.
-Ова е период на завршено оплодување...
Post Views: 4
Владата го разгледа и усвои новиот текст на Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за почнување постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема за повеќе јавни здравствени установи. Струшкиот завод за нефрологија е една од установите која ќе добие медицинска опрема дигитални РТГ апарати.
Владата на редовната 140. седница го разгледа и усвои новиот текст на Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за започнување на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на...
Post Views: 1
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за Алсат ТВ, информираше дека Министерството во моментот работи на измени и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работното место. Според неа целта на измените се работниците да бидат што повеќе охрабрени да пријавуваат мобинг на работното место.
„Работиме на измени и дополнувања за јакнење на заштитниот механизам на работниците. Моменталното решение не нуди поголема заштита. Поради тој аспект одиме на промена на ова законско решение. Во моментов воспоставената Комисија за заштита...
Post Views: 10
Пет лица се повредени од кои четири потешко во сообраќајна несреќа која вчера околу 17.35 часот се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај селото Опеница.
Во несреќата учествувале три возила: автомобил „тојота“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.П.(61) од Битола, автомобил „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.К.(54) од с.Делогожда, струшко, и товарно возило „ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од К.М.(57) од Р.Албанија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Т.П. и Н.К.,...