Post Views: 20
Во континуитет вложуваме средства за развој на спортот, за поддршка на спортските клубови. Се поддржуваат и спортските манифестации и настани за промоција на градот и поттикнување на здравите животни навики и збогатување на туристичката понуда, истакна Георгиески кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата.
Само оваа година од буџетот на општината беа издвоени 27 милиони денари за спорт, од кои 9 милиони денари за ракометниот клуб „Охрид“ кој е прволигаш, 6 милиони денари за Фудбалскиот клуб „Охрид“, 2,7 милиони денари за фудбалскиот клуб „Воска“, а со остатокот...
Post Views: 5
Екипи на ЈП „Нискоградба“ по налог на Секторот за комунален развој сообраќај и улици при општина Охрид започна акција за отстранување на нефункционални патоказни табли, огради и други видови препреки на тротоарите на целата територија од градов.
Со акцијата е предвидено да се отстранат и стари билборди, оние на кои им е изминат договорот склучен со општината или билборди поставени без дозвола. Наредениве денови ќе се врши и замена на старите со нови автобуски постојки.
Post Views: 1
Хрватска се уште не е подготвена за членство во ЕУ, пишува денеска весникот „Ен Ар Си ханделсблат“ повикувајќи се на изјавата на холандскиот министер за европски прашања, Франс Тимерманс.
Тимерманс пред холандскиот Парламент изразил „целосно несогласување“ со минатомесечниот став на Европската комисија дека Хрватска може да ги заврши преговорите за приклучување кон Унијата следната година доколку во меѓувреме не го забави процесот на подготовката за членство.
Весникот го цитира Тимерманс дека Хрватска, како и Србија, треба сосема да соработуваат со Хашкиот трибунал.„Она...
Post Views: 4
При крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на Општина Охрид, опфатени во регистарот кој беше изготвен според препораките од состанокот на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.
За поефикасна координација на акцијата зад затворени врати за новинарите викендов се одржа средба на Градоначалнкот Константин Георгиески со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот без ресор Едмонд Адеми и нивните соработници.
Според динамичниот план паралелно ќе се рушат дивоградбите...
Post Views: 2
Промените и новото однесување на Германија во надворешната политика се закануваат да ја ослабнат Европската Унија.
Во Брисел, Париз и во другите европски престолнини, како и во Вашингтон, се почесто не се крие незадоволството што официјален Берлин во многу ситуации делува сам и на своја рака, заобиколувајќи ја притоа заедничката политика на ЕУ.
Германија последна и без ниту малку волја се согласи да се приклучи на заедничката акција на Унијата за санација на последиците од глобалната финансиска и економска криза.Берлин се противеше и се уште се опира на предлозите...
Post Views: 4
Со 102 гласа „за”, и ниту еден глас „воздржан” и „против” пратениците денеска донесоа одлука за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Одлуката од Собранието ќе биде испратена до Советот на јавни обвинители, каде треба да биде одобрена.Со тоа целосно завршува процесот за разрешување на Јанева.
Најверојатно претседателот на Собранието, Талат Џафери уште денеска ќе ја испрати одлуката до Советот ја јавни обвинители.
Во извештајот од Советот на Јавни обвинители беше наведено дека стои дека Јанева работела несовесно и противзаконски, што е причина за...
Post Views: 1
Во Еквадор во тек се спасувачките операции за извлекување на заробените под урнатините, откако јужноамериканската држава беше погодена од најсилниот земјотрес во последните неколку децении, при што загинаа над 200 луѓе, а стотици се повредени.
Земјотрес со магнитуда од 7,8 степени удри во близина на еквадорскиот пацифички брег, 170 километри северозападно од престолнината Кито, предизвикувајќи смрт и уништување во Манта, Портовиехо, Педерналес, Гајакил и други крајбрежни градови и села.
Бројката на загинати се искачи на 233, соопшти еквадорскиот претседател Рафаел Кореа....
Post Views: 4
Земјотрес со интензитет од 6,1 според Рихтеровата скала ја погоди Северна Јапонија.
Епицентарот на земјотресот бил на 290 километри северно од Токио, во морето крај Мијаги. Потресот е почувствуван во 23.23 часот по Гринич, односно во 8.23 часот по локално време.
Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета. Не е објавена тревога за цунами.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Крај на резултатската криза бараат фудбалерите од Охрид. Трезнењето на клубот заврши и треба да се излезе на вистинскиот пат за резултатите да дојдат сами по себе истакна тренерот на фудбалерите Марино Маркоски.
„Можеби екипата на Пелистер доаѓа во лош период, меѓутоа ние ќе се обидеме да пронајдеме мотивација, да се собереме сите заедно и со таа позитивна енергија во клубот да ги кременме играчите и да постигнеме позитивен резултат. “ – изјави Маркоски.
Еден од поискусните играчи кој треба да им помогне на помладите е диригентот на одбраната, Мартин Лекоски...
Post Views: 0
Партиите потписнички на политичкиот довор од Пржино, денеска ќе ги продолжат преговорите по точките утврдени со договорот.
На маса ќе бидат ставени пречистувањето на избирачкиот список, предлогот за активната регистрација, гласањето на дисјаспората и другите делови од изборниот законик.
Засега е најасно дали има било какви доближувања во ставовите по наведените точки, но јасно е дека е потребен политички компромис за да реализира договорот, дотолку повеќе што во него се наведени прецизни рокови.
Копјата се очекува најмногу да се кршат околу специјалниот јавен обвинител...
Post Views: 3
Aмериканскиот државен секретар Кондолиза Рајс пристигна во ненајавена посета на Пакистан, пренесоа светските агенции.
Посетата на Рајс на пакистанската престолнина Исламабад ќе трае само пет часа. Рајс вчера беше во Индија, каде го изрази американското сочувство за ужасот што Индијците го преживеаја во нападите во Мумбај од минатата недела, во кој загинаа приближно 180 лица, меѓу кои и шестмина Американци.
На пат од Њу Делхи за Исламабад Рајс во авионот, пред новинарите кои ја следат нејзината посета, изјави дека глобалната закана на екстремизмот и тероризмот треба...
Post Views: 0
Стартниот пораз на охриѓани во машката ракометна суперлига покажа дека новиот состав сеуште не е добро уигран особено во нападот. Евидентно е дека оваа година ростерот е поквалитетен од ланскиот но се работи за играчи кои никогаш во кариерата немаат играно заедно. Затоа се потребни како утрешниот со Работнички, каде покрај фаворитската улога охриѓани ќе ја имаат и поддршката од публиката.
„Ја имаме фаворитската улога и мислам дека ќе ја оправдаме. Во оваа прилика ќе ги повикам љубителите на ракометот и нашите верни навивачи рибари да дојдат во што поголем број и да...