Post Views: 4
– По направените анкети со пациентите утврдено е дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани, ниту ревакцинирани. Од вкупниот број позитивни пациенти, кај кои е утврдено присуство на делта сој, само еден е во многу тешка состојба. Станува збор за пациент, кој 8-9 дена откако појавил симптоми на COVID-19, одбивал да оди на лекар и бил во домашна изолација. Во моментов се вршат епидемиолошки анкети на останати членови од семејството на двајца од хоспитализираните пациенти, кои живееле во заедница и возможно е да се утврди и кај нив присуство...
Post Views: 4
Струга нема да дозволи уривање на објектите на плажите. Уредбата на Владата ќе ја обжалат на Уставен суд. Вака одлучија концесионерите и градоначалникот Рамиз Меркона денешниот состанок.
Општина Струга нема да дозоли уривање на плажите.Уредбата на Владата за отстранување наугостителските објекти и платформи, заеднички со концесионерите ќе ја обжалат на Уставен суд. Сметаат дека одлуката, донесена во време на криза и пандемија е дополнителен сериозен удар врз туризмот иекономијата.
„Ние сме шокирани од ова долука на владапосебно во ова време на пандемија кога очекѕвавме...
Post Views: 3
На 25.02.2022 година околу 14 часот, во ОВР Струга пријавено е дека на влезот во хотелски објект на улицата „Партизанска” во Струга, било пукано од огнено оружје.
Повредени лица нема, во моментов се врши увид и по насока на Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 2
Советот на Општина Охрид ја одржа седмата седница со 46 точки на дневен ред од кои повеќе од половината се однесуваа на урбанистичката сфера односно легализации на дивоградби и усогласување на намената на земјиштето. На седницата која траеше час и половина поголема дискусија предизвика годишниот план за вработување во општинската администраицја за 2022 година. Опозициските советници со забелешки за новата локална власт дека предвидува нови вработувања во општината нешто што остро го критикуваа додека беа опозиција. Со оглед на критиките за превработеност во администрацијата...
Post Views: 6
Општина Охрид објавува јавен повик за проектот : “Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO). Повикот е насловен како: ROADS NOT TAKEN # PC1- 1.1.1. , за ангажирање на лице за работа на административна позиција, проектен асистент – потребно е едно лице кое ќе биде ангажирано за период од 28 месеци со половина работно време.
Општина Охрид како добитник на проектот по првиот повик на Годишниот ИПА II – ЕУ за општини- “Подобрување на услугите на локалната самоуправа преку иновативни концепти”, под наслов:” “Roads Not Taken: Municipality...
Post Views: 0
Невистинито е тврдењето во постот дека лекарите во Велика Британија ќе добијат пари по администрирана доза на вакцина. Овие пари се за да се спроведе процесот, да се обучат лекарите и да функционираат приватните амбуланти, како што било случај и со вакцината против грип. Британскиот модел на финансирање на амбулантите функционира како мал бизнис, каде што за секоја дополнителна програма потребни се медицински средства, кадар и простор за да се спроведе вакцинацијата, а овие пари, односно фондови, не одат во џебот на лекарот, туку во самата ординација. Но, најголемата...
Post Views: 2
Новозеландската полиција соопшти дека застрелала насилен екстремист, откако тој со нож ранил шест луѓе во супермаркет во Окленд. Ова е првиот терористички напад во Нов Зеланд, откако Брентон Тарант уби 51 лице и повреди 40 други во оружениот напад во две џамии во Крајстчрч, во 2019 година, како што пренесуваат светските медиуми. Тарант беше осуден на доживотен затвор, а Нов Зеланд оттогаш ги заостри законите за поседување оружје.
Премиерката на Нов Зеланд, Џacинда Ардерн, изјави дека станува збор за терористички напад, како и дека напаѓачот е државјанин на Шри Ланка...
Post Views: 2
Од денеска па се до 22 август претпријатијата, занаетчиите, фармерите и сите претприемачите од руралните области ќе можат да аплицираат на овој јавен повик.
Вкупната финансиска поддршка во рамки на овој јавен повик изнесува 9,6 милиони евра со можност во текот на повикот износот да се зголеми. Средства се обезбедени со поддршка од 75 посто од ЕУ фондовите и 25 посто национално кофинансирање, а вкупно прифатливи трошоци на инвестицијата нема да надминуваат повеќе од 65 проценти.
Главна цел на оваа мерка, како што рече Бачовски, е поттикнување на вработувањата и зголемување...
Post Views: 9
Во некои од селата во средна Дебрца, деновиве пристигнаа кантите за собирање отпад кои општината ги обезбеди преку грант во рамките на Проектот „Унапредување на општинското владеење“’, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Исто така дел од кантите се распределени и во селата од Горна Дебрца ( Врбјани, Годивје, Лактиње, Арбиново ). Садовите за собирање на комнален отпад се распоредени врз основа на претходно утврден план од Јавното претпријатие и се поставени на јавни површини, со што и во овие села...
Post Views: 4
Вакцините против ковид се испитани и нема линк меѓу нив и зголемена стапка на канцер. Тоа го пишуваат и проверувачите на факти на Ју Ес Еј тудеј. Што се однесува до тврдењето дека ХИВ позитивноста „експлодира” преку мРНК вакцината, проверувачите на факти на Ројтерс, веќе го имаат побиено ова тврдење преку изјави од повеќе медицински експерти.
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека по примена бустер доза доктор Џејн Руби алармира дека експлодира ракот и позитивноста на ХИВ преку мРНК инјекцијата интегрирана во нашата ДНК. Во состав...
Post Views: 9
Во вчерашното издание на српскиот весник Политика, директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски после две години прави осврт и споредба на движењето на туристичката индустрија од почетокот на пандемијата до сега. При самиот почеток на пандемијата со Ковид 19, Јаневски изјави за Политика дека треба да се гради заеднички, регионален пристап за да зацели туристичката индустрија. Две години подоцна, туризмот почнува да ги регистрира првите резултати и да закрепнува.
Јаневски во интервјуто за Политика вели дека развојот на туристичката индустрија се заснова на зелен турисзам, оносно...
Post Views: 8
На 8-ми и 9-ти декември 2021 година на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли, а притоа казнети се 55 возачи.
Притоа, полициските службеници регистрираа и санкционираа 55 возачи на моторни возила кои во населено место управувале со поголема брзина од дозволената (Охрид-21, Струга-13, Кичево-21) и 22 возачи што ја пречекориле дозволената брзина, надвор од населено место (Охрид-09, Дебар-13). Полициските службеници во Охрид затекнаа и од сообраќај исклучија едно лице кое управувало моторно возило под дејство на алкохол, а во Дебар санкционирано...