Post Views: 1
Министерот за здравство Венко Филипче информира дека на утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести разговарале за воведување дополнителна мерка – за влез и за излез од нашата земја за сите граѓани, наши државјани или странци, да биде барана потврда за примена вакцина, негативен ПЦР-тест или доказ дека ја прележале болеста.
За оваа мерка утре дополнително ќе се дискутира и на седница на Влада.
Утре ќе се разговара како за мерката, така и за времето, за тајмингот кога ќе биде тоа имплементирано, имајќи предвид дека многу граѓани сега се надвор од...
Post Views: 6
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „загадување на животната средина и природата“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот Е.К. и 40-годишниот В.К., двајцата од струшкото село Велешта.
– Пријавените, како сопственици на парцела покрај брегот на Охридското езеро во Струга, на 3-ти март 2021 година, ангажирале лица кои со градежна механизација извршиле насипување и тампонирање на нивното земјиште, но и на површина што е во државна сопственост. Притоа, узурпирале 1.372 метри квадратни државно земјиште,...
Post Views: 5
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот деновиве одржа презентација пред тур-операторите кои ќе бидат ко-егзибитори на саемот во Истанбул, Турција од 9-12.02. 2022 година.
АППТ ги информираше ко-егзибиторите за турскиот туристички пазар и последните движења, како и очекувањата од овој пазар, но и за значењето на турските туристи за туризмот.
Оваа година АППТ ќе го претстави туриситчкиот потенцијал во Истанбул заедно со 5 учесници (BademTour “Balkan Incoming”, Фибула травел, Генерал Турист, Dmcbalkans и RadikaMountainResort) на 40м2 штанд на кои во...
Post Views: 6
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Марк Барет и Јован Гавриловски од Германската организација за меѓународен развој (ГИЗ). На состанокот се разгледуваа можностите за меѓусебна соработка и реализација на проекти.
Средбата се оствари во контекст на новиот проект “OHRID GО”, кој го имплементира општина Охрид, а е финансиран од програмата “EU for municipalities”. Една од активностите на проектот е формирање на Старт ап центар.
Се разговараше за можноста за соработка при функионирањето на овој центар, како и можностите за негово проширување...
Post Views: 9
Бил Гејтс не фигурира како сопственик на која било од фармацевтските компании, кои ги направија различните вакцини против ковид-19 што се администрираат ширум светот. Ковид-19 не е „невидлива болест“, како што се тврди во постот. Податоците говорат дека заклучно со 22 септември со коронавирус се заразиле 230 милиони луѓе, а за 4,7 милиони овој вирус бил кобен и починале како последица од вирусот. Исто така, нема никакви докази дека во Африка умреле 20 милиони дечиња поради вакцинација, ниту, пак, ваква огромна бројка некогаш била објавена во јавност.
Милијардерот и...
Post Views: 4
Куче шарпланинец на улица „Сарајлија” во Крагуевац ја касна за врат и ја уби сопственичката Милоратка Веjковиќ (69).
Според неофицијални информации, безживотното тело на жената го пронашла нејзината ќерка. Тимот на Брза помош морало да ја чека полицијата која, за жал, само ја констатира смртта бидејќи кучето покажувало исклучителна агресија и кон лекарите.
Се претпоставува дека трагедијата се случила во раните утрински часови.
Несреќната жена со години го хранела кучето и никому не му е јасно зошто се случило ова. Соседството беше шокирано, но никој не сакаше да ја...
Post Views: 7
Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 13.08.2021 до 07.00 часот денеска (14.08.2021), во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 590 полициски службеници, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата, реализирани 216 мото-патроли и користени 159 моторни возила.
Во изминатото деноноќие поднесена е една кривична пријава од СВР Охрид-ОВР Дебар до Основното јавно обвинителство Дебар, во врска со пожар настанат на 08.08.2021 година, во с.Бомово, дебарско,...
Post Views: 29
Пред почетокот на новата туристичка сезона, на десеттината плажи на струшкото крајбрежје угостителите се подготвуваат за гостите. Градоначалникот Рамиз Мерко и натаму на истиот став, треба да се гради за привлекување на што повеќе туристи. Плажите треба да бидат уредени за гостите да може да уживаат во благодетите во крајбрежието , а не запуштени и преполни со отпад. Мерко тврди, струшките концесионери плаќаат редовно закупнина. „Ние не мислиме негативно, ние секогаш размислуваме позитивино. секогаш велам дајте да градиме туристички капацитети дека се бараат,...
Post Views: 0
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков беше дел од настанот „Кон подобро управување со Охридското Езеро, Студенчишко Блато и Белчишко Блато“ што денес се одржа преку Zoom платформа, а по повод одбележување на 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта.
Во своето поздравно обраќање градоначалникот Пецаков истакна:
Дозволете да го изразам моето задоволство и благодарност за поканата за учество на одбележувањето на Светскиот ден на водните живеалишта. Општина Охрид и општина Дебрца се вистинскиот избор за одбележување на овој значаен ден од екологијата, со оглед...
Post Views: 0
Општина Охрид е дел од проектот „Регионална програма за локална демократија на Западниот Балкан“ (ReLOaD2). Учеството во проектот е потврдено со потпишување на Меморандум за разбирање со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Распределбата на јавните финансии претставува сериозна задача за секоја јавна администрација или управен орган. Соодветната распределба на јавните финансии ги потврдува добрите намери на институциите за одговорно управување со јавното трошење. Целта на оваа активност е правилна распределба на буџетски средства, особено средства од општинските...
Post Views: 1
Во статистиките на Институтот за јавно здравје за починати од ковид од 1 до 14 септември нема евидентирани лица од Свети Николе на возраст до 45 години. Во овој временски период, на 14 септември поради ковид починал 66 годишен жител на Свети Николе, а на 6 септември 57 годишен човек од истиот град. За последните две недели тоа се единствените два смртни случаи од ковид во овој град. Исто така, никој досега во МАЛМЕД (Агенцијата за лекови и медицински средства која што е задолжена да прима пријави за несакани дејства) не пријавил сериозни последици после вакцинација,...
Post Views: 0
Здравствените работници во Франција кои не биле вакцинирани против коронавирус ќе бидат суспендирани од работа од денеска.
Од 15 септември, персоналот на болницата, возачите на брза помош, работниците во пензионерските домови, приватните лекари, пожарникарите и луѓето што се грижат за стари или изнемоштени лица во нивните домови – вкупно околу 2,7 милиони луѓе – мора да докажат дека примиле барем една доза вакцина против ковид 19.
Околу 300.000 медицински лица се уште не се вакцинирани, а еден од најголемите француски синдикати во јавниот сектор, ЦГТ, предупреди...