Угостителите од Струмица излегуваат на протест

Post Views: 2 Угостителите од Струмица информираат дека едногласно донеле одлука за бојкот изразувајќи незадоволство поради новите мерки кои беа донесени деновиве. Од вторник од 11:00 часот до 13:00 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе настапиме со блокирање на улиците во Струмица како и влезовите на градот. Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните. Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме владата да го прифати нашето барање. Во спротивно ќе настапиме...

Continue reading

Продолжува пустошењето на шумите на Јабланица

Post Views: 0 Продолжува соголувањето на шумите на Јабланица. Концесионерите, но и дивосечачи од околните села и од Албанија потојано вршат нелегална сеча во атарот над Лабуништа. Активистите од Здружението за екологија „Натура лаб“ загрижени, велат пустошењето на буковите шуми не застанува со години, се прави голосек кои ќе предизвика поплави и свлечишта. Најголемата закана е загадување на изворите кај Горна Белица, поради што дваесетина илјади жители од околината ќе останат без вода. –Немаме против разредување на шумата, туку сме против опустошувањето. Бараме увид оти ударно...

Continue reading

Одложена претставата „Сопружници“ поради болест на еден од актерите

Post Views: 0 Театарската претстава „Сопружници“ која беше закажана за денес, се презакажува за 18.02.2022 (петок). Од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ информираат дека претставата е презакажана поради болест на актер вклучен во истата. Оттаму додаваат дека веќе купените карти ќе важат, а можат и да се заменат на билетарата.

Continue reading

Акција за подигање кабаст отпад во осма Урбана единица оваа сабота

Post Views: 6 Ј.П.„Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 18-ти декември, сабота, организира акција за подигнување кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од 8-ма Урбана единица. Со акцијата ќе бидат опфатени улиците: „Никола Карев”, „8-ми Септември”, „Мирче Ацев”, „Лазо Трпоски”, „Галичица”, „Ванчо Питошески”, „Билјанини Извори“, „Карпош Војвода”, „Сирма Војвода” и други споредни улици од овој реон. Се молат граѓаните кои живеат во наведените делови од градот, доколку имаат ваков отпад,  уредно да го депонираат до 18-ти...

Continue reading

ПЦР тестовите не се отровни

Post Views: 2 ПЦР тестот е само обично пластично стапче со памук на врвот, со кое се собираат примероци од носот и грлото и потоа се обработуваат во лабораторија. Ниту содржи отрови, ниту, пак, со него се дава литиум, ниту, пак, некако се наштетува како што лажно се тврди во постот. Сосема е неможно во ПЦР стапчето да има батерија, како што се додава во бесмислените констатации поврзани со 5Г конспирацијата на заговор. Рецензираме пост на Фејсбук во кој лажно се тврди дека ПЦР тестовите за детекција на коронавирусот содржат хидрогел, кој бил „мини вакцина што ги масакрира црвените...

Continue reading

Хигиеничари на лондонска железничка станица не се фотографирале за да инсценираат лажна пандемија

Post Views: 4 Овој пост е со испуштен контекстот, односно со ненаведување на информации и нивно намерно или ненамерно прикривање, во јавноста се креира сосема погрешна слика. Објавата дезинформира дека хигиеничарите на железничка станица во Велика Британија се преправаат дека нешто работат, за да предизвикаат страв и за да добијат публицитет во медиумската кампања за заплашување на граѓаните дека постои пандемија од ковид-19. Од компанијата одговорна да ја чисти станицата за „Ројтерс“ изјавиле дека вработените со работниот договор се обврзани да се фотографираат за да се валидира...

Continue reading

Двајца туристи од Македонија се удавиле во Албанија

Post Views: 6 Албанските медиуми јавуваат дека утрово во Албанија евидентирани се три жртви од давење во море. Двајца од нив, се државјани на Македонија. Станува збор за 59-годишник идентификуван од полицијата со иницијали Х.Х. кој се удавил околу 11.15 часот денеска на плажата во Велипоја. Десет минути подоцна уште две лица се удавиле на плажата во Спиле. Полицијата информираше дека станува збор за две повозрасни лица: М. М. (79) и Ц. М. (78) кои дошле на одмор од Македонија.

Continue reading

Стружани на бензиска пумпа нападнале лица од Куманово

Post Views: 3 Во соопштението од МВР стои дека на 23.06.2021 полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Р.Р.(19) и А.Р.(38), двајцата од Струга, постапувајќи по пријава добиена околу 19.00 часот од Медицински центар Струга, според која кај нив со повреди биле донесени Б.Х.(34) и Д.Х.(30), двајцата од Куманово. По преземени мерки било констатирано дека околу 18.40 часот, на бензинска станица на магистралниот пат А-2, тие биле нападнати со тврди предмети од неколку лица. Р.Р. и А.Р. се приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни...

Continue reading

Закажана осмата седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 12 Закажана осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 10.02.2022 година ( четврток ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. На дневниот ред на ова издание на седницата на советот ќе се најдат следните точки:         Предлог-одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.        Предлог-решение за избор на член во Комисијата за јавни и комунални дејности.        Предлог-решение за избор на член во Комисијата за финансии и буџет.        Предлог-решение за избор на член во статутарно – правна комисија.       ...

Continue reading

Крводарителска акција во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

Post Views: 23 Во тек е крводарителска акција во просториите на Факултет за туризам и угостителство – Охрид во периодот од 10-14 часот. „Добредојдени се сите хумани граѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција“, апелираат од Општинската организација на Црвениот крст од Охрид.

Continue reading

Никој не е принуден да прими трета доза вакцина

Post Views: 4 Многупати кажан факт е дека вакцинацијата против ковид-19 во Северна Македонија е на доброволна база, исто како и најавената трета доза од вакцината на Фајзер/Бионетек, за која повторно се дадени само препораки и со ништо не е условена. Фесјбук пост, којшто се споделува по групи кои се противат на вакцинацијата против ковид-19, дезинформира дека сертификатите за вакцина, што се издаваат по втората примена вакцина, имаат важност од шест месеци. Ps. sertifikatot ima vaznost 6 meseci ili do slednata doza, od datumot na primanje na 2 doza. #3doza (i taka vlecenje za usi...

Continue reading

Татко си ги задавил своите три деца во Хрватска

Post Views: 42 Три деца, близнаци (момче и девојче) на седумгодишна возраст и син на возраст од четири години синоќа ги задавил со голи раце нивниот татко во луксузниот стан во кој живееле во загребската населба Млиново, по што пукал во себе. Сепак, како што известуваат хрватските медиуми, тој преживеал и бил однесен во болница, а телата на трите деца, од кои најмалото четиригодишно дете кое било пронајдено во спалната соба, како и близнаците во дневната соба, ги шокирале сите полициските службеници кои биле на местото на ова невидено злосторство. Не е познато кој пријавил во полиција...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top