Post Views: 8
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јуни годинава изнесува 28.744 денари, а просечната бруто плата 42.950 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата е за 7,0 отсто повисока отколку во јуни минатата година, додека бруто платата е повисока за 7,1 отсто.
Зголемувањето кај нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (20,5) и Информации и комуникации...
Post Views: 6
На три пункта во општата болница во Струга непречно се одвива вакцинацијата против корона вирусот. На двата пункта се врши вакцина со прва доза, а на едниот ревакцинација. Досега се вакцинирани 7000 стружани, а втора доза примиле 4500 граѓани.
-Сакам да упатам апел до граѓаните што повеќе да се организираме за вакцинација бидејќи неочекувано е дали индискиот сој ќе ни се приближи. Па на тој начин да амортизираме доколку не фати некој нов бран“, вели Арменд Арслани директор на струшката болница.
Расте интересот кај граѓаните за вакцинација, особено поради ширењето на...
Post Views: 10
На 03.02.2022 во 10:37 часот во СВР Охрид пријавено e дека во домот на ул.„Александар Турунџев” била пронајдена почината 72-годишната З.Т. од Охрид.
Лекар од Итна медицинска помош константирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата e дадено на обдукција – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Post Views: 3
На (14.12.2021) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, поточно Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со САЕ „Тигар“, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Охрид го лишија од слобода З.С.(57) од Охрид, со што успешно е пресечен уште еден меѓународен канал за транспорт на дрога од Р.Албанија во нашата земја во вкупна вредност од околу 300.000 евра.
Имено З.С., управувајќи патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, се упатил во с.Љубаништа, охридско,...
Post Views: 0
Наративот во постот што го рецензираме е фиктивна приказна, измислица со која се поистоветуваат ковид и грип, како да се работи за една и иста болест, иако повеќе пати е објаснувано дека ковид има повисока смртност од грипот и за него не постои еден специфичен лек.
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто паушално се се говори за ковид-19, која е посебна болест предизвикана од коронавирусот, но во овој пост таа се поистоветува со грипот.
Постарите се плашат од ковид, па потоа фаќаат некој лош грип. Лажниот ПЦР тест им кажува дека се позитивни, и одат во болница чувствувајќи...
Post Views: 9
Премиерот на Косово Албин Курти најави дека за вечерва ги повикал на состанок членовите на Советот за безбедност на земјата по случувањата на северот од Косово, објавува косовски Индекс онлајн.
Тема на состанокот ќе биде ситуацијата што настана на северот од Косово неделава по одлуката на владата на Курти за примена на реципроцитет со Србија за регистерските таблички на возилата.
Како што јавува порталот, пред неколку минути, лидерот на ЛДК понудил подготвеност за соработка со цел да се стабилизира ситуацијата на северот на Косово.
Post Views: 0
Единицата за брзо распоредување – ЕБР при Министерството за внатрешни работи денеска со пригодна свеченост, почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид-19, ќе одбележи 20 години од формирањето.
ЕБР е формирана во 2001 година, сместена е во касарната Ѓорче Петров.
Нивните основни задачи се: Директна акција, специјални извидувања, борба против тероризам, обезбедување на домашни и странски ВИП личности, обезбедување на политичари…
Post Views: 14
Судскиот процес за струшката депонија денеска, наместо во судница продолжи со увид на лице место. Судии и вештаци вршеа идентификација на парцелата каде лежи дивата депонија во Струга и големината на натрупаниот отпад, кој изнесува десетина метри под и дваесетина метри над земја. Тужителите повикаа на итна дислокција на дивата депонија која е на само 500 метри од куќите во градот. Иако последните неколку години нема спалување на депонијата, вештачењата потврдија дека таа го загрозува здравјето на луѓето, но и ги загадува водите и почвата.
-Ова чудовиште кое...
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Л. (32) од Охрид.
Таа, во својство на одговорно лице во маркет лоциран на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, подолг временски период, противправно присвојувала парични средства- сопственост на правниот субјект кои и биле доверени за работа. Со тоа, според финансиска документација приложена од сопственикот на правниот субјект, пријавената предизвикала материјална штета од 1.182.022 денари – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 7
На социјалната мрежа „Фејсбук“ неодамна се појави наградна игра преку корисничкиот профил „Макпетрол Македонија“. Компанијата нагласува дека и наградната игра и споменатата интернет-страница се лажни и немаат никаква допирна точка со „Макпетрол“. Како дел од наведената игра, невистинито се наведува дека се доделуваат ваучери од 6.000 денари за гориво, за тие што ќе ја заследат лажната страница, ќе ја споделат истата и ќе остават коментар.
Сакаме да потенцираме дека, компанијата „Макпетрол“ АД има една наградна игра која се реализира под мотото „Верна – Една и единствена“,...
Post Views: 2
Во ниту една листа на состојки на вакцините кои се јавно достапни, нема наведено дека содржи графен оксидот, нерѓосувачки челик или друга супстанца. Студијата со која се прави обид да се „поткрепи“ тврдењето дека во фајзеровата вакцина има графен оксид, не е прегледана од медицинската заедница, ниту, пак, е поддржана од Универзитетот во Шпанија, Алмерија. На официјалната веб-страница за вакцинација во земјава, каде се наведени состојките на сите вакцини кои се администрираат во Северна Македонија, нема графен оксид, нерѓосувачки челик, ни алуминиум како состојки во...
Post Views: 11
Можеби некому му се чини дека инфлацијата е проблем кој ќе исчезне, но голема е веројатноста дека ќе доведе до криза во годините кои претстојат, предупредија економистите на Дојче банк. Во прогнозата која е далеку од консензусот на креаторите на политиката и на Вол стрит, Дојче банк издаде предупредување во кое се наведува дека отфрлањето на стравот од инфлацијата ќе се покаже како голема грешка до 2023 година.
Анализата особено покажува со прст кон Федералните резерви (ФЕД) и новата рамка со која се толерира поголемата инфлација за целосно и исклучиво заздравување....