Post Views: 53
На 06.02.2022 во 14.55 часот во СВР Охрид приведен е Б.В. (23) од Битола. При преглед, извршен на улицата „Васил Стефоски” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа алуминиумска фолија со остатоци од хероин.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 8
На 18.12.2021 година во 01 часот во СВР Охрид приведен е Љ.С.(46) затоа што во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Н.К.(28) и С.П.(43), сите од Охрид.
По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
Вакцините против ковид-19 не содржат клетки од абортирани фетуси. Меѓутоа, за да се направат некои од вакцините против ковид-19, при тестирањето и истражувањата биле користени фетални клеточни линии. Феталните клеточни линии се нешто многу поразлично од ткиво од фетус. Тие понекогаш се користат во развојот, потврдувањето или производството на вакцини – вклучувајќи ги и вакцините против ковид-19. Иако за правење на вакцината се користеле фетални клеточни линии, лабораториски реплицирани за време на процесот на производство, самата вакцина не содржи ткиво од фетус.
На социјалните...
Post Views: 16
Владата на Црна Гора одлучи мерките во борбата против корона вирусот да бидат прилагодени на ситуацијата на терен. Затоа, од сабота, 9 октомври, Националниот сертификат за дигитален COVID ќе биде отповикан, рече директорот на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ, на денешната прес -конференција на која беше анализирана актуелната епидемиолошка состојба во земјата.
Галиќ рече дека бројот на нови пациенти се намалил за 40 проценти за две недели и дека бројот на починати се намалил за 18 проценти, а самоизолацијата е скратена од 14 на десет дена.
Бројот на нови случаи...
Post Views: 6
На Клиниката за урологија утрово во осум часот по раководство на доктор Сашо Дохчев, започна трансплантацијата на бубрег, откако доцна ноќеска беше направена експлантацијата од починат донор, информираат од Министерството за здравство.
Тимовите на доктор Сотир Ставридис и доктор Александар Трајановски после полноќ завршија со експлантација на бубрег и коскени ткива од 28-годишен починат донор, чие семејство несебично се согласи да ги донира органите. Благодарение на нивната хуманост, утрово еден бубрег се трансплантира кај 22-годишно момче. Коскените ткива ќе бидат...
Post Views: 1
Професорот Марјан Радески од Охрид, директор на ОУТУ „Ванчо Питошески“ е меѓу 4цата добитници на државното признание просветен работник за учебната 2019/2020 година. Покрај Радески, признанието го добија и професорите Штефица Ујчик од Куманово, Добри Јовевски од Крива Паланка и педагогот Маринела Бошева од Скопје. Признанијата денеска им ги додели Министерката за образование и наука Мила Царовска. Честитајќи им на наставниците кои со својот труд, креативност, иновативност и посветеност кон децата вклучени во училишно и предучилишно образование оставиле посебен белег,...
Post Views: 3
Во текот на вчерашниот ден (06.02.2022) на територијата на СВР Охрид спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 39 возачи.
Од нив две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 30 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а девет надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. А во Кичево пак, биле затекнати 22 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени...
Post Views: 0
Недостигот на лекарски кадар на Одделението за детски болести при Општата болница во Охрид привремено ќе се решава со позајмица на двајца педијатри од Клиниката за детски болести во Скопје.
Тоа го најави министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на Охрид, појаснувајќи дека најавената ротација ќе биде спроведена откако ќе бидат изгласани измените на Законот за здравствена заштита што ќе овозможат лекарите од сите установи да работат насекаде низ државата.
Инаку, одделението за педијатрија во Охрид моментално работи со скратено работно време поради недостиг...
Post Views: 11
ХЕК 293 клетките се користат широко во фармацевтските истражувања, помагајќи им на научниците да креираат вакцини, како и лекови за ревматоиден артритис. Важно е да се забележи дека ниту еден дел од клетките од бубрезите на абортираниот фетус, не се дел од засладувачите на Сеномикс, ниту пак се дел од завршните продукти, во случајот Кока Кола! Ниту Кока Кола, ниту било која компанија за храна и пијалоци во САД не користи производи за конзумација направени со користење на ткиво од неродени абортирани бебиња. Она за кое што станува збор овде е единечна клеточна линија...
Post Views: 6
НАСА првпат ќе ја тестира одбраната на Земјата од потенцијално опасни астероиди. Според „Вашингтон пост“, американската вселенска агенција планира да лансира ракета со специјална сонда – „ДАРТ“, којашто ќе се судри со астероид за да ја промени неговата насока. Почетокот на мисијата е закажан за 24 ноември.
Во 2016 година, НАСА ја формираше Канцеларијата за координација на мерки за заштита на Земјата. Со оваа програма, се пребаруваат астероиди и комети кои би можеле да бидат закана за Земјата на 48 милиони километри од неа, се собираат податоци за нивната големина, насока...
Post Views: 0
Со авион на компанијата „Камаир“ синоќа преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани на Авганистан што ќе бидат прифатени во нашата земја. Веднаш по слетувањето жена во 39-тата недела бременост, нејзиниот сопруг и дете со возило на Итната помош беа однесени на Гинеколошката клиника во Скопје за контрола. Со друго возило беше спроведено лице за кое најверојатно станува збор за колапс.
Солидарноста што ја најавувавме неколку дена денеска им ја даваме на оние на кои им е најпотребна. Пристигна првата група од 149 граѓани од Авганистан...
Post Views: 1
На 12-ти август 2021 година, околу 21:00 часот во ОВР Струга пријавено е дека настанал пожар на депонија и нива со нискостеблеста вегетација во близина на локалниот пат помеѓу струшките села Долно Татеши и Мислодежда.
Со интервенција на Територијалната противпожарна единица Струга, пожарот, во кој нема повредени лица, е локализиран, а потоа целосно изгаснат – информираат од СВР Охрид.