Post Views: 8
Создавање услови за побрз проток на стоките преку граничните премини, како една од мерките за подобрување на бизнис климата, е целта на средбата, најавена за денеска попладне во Владата меѓу вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески со ресорни министри и претставници на надлежни институции.
На средбата ќе се разгледуваат состојбите и ќе се предлагаат мерки за скратување на времето и трошоците при минување на стоките преку граничните премини, соопшти владината служба за информирање.
Покрај ресорните министри и други претставници на Владата, на работниот состанок...
Post Views: 2
Во текот на изминатото деноноќие (23/24.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 615 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Post Views: 4
Истражувањето покажува дека за разлика од кокаинот и синтетичките дроги, што се користат главно за време на викендите, марихуаната е секојдневно средство што го користат Французите.
Податоци од истражување објавено од медиумите во Белгија, покажуваат дека Французите се најголеми уживатели на дрога во Европа. Резултатите од истражувањето се добиени со проверка на отпадните води во урбаните средини. Анализата во Францијапокажала дека концентрацијата на молекулите, што се содржат во канабисот, во водата е петпати повисока од податоците за Амстердам.Податоците од истражувањето...
Post Views: 8
Македонија интензивно се подготвува за организацијата на Меѓународен саем на туризам, кој од 17-20 јануари ќе се одржи во Охрид. За таа цел, денеска во Скопје ќе биде презентирана програмата за претстојниот Саем и Форум за туризам. Како што е најавено, на презентацијата ќе говорат претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, на Стопанската комора на Македонија за туризам, туристичко-угостителската комора и други.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Основното јавно обвинителство Охрид оформи предмет во врска со списоците со имиња на граѓани од Охрид, позитивни на КОВИД-19 кои се споделуваат на социјалните мрежи.
По допрен глас СВР Охрид испрати известување до Основното јавно обвинителство во Охрид, за да се истражи кој јавно на социјалните мрежи поставува списоци или делови од списоци со имиња на граѓани од Охрид, позитивни на КОВИД-19, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Со месеци месеци веќе на социјалните мрежи се споделуваат личните податоци на заболените лица од Ковид-19 , па списоците кружат...
Post Views: 5
Граѓанскиот сектор треба да биде запознат со политиките кои што се спроведуваат на национално и регионално ниво за балансирање на разликите во однос на регионалниот развој. Од организацијата Форум Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје, спроведоа истражувања во однос на ефектите и предизвиците на политиката за рамномерен регионален развој. Слаѓан Пенев проект координаторот на „Алијансата за регионален развој“, открива дека во моментов Скопскиот регион е најразвиен со некаде околу 43% учество во вкупниот бруто домашен производ на национално ниво, што...
Post Views: 7
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на ненасилството, кој се празнува на денот на раѓањето ма најпознатиот миротворец во светот, Махатма Ганди.
Ганди бил првиот човек во историјата коуј се залагал да се прошири принципот на не-насилство од страна на поединецот спрема општествени и политички нивоа.
Индискиот лидер за независност употребувајќи нов начин за масовна мобилизација и ненасилна акција, го собори колонијализмот и ги зацврсти корените на граѓанските, политичките и економските права. Со ова инспирираше и многу други борци за слобода како Нелсон Мандела и Мартин...
Post Views: 6
„Христос се роди“ и „Вистина се роди“, се зборовите со кои денеска се поздравуваат православните христијани, одбележувајќи го денот на христовото раѓање, Божиќ.
Рожденството Христово на 7 јануари според Јулијанскиот календар, го слават верниците во дел од православниот свет, Македонците, Србите, Црногорците, Русите и Украинците.
Божиќ е ден на семејна топлина и блискост, и претставува најрадосен христијански празник. Тоа е ден кога семејството се собира заедно и во топла и пријатна атмосфера го поминува целиот ден.
На Божиќ се оди и во црква, христијаните да запалат...
Post Views: 2
Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети.
Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со уште два предмета – информатика и географија, испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини, а новина има и за проектната задача која ќе содржи истражувачки дел.
До крајот на годинава матурантите треба да се пријават каков вид матура ќе полагаат...
Post Views: 4
Американската вселенска аенција НАСА објавила сателитски снимки од островот во Арапското Море, кој настана после силниот земјотрес во Пакситан во кој починаа повеќе од 500 лица.
Островот е наречен Залзала Јазера, и предизвика огромно внимание кај Пакистанците и луѓето од целиот свет, а секако, и кај експертите. Откриено е дека на островот излегува гас кој е запалив и без мирис, а експертите истакнуваат дека е можно да станува збор за метан.
НАСА ги направила фотографиите на 26 септември, а напоредно се објавени и фотографии од тоа подрачје од 17 април, кога од овој остров...
Post Views: 8
Во координација со земјите од регионот, Македонија ќе испрати официјлен протест до Русија и Украина поради запирањето на дотурот на природниот гас за Балканот.
Ова беше решено на состанокот на Владата и бизнис-заедницата. На средбата што се одржа вчера попладне, договорено е ако има потреба Владата дополнително да увезе мазут за потребите на „Топлификација“, која мазутот го користи како алтернатива на гасот.
Транзитот на рускиот природен гас за земјите на балканскиот регион и Турција беше прекинат вчераутро во 4 и 30 часот. Испораката запре поради спорот на Москва и...
Post Views: 1
Градоначалникот на Општина Охрид објавува Јавен повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на социјална заштита на Општина Охрид за 2022 година.
Од Општина Охрид информираат дека заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид за 2022 година, ќе поддржи предлог идеи на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита. Предлог проектите да се однесуваат на активности од областа на социјалната заштита кои ќе бидат насочени кон директна помош и...