Post Views: 45
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеноски денеска ќе го отвори состанокот по повод отпочнувањето на проектот СИПП за поддршка во користењето на ИПАРД фондовите.
Овој проект е финансиран од ЕУ и има за цел поддршка во ефикасната имплементација на ИПАРД фондовите преку градење на институционалните капацитети кои ќе овозможат ефикасно користење на средствата предвидени преку ИПАРД програмата во периодот од 2007-2013 година.
{loadposition content9}
Post Views: 2
После долго време, поставено е осветлување од мостот на желбите кон населбата Канео. Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков рече дека ќе се реши и безбедното движење по мостот.
Проблемот со кој долги години се соочуваат жителите на населба Канео е решен со поставување осветлување. Има да се реши и безбедното движење по мостот за населбата Канео со цел подобра поврзаност со централното подрачје – напиша Градоначалникот Пецаков на официјалната фејсбук страна.
Post Views: 17
Викендов е оставен првиот асфалтен слој на дел од коловозот на улицата „Абас Емин“. Согласно предвидената динамика, претходно, во рамки на првата фаза од проектот за реконструкција, на овој потег беше поставена нова атмосферска, фекална и водоводна линија со ископ во длабочина од 3,5 метри и ширина од 2 метри и беше извршено преприклучување на корисниците. Исто така беа реализирани активности за соодветно тампонирање и поставување на рабници.
Паралелно со асфалтирањето на коловозот, тековно се изведуваат градежните активности за поставување на атмосферската, фекалната...
Post Views: 1
Во Русија од почетокот на годината се регистрирани повеќе од 62.000 нови случаи на ХИВ инфекција, изјавила Ана Попова, вршител на должност шеф на Федералната инспекција за заштита на правата на потрошувачите и доброто на граѓаните „Роспотребнадзор“.
„До први декември оваа година во Русија се регистрирани вкупно 783.210 лица заразени со ХИВ, а во изминатите 11 месеци пријавени се 62.250 нови случаи“, рекла Попова.
Таа додала дека во тој период околу 24,6 милиони Руси направиле тест за проверка на ХИВ. Официјалните податоци покажуваат дека околу 20.000 луѓе починале во...
Post Views: 8
Законскиот рок за исплата на бруто платите истекува денеска, а фирмите до крајот на денот треба да ги уплатат парите за придонеси и да ја исплатат платата на вработените.
Доколку не биде почитуван законскиот рок, Управата за јавни приходи(УЈП) најавува дека ќе наплатува камати. За секој ден доцнење ќе се наплатува камата од 0,03 отсто.
Од УЈП соопштија дека до саботата 55.497 фирми доставиле пресметки за бруто плата, а одобрени се 53.997 пресметки. Од УЈП немаат точни податоци колку вработени зеле јануарска плата.
Реформата цела плата предизвика многу проблеми кај работодавците,...
Post Views: 3
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-типизирани дрвени тезги 10 (десет) за потребите на Новогодишниот Базар.
Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи:
Физичките лица треба да достава потврда од Комора за регистрирани занаетчи и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со личен потпис, со прецизиран бр.на типизирана тезга за која се заинтересирани.
Правните лица потребно е да достават Решение од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци и исто така Барањата...
Post Views: 8
Египетската полиција го уапси поранешниот премиер Хашим Кандил, поради тоа што судот во април го осуди на една година затворска казна поради не извршување на одлуката за национализација на приватните компании, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесе „Франс прес“.
Турската агенција „Анадолија “потсети дека египетскиот суд го осуди тогашниот премиер и наложи тој да биде разрешен од сите должности.
Имено тој е осуден поради неизвршување на претходната судска одлука, со која се поништува претходната приватизација на текстилна компанија во државна сопственост,...
Post Views: 9
Исплата на долгот кон фармерите, се очекува денеска да започне Американско-израелската компанија „Феникс енерџи“, која е нов сопственик на „Сведмилк Македонија“.
Фармерите претходно најавија дека очекуваат целиот долг да им се исплати до крајот на месецов.
Млекото, пак, што се откупува сега, во февруари, ќе се исплаќа во март.
„Сведмилк“ на околу 2.500 фармери им должи над 3,5 милиони евра за откупеното млеко во изминатите седум месеци. Тие протестираа и бараа помош од Владата и во одредени периоди ја окупираа млекарницата.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Вице премиерот за економски прашана Фатмир Битиќи денеска беше во посета на неколку компании во Охрид кои имаат потпашано со државата договори за државна помош. Државата ќе продолжи со поддршката на компаниите што планираат да го прошируваат производство, да се модернизираат и дигитализираат, да го прошируваат асортиманот и да освојуваат нови пазари, истакна Битиќи по посетата на компанијата АСП-ПАК, која минатата година со Владата потпиша договор за 5 годишен инвестициски циклус во вредност од над 5 мил евра.„ Токму вакви компании ни создаваат добро платени работни...
Post Views: 0
Владата на РМ на 112 седница која што се одржа вчера, донесе одлука 1 и 2 јануари да бидат неработни денови за вработените во јавната администрација, со препорака истото да биде прифатено и од страна на приватниот сектор.
Согласно законот, до сега неработен ден за Нова година беше само 1 јануари.
Post Views: 12
Луѓето толку многу ја смениле планетата што нивното истребување е сосема реална можност доколку продолжат „по старо“, пишува „Хафингтон пост“.
Меѓутоа, ако најдеме начин да формираме одржлив систем, некои делови од човечката цивилизација би можеле да станат квазибесмртни, тврди еден научник. Предизвикот лежи во заедничкиот општествен фокус и прифаќањето на одговорноста дека човештвото игра клучна улога во обликувањето на судбината на планетата, наместо да реагира на одделни моментни кризи и краткорочни цели.
„Нашата цивилизација би можела да стане нов ентитет на планетата,...
Post Views: 8
Последното истражување на јавното мислење во Македонија направено од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува дека најголема грижа за македонските граѓани претставува економската состојба предизвикана од глобалната криза.
Во последниве шест месеци, дури две третини од граѓаните повеќе стравуваат за економската состојба во 2009-та споредено со истиот период лани поради можноста Македонија да биде посилно погодена од економската криза. Има растечки песимизам за економските текови, а тоа претставува дополнителен поттик за Владата да излезе со моќен економски...