Post Views: 1
Американската национална агенција за безбедност (НСА)инсталирала шпионска програма во повеќе од 100.000 компјутери низ целиот свет поради надзор над нив, пишува Њујорк тајмс.
Најчесто софтверот се инсталирал преку упад во компјутерските мрежи, но НСА се повеќе употребувала тајна технологија, што и давала можност да влегува и да ги менува податоците во компјутерите, дури тие и да не биле поврзани со Интернет, покажуваат документите на агенцијата, на компјутерски експерти и на американски службеници, цитирани од весникот.
Радиотехнологијата, употребена од НСА почнувајќи...
Post Views: 4
Финансиски спогодби за реализација на програми со средства од европските ИПА фондови ќе потпишат денеска Македонија и Европската унија.
Како што е соопштено спогодбите ќе ги потпишат евроамбасадорот Ерван Фуере и вицепремиерот задолжен за европски прашања и национален ИПА координатор Ивица Боцевски.
Спогодби кои се однесуваат за програмата за помош во транзиција и институционална надградба, за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција и за финансирање на учеството на Македонија во Европската транснационална програма за територијална соработка „Југоисточна Европа...
Post Views: 1
Во завршна фаза се градежните активности од проектот за реконструкција на улицата „Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улица „Момчило Јорданоски“ до пресекот со улицата „Прва Македонска ударна бригада“ кај „Стобекс“.
Деновиве беше поставен завршниот асфалтен слој на коловозот, а претходно се изведуваа работни активности за поставување на нови рабници и поплочување на пешачката патека од едната страна на улицата. Во текот на наредниот период планирано е поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација.
Проектот за реконструкција на оваа улица...
Post Views: 6
Затворениците во Холандија наскоро ќе мора да плаќаат за сместувањето во затворските келии. Ова се предвидува со новиот нацрт закон кој го подготвува владата на оваа земја.
„Заменик министерот за правосудство, Фред Тевен, смета дека осудениците делумно мора да плаќаат за своето сместување во затворите. Според неговите размислувања престојот на затворениците во затвор не треба да паѓа само врз грбот на државата и општеството, изјавил портпаролот на Министерот за правосудство, Вибе Алкема.
Тој истакнал дека дневните трошоци на Холандија за секој затвореник поодделно се...
Post Views: 9
Под покровителство на УНЕСКО и Регионалното биро за наука и култура во Европа, денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 Февруари.Заштитата на јазиците во светот, борбата против нивното измумирање и одржувањето на идентитетот на нациите преку јазикот, се клучните цели на манифестациите што денеска ќе бидат организирани во светски рамки.
Мацура порачува јазикот да не биде причина за поделби и непријателства во светот, а Владите во сите земји да обезбедат соживот и почитување меѓу народите кои зборуваат различни јазици.
Според него, поврзаноста на...
Post Views: 6
Донесени се соодветни заклучоци и задолженија за Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за заштита на животната средина и за просторно планирање за непречено имплементирање на одредбите од Планот.
Владата ѝ укажува на Управата за заштита на културното наследство и на Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид, до донесувањето на новите детални-урбанистички планови за Охридскиот регион кои ќе бидат усогласени со Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот...
Post Views: 2
Општина Струга е на 45 тото место од вкупно 81 општина, по веб транспарентност. Тоа го говори истражувањето направено од страна на Центарот за управување со промени и Центарот за одржлив развој АЛКА од Скопје во соработка со општина Струга. Неда Малеска Сачмароска од ЦУП вели дека во општина Струга неопходно е да се работи повеќе на унапредување на процесот за подобрување на транспарентноста и отчетноста на општината преку веб страната.
„Ова истражување имаше за цел да постави една основа и да претставува еден конструктивен натпревар меѓу општините како да ги подобрат...
Post Views: 3
Дејвид Сатер, долгогодишен критичар на рускиот претседател Владимир Путин, работеше во Русија од 2003 година за Радио Слобода.
Сатер е поранешен дописник на Wall Street Journal и Finacial Times,а автор е на три книги за Русија и СССР.
Ова претставува прво протерување на еден странски новинар од Русија по завршувањето на Студената војна.
Проблемот настанал кога Сатер сакал да се врати до Украина, од каде известувал за демонстрациите. Нему му било кажано само дека безбедносните служби неговото присуство во Русија не го сметаат за пожелно.
Американската амбасада во Москва...
Post Views: 0
Според првичните рударско-геолошки истражувања, во близина на селото Иловица, општина Босилово, Струмичко, се откриени околу 300 милиони тони резерви на бакарна руда со задоволителен процент на злато во неа.
Со темпо на експлоатација што во моментот ја применува единствениот наш рудник за бакар „Бучим“ од Радовиш овие резерви би биле доволни за работа во наредните 70 години. Само за споредба сегашните резерви со кои располага „Бучим“ се проценуваат на седум до 10 години.
„Под непосреден надзор на Американско-македонската фирма ФЕЛПС „Доџ – Вардар“ петгодишните...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (07/08.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 480 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Post Views: 0
Во знак на протест поради нелојалната конкуренција и зголемувањето на данокот на додадена вредност денеска околу 5.000 такси возачи во Париз, го запреа сообрќајот.
Протестот започна од двата париски аеродроми „Орли“ и „Роаси“, од каде таксистите со своите возила тргнаа кон францускиот главен град во операција на забавување на сообраќајот наречена „Полжав“.
Таксистите протестираат на повик на петте нивни синдикати против „нелојалната“ конкуренција на автомобилите за изнајмување со возач, како и против зголемувањето на ДДВ од седум на 10 отсто, како и со барање за преговори...
Post Views: 1
Конференција „Македонија на патот кон ЕУ и НАТО”, започнува денеска во Охрид, со учество на владини претставници и видни личности од општествено политичкиот живот на Балканот.
Оваа 11-та меѓународна конференција на Балканскиот политички клуб, претпладнево ќе ја отвори македонскиот премиер Никола Груевски. Меѓу учесниците се и поранешните претседатели на Македонија, Турција и Романија, Киро Глигоров, Сулејман Демирел и Емил Константинеску.
Цел на тридневната конференција е поддршка и афирмација на надворешната политика на Македонија кон остварување на стратешката цел,...