Post Views: 4
Од Центарот за комуникации на Вмро Дпмне продолжуваат и понатака да ги чешлаат работата и ветувањата на градоначалникот Александар Петрески.Тврдењето на градоначалникот дека оваа туристичка сезона е послаба во однос на лани заради невоспоставени директни авионски линии, за општинската Вмро Дпмне е неосновано. Според нив една од многуте причини за потфрлување во оваа туристичка сезона, се диво поставените рампи и улиците се претворени во паркинзи. Прашуваат зошто градоначалникот не постапил по налогот на Државниот завод за ревизија и не ги отсранил затоа што договорот...
Post Views: 0
Започна новата учебна година. Околу 900 првачиња во наредните девет месеци своето знаење ќе го стекнуваат во некое од осумте основни училишта во градов. По тој повод во повеќето од нив денес имаше свечена приредба посветена на првиот училишен ден. Во Основното училиште Св. Климент Охридски родителите и децата ги поздрави директорката Славица Илиќ која истакна дека ова е посебен ден за сите нив, ден кој ќе го паметат до крајот на животот.
Возбудените првачиња не ги криеја солзите кои беа израз на тага што се делат со безгрижното детстви, но и на радост што започнуваат...
Post Views: 4
Во врска со вчерашниот прилог во кој д-р Никола Симоноски упати обвинувања до раководниот менаџмент на Јавна Здравствена Установа „Општа болница“, дека не биле подготвени да интервенираат за давање помош на повредените во авионската несреќа, до редакцијата на ТВМ демант упати заменикот раководител на Работна единица анестезија и реанимација, д-р Наум Љатко.
Тој ја демантира изјавата на д-р Симоноски и вели дека одделот за анестезија и реанимација бил подготвен, и со персонал и со соодветна апаратура, да им пружи помош на настраданите во авионската несреќа во Скребатно,...
Post Views: 10
Мултимедијален историски проект, кој истовремено ќе биде и едукативен, ќе се случува во Охрид од 5 до 8 септември.
„Историскиот фестивал наречен „ Средовековен Охрид “ ќе се одвива во старото градско јадро и прествува една новина за Македонија, но и пошироко за Балканските простори“, вели еден од организаторите од здружението на граѓани „ ЕОН“, Ѕвонко Наумоски.
На просторот на поранешната библиотека ќе биде исцениран средновековен пазар, ќе бидат поставени шатори, а ќе бидат презентирани и занаети од средновековниот период со костимирани жители.
„Далга„ , „Антико“,...
Post Views: 7
Туристичката сезона која е во одминување според оценките на охридскиот градоначалник е послаба од ланската. За тоа има повеќе фактори од кои Петрески ги издвојува, недоволно решената инфраструктура, немањето директни авионски линии до Охрид од повеќето европски и светски центри, како и високите цени кои ги понудија хотелиерите во градов.
Според првичните проценки, во Охрид во шпицот на сезоната имаше околу 20 000 гости. Иако оваа бројка е висока таа не е репер за успешна туристичка сезона. Најголемиот дел од гостите беа од земјава, а околу 2 000 имаше од странство и...
Post Views: 1
Иако повикани, раководните лица од болницата не се одзвале на повикот за помош на дежурните лекари- тврди еден од нив. Раководните лица од болницата се на годишен одмор.
Јавната здравствена установа Општа болница воопшто не била подготвена, доколку биде потребно, да ги прими жртвите од вчерашната авионска несреќа. Ова го тврди дежурниот лекар- хирург, Примариус д – р Никола Симоноски, кој бил на своето работно место по падот на авионот. Заедно со дежурниот лекар- анестезиолог биле препуштени сами на себе.
„Не знам како ќе постапевме доколку се јавеше потреба...
Post Views: 2
Алкохолни пијалоци од 1 септември ќе може да се продаваат само во продавниците кои имаат лиценца за тоа. Според законските прописи алкохолоните пијалоци ќе треба да бидат одвоени од другите производи и ќе може да се продаваат од 6 часот наутро до 19 часот навечер. Забранета ќе биде продажбата на алкохолните пијалоци, вклучувајќи го и виното и пивото во продавници во состав на бензиските пумпи, киосците и на зелените пазари. Барања за лиценци се поднесуваат во Министерството за економија од почетокот на неделава. Интересот, како што информираат од оваа институција, е...
Post Views: 12
Од Управата за Цивилна воздушна пловидба, чија комисија го испитува случајот, најавуваат дека резултатите од истрагата ќе бидат познати по десеттина дена.
Причините за вчерашниот пад на авионот Цесна, при кој животот го загубија четири лица ќе бидат познати по десеттина дена. Ова го соопштија од Управата за Цивилна воздушна пловидба, чија комисија работи на расветлување на случајот. Остатоците од авионот уште во текот на денешниот ден ќе бидат испратени на вештачење во Агенцијата за воздухопловство во Скопје.
Според Агенцијата, првичните индиции за можните причини...
Post Views: 4
Советот на безбедност при општина Охрид и претставници од СВР ќе преземаат низа активности по основните и средните училишта за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Почетокот на учебната година ги натера надлежните уште посериозно да размислуваат како да ја подобрат безбедноста во сообраќајот. За таа цел денес одржа состанок Општинскиот совет за безбедност на кој учествуваа и претставници од СВР Охрид.
Според податоците со кои располага Министерството за внатрешни работи во текот на оваа година забележано е подобрување на безбедноста на сообраќајот во градов....
Post Views: 9
Четири лица загинаа денес во месноста Скребатно, кај селото Лескоец, во близина на Охрид кога мал патнички авион на пилотската академија Скопје Аир со ознаки Z3-DCV удрил во паркирано патничко возило Zastava 750 при обид ниско да го надлета местото, каде се одржувал голем црковно-народен собир по повод празникот Голема Богородица.
*** ВИДЕО ОД МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА – КЛИКНИ ***
Oчевидците кои биле на местото на несреќата тврдат дека авионот летал многу ниско, дека се слушала неправилна работа на моторот, по што следувало негово уривање најверојатно во обид да ја...
Post Views: 3
Во 12 часот и 39 минути, едномоторен авион од типот „ Цесна“ се сруши во близина на Манастирот Св. Богородица, во излетничкото место на селото Скребатно.
Авионот го надлетувал просторот над манастирот и пуштал летоци кога почнал ненадејно да паѓа и удрил во кола тип Фичо без да испушти било каков звук.Во автомобилот се наоѓало девојче, но за среќа не било сериозно повредено. Во несреќата живото го загубија 4 лица кои биле во авионот. Неофицијално дознаваме дека станува збор за сопственикот на хотелот „ Ловец “ , негов зет од сестра, келнер од ресторан Ловец, како и политот...
Post Views: 1
Овој празник посветен на мајката на Спасителот Исус Христос е еден од најзначајните за верниците од православната вероисповед. Кога Исус бил распнат на крстот, Богородица стоела покрај него и плачела над судбината на својот син. Марија многу често го посетувала гробот Исусов и го молела Бога побргу да ја земе кај нејзиниот син. Набргу Господ и пратил вест дека е скоро часот кога таа ќе умре.
Отец Љупчо Симиџиоски вели „денес Пресвета Богородица мајката на Спасителот Исус Христос е посредник меѓу Бога и луѓето. Сите молитви за здравје и спасение се упатени кон неа....