Post Views: 3
Во врска со прилогот за проектот „Духот на Охрид“, висината на средствата кои беа вложени во овој проект, како и нивната наменска примена, нашата информативна редакција побара објаснување од Европската комисија, од каде го добивме следниот одговор:
„Духот на Охрид“ беше дел од Соседската програма на Европската Унија 2005. Корисник на средставта кои беа одобрени, беше општината на град Охрид. Висината на средствата во реализавијата на овој проект со кој учествуваше Европската комисија изнесуваше 162.534 евра. Договорот беше потпишан на 29/08 2007 година со период за имплементација...
Post Views: 0
Веќе 33 години неуморно ја носи поштата во секоја куќа. Според него, поарно се работеше во старите добри времиња, кога сите со нетрпение го очекуваа чичко поштар.
И да врне и да вее и бура да коси поштар пошта носи… Ова е дел од познатата детска песна но и дел од секојдневието на чичко Стефан – охридскиот поштар. Оваа работа тој ја врши веќе 33 години. За себе вели дека сеуште си ја сака професијата како на самиот почеток кога се вработил. Преку неа стекнал големи искуства, и пред се нови познанства. Како што вели, го познаваат од најмало до најстаро. Во...
Post Views: 6
Благодарение на посетата на директорот на Агенцијата за катастар на охридскиот катастар, по триесет и пет години еден предмет доби епилог. Од агенцијата најавуваат почести средби со граѓаните низ цела држава.
Цветко Јанкуловски, триесет и пет години не можел да добие имотен лист поради тоа што за дел од неговиот имот кој се наоѓа во близина на некогашната Винарска визба државата тврдела дека е во нејзина сопственост. Тој правдата сите овие години ја барал во охридскиот катастар и во институциите на системот, за конечно денес да се реши неговиот случај.
Случајот на...
Post Views: 4
Од сега па натаму македонските цариници ќе знаат што да прават со радиоактивниот отпад доколку таков се затекне на царинските терминали. Нема повеќе толеранции за никого, велат од Агенцијата за радиоактивна сигурност.
Македонските цариници ќе се учат како да се однесуваат кога на царинските терминали ќе откријат радиоактивен отпад. Досега во вакви ситуации процедурата што се спроведувала била нејасна па поради тоа радиоактивниот отпад и по неколку денови чекал на некој од терминалите. Не беше многу одамна кога камион со радиоактивен отпад се обиде преку Косово да влезе...
Post Views: 2
Доколку за брзо време не се најдат нови енергетски извори Македонија може да ја зафати енергетска криза, велат од Здружението на енергетичарите на Македонија. Треба да направиме се што можеме за да не ни се случи тоа, додаваат од таму.
„Македонија не се наоѓа во енергетска криза. Но, доколку за брзо време не се најдат нови енергетски извори тоа може да се случи“, велат од Здружението на енергетичарите на Македонија кои заедно со многу видни гости од Европа и Светот овие денови во Охрид ќе разговараат на повеќе теми поврзани со енергетиката и новите енергетски извоири....
Post Views: 9
„Промената од функцијата Државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање е направена по мое барање“. Ова денес ексклузивно за ТВМ го изјави Дејан Паноски
Дејан Паноски денес ексклузивно за ТВМ прв пат проговори за причините поради кои од пред една недела повеќе не ја извршува функцијата Државен секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање. Паноски вели дека непотребно се крана голема прашина околу неговото доаѓање во Охрид.
„Се вратив поради лични причини и на мое барање, објаснува тој. Не претендирам на никакви фотељи...
Post Views: 10
Ги охрабрувам Македонија и Грција итно да најдат решение за прашањето за името, што е во најдобар интерес за двете страни, изјави американскиот секретар за одбрана, Гејтс.
САД силно ја поддржуваат Македонија на патот кон НАТО, изјави на сребата со новинарите американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс. Исто како вас и ние бевме разочарани кога Македонија во Букурешт не ја доби поканата за членство во алијансата.
„Има само еден пат до членство во НАТО, а тоа е едногласна согласност на сите членки на алијансата. Ситуацијата е компликувана и затоа треба да работиме...
Post Views: 7
Нашите војници ќе продолжат да учествуваат рамо до рамо со нивните колеги од НАТО, во задачите за воспоставување на мир и ширење на демократија во светот, рече Премиерот Груевски.
Ние чекавме и трпеливо ќе чекаме да биде исправена неправдата од Букурешт. Паралелно на тоа нашите војници ќе продолжат да учествуваат рамо до рамо со нивните колеги од НАТО, во задачите за воспоставување на мир и ширење на демократија во светот. Ова го истакна премиерот Груевски на официјалното отварање на Состанокот на Министри за одбрана од земјите од Југоисточна Европа. При тоа трпеливо...
Post Views: 13
Девет месеци поминаа од истекувањето на договорот за закуп склучен пред 15 години помеѓу заводот за кардиологија и Општинската организација на Сојузот за борци . Сеуште нема изгледи за склучување нов.
Изминаа девет месеци од истекувањето на Договорот за закуп помеѓу тогашната управа на Заводот за кардиологија и Сојузот на борци на Македонија, а сеуште не е потпишан нов. Општинската организација на Сојузот на борци како сопстевник на објектот, уште во мај минатата година се обидела да го обнови договорот, но не наишле на разбирање кај ресорното министерството, вели...
Post Views: 21
Петрески со оценка дека станува збор за политички чин без реални причини. Со повлекувањето на Паноски губи пред се градот, вели Петрески.
Градоначалникот Петрески, жали што Дејан Паноски повеќе нема да ја врши функцијата Државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање. Одлуката на централната власт ја оценува како политички чин без реални причини.
„Ние имавме многу добра соработка со Паноски. Се радував на кадровските решенија со кои луѓе од Охрид се назначуваат во централната власт, независно од политичката партија од која доаѓаат. Со тоа...
Post Views: 10
Во тек е конкурсот за проект за идејно решение на комплексот „Билјанини извори“. „Со неговото уредување ќе добиеме уште едно место со кое ќе можиме да се пофалиме пред странците“, вели градоначалникот Петрески.
Граѓаните ќе одлучат како во иднина ќе изгледа комплексот „Билјанини извори“. Во тек е конкурсот на кој може да се пријави секој кој има изработено проект за идејно решение на ова препознатливо место за Охрид. Градоначалникот Петрески вели дека крајно време е „Билјанини извори“ да си го добијат ликот кој го заслужуваат.
Тој објаснува дека во неколку наврати...
Post Views: 2
Менаџерскиот тим на детската установа „Јасна Ристеска“ ги почувствува потребите на социјално загрозени семејствата, па организираше акција со која се одбележа Детската недела.
Марина Петровска директорката на детските установи Јасна Ристеска потенцира дека станува збор за скоро нова облека и обувки која децата брзо ја одрастуваат. Се надеваат дека нивната акција ќе донесе малку среќа на лицата од родителите кои имаат финансиски проблеми.
Акцијата спроведена во 5-те градинки со помош на родителите на децата од градинките кои донираа облека и обувки за нивните...