Post Views: 6
Хотелиерите ја поздравија иницијативата за потпишување Меморандум за соработка со ЈП „Билјанини извори“ бидејќи сметаат дека на овој начин ќе се продолжи туристичката сезона и ќе ги привлечат гостите од светот на спортот.
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу четири охридски хотели Белведере, Ино спектар, Метропол и Белви, Ривиера и ЈП „Билјанини извори“. Целта е развој на спортскиот туризам и зголемување на понудата на хотелските капацитети во градов. Со овој меморандум јавното претпријатие презема обврска на сите спортски настани да ги промовира овие хотелски капацитети,...
Post Views: 1
Во неделата за борба против гладта, Црвениот крст ќе подели хуманитарни пакети, а по повод трагичната смрт на Тоше Проевски организира хепенинг.
Над 500 пакети со прехрамбени производи ќе им бидат поделени на гладните во Охрид. Црвениот крст заедно со повеќе институции, маркети и поединци од градов барем на кратко, на загрозените семејства ќе им го решат овој голем материјален проблен. На овој начин Црвениот крст ќе ја одбележи неделата на гладните која започнува од утре. Во акцијата масовно се вклучија и учениците од основните училишта од градов како и оние од детските...
Post Views: 3
Не мора да значи дека ако се млади, не се свесни за својот национален идентитет и историското наследство.
Една група млади охриѓани, на денот на ослободувањето и денот на борецот, го однесоа македонското знаме на врвот Петрино. Иако догодина дефинитивно ќе им биде потребно ново знаме, сепак убаво е да се знае дека младите не ги заборавиле своите корени и деновите од македонската историја кои навистина значат.
Post Views: 5
Четириесеттина научни работници од Европа ќе ги сублимираат досегашните резултати од истражувањата на староста на Охридското Езеро, едно од најбогатите природни езера во светот со ендемски видови.
Ќе се формираат и менаџерски тимови со цел да отпочне заеднички проект од 2010 година вели Гоце Костоски-директор на Хидробиолошкиот институт во Охрид. Прелиминарните истаржувања покажале дека езерото е старо помеѓу 3 и 4 милиони години, но тоа се само претпоставки па затоа ќе се продолжи со понатамошни истражувања велат научните експерти.
Во Охридското Езеро живеат преку...
Post Views: 1
Развојот на руралниот туризам во последните 10 –тина години не ја заобиколува ни нашата земја.
Населението од 30 –тина села во Охридско и Дебрца покажало голем интерес за вклучување во туристичката понуда, секој со она што може да го понуди, почнувајќи од производство на храна, одгледување на добиток, лов, па се до карактеристичните верски обреди вели Ѓоко Апостолов лидер менаџер на проектот „Јакнење на локалните институции и организации во развој на руралниот туризам“.
Проектот има за цел да ги обедини инстиуциите на општините Охрид и Дебрца, и нивните месни...
Post Views: 3
Кривична пријава, против директорот на АД „Слобода“ Томе Л. од Охрид, за постоење на основано сомнение злоупотреба на службената положба и овластување и даночно затајување, поднесе СВР до основниот јавен обвинител.
Томе Л. потпишал купопродажен договор во име на акционерското друштво „Слобода“ со приватната фирма „Линеа трио“ ДОО Охрид, на износ од 84.000 евра, за продажба на работничката менза и земјиште со површина од 3225 м2. Договорот го потпишал со знаење и одлука на Одборот на директори за мензата, но не и за земјиштето. Претходно, од страна на овластен проценител,...
Post Views: 3
Мирка Милеска сопственичка на куќа, во втората урбана единица се жали на бесправните градби на соседите, но и на комуналната нехигиена која ја прави нејзиниот сосед сопственикот на ресторанот „Римари“.
Милеска вели не може да се најде решение за ваквата состојба иако се обраќала до сите надлежни служби. Таа потенцира дека сега со законот за јавна чистота очекува работите да се средат и во оваа урбана единица .
Мирка Милеска, живее и работи во Холандија 35 години и вели дека ќе биде принудена на радикални мерки. Ќе ја запознае 17 милионската, холандска ...
Post Views: 1
Граѓаните го искористија „Отворениот ден на градоначалникот со граѓаните“, за да му ги кажат своите проблеми. Еден од нив е и Таир Сабри.
Таир Сабри, вработен во Работната единица „Хигиена“ во ЈП „Комуналец“ не е задоволен од односот на неговиот претпоставен Стевчо Маслов. Тој раскажува дека во саботата одбил да ги извршува работните задачи бидејќи беше државен празник па дневницата треба да биде двојна, а за неговиот ангажман на втори август не му била исплатена никаква дневница, а камоли двојна. Поради тоа Маслов почнал вербално да го навредува па дури се обидел и...
Post Views: 3
Комуналец низ градов постави 39 контејнери наменети за ПЕТ амбалажа. На тој начин ќе се врши селекција на пластичниот отпад, а ова јавно пртпријатие ќе го подига и продава.
39 контејнери наменети за ПЕТ амбалажа, деновиве се поставуваат низ градовод страна на ЈП Комуналец. Ова е дел од проектот за селектирање и рециклирање на пластиката, подржан од УСАИД, а целта е создавање механизми за примарна селекција и рециклирање на пластичен отпад.
„Комуналец е подготвен за подигање, собирање, делумна обработка и складирање на ПЕТ отпадот“, вели директорот Боро Павлоски.
„Ова...
Post Views: 2
Работодавачите на Македонија и Унијата на работодавачи од Црна Гора организираа бизнис средби со претпријатија од повеќе области како градежништвото, туризмот, нафтената индустрија и др. Целта е да се запознаат црногорските и македонските фирми заради размена на искуства, вложување во нашата држава, развивање на нови бизниси како и можност за размена на работници од овие две држави. Една ваква средба денес се одржа во Охрид .
„Само оваа година во Црна Гора имаше преку 100 000 работници од Македонија, рече Владимир Чуровиќ, генералниот секретар на Унијата на работодавачи...
Post Views: 0
Се обновува соработката помеѓу туристичките работници од градов и од познатите туристички центри во Црна Гора.
„Пред дваесет години имавме голема туристичка размена “, вели Зоран Илиќ извршниот директор на познатиот хотел „Старс“ од Будва. „Минатово лето голем број туристи од Македонија летуваа кај нас, а и многу црногорци уживаа во убавините на Охрид. Недостасува само поголема пропаганда за понудата на вашиот град и подобра инфраструктура за Охрид да биде една од најбараните дестинации од страна на нашите граѓани“, објаснува Илиќ.
Со црногорските туристички работници...
Post Views: 2
65 годишнината од создавањето на првата слободна територија во окупираната Македонија денес беше свечено одбележана во Дебрца.
65 годишнината од создавањето на прва слободна територија во окупираната Македонија денес беше свечено одбележана во Дебрца. „Херојските дела и историските настани на ова подрачје остануваат вечно во колективното паметење на македонскиот народ“, беше речено на денешниот собир. Од славната Дебрца беше порачано дека некои настани од нашето минатао ништо не може да ги избрише. Како историска придобивка беше истакната работата на училиштата на...