Post Views: 7
Се одржа првата средба организирана од страна на прекуграничниот Форум за животна средина. Учествуваа претставници на Јавната установа Национален парк Галичица и нивните колеги од Преспа- Албанија. Присуствуваа и претставници на локалните заедници од населените места во границите на парковите и од невладини организации од Р. Албанија. Целта на средбата е подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу двата национални паркови и локалните заедици. При тоа да се интензивира и прекуграничната соработка во однос на заштитата на природата и одржливиот развој.
Средбата...
Post Views: 11
Викендов во Охрид, на просторот пред хотел „Далјан“, се одржува Баскет турнир на глуви лица од Република Македонија. Учествуваат претставници од голем број градови во земјава. Се натпреваруваат 16 машки екипи и 8 женски.
„Ова е традиционална манифестација, која се одржува по втор пат. По бројот на учесници е една од најмасовните“ , потенцира Дамир Розман, Генерален секретар на Спортската федерација на глуви.
Баскет турнирот е во организација на Спортската федерација на глуви лица.Ваквите спортски игри претставуваат вистинска можност за глувите лица да се дружат...
Post Views: 5
Се разменуваат искуства, но и спортски резултати. Се одбележуваат и десет години постоење на ЈП Македонски шуми.
Шумарите од земјава и регионов викендов престојуваат во градов. Над сто вработени и претставници на шумарската дејност се дружат, разменуваат професионални искуства. Охрид е домаќин на 42- та по ред манифестација Денови на шумарството.
„Ја користиме оваа прилика за размена на искуства и комуникација. Овие луѓе напорно работаат преку целата година и немаат друга можност да се видат и комуницираат меѓу себе“, вели Владимир Пахшованоски, Генерален Директор на...
Post Views: 8
Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести со кои ќе ги бара правата на работниците. Од Владата остануваат на ставот- измените се во согласност со европските директиви.
Најновите измени на Законот за работни односи дополнително ја влошуваат состојбата на работниците. Се кршат нивните основни права, тврдат од Сојузот на синдикати на Македонија.
Измените се против потпишаните меѓународни конвенции за заштита на работниците и на одредбите на ЕУ кои го регулираат овој сектор, велат од ССМ. Најголемите реакции се околу прогласувањето на технолошкиот вишок, ноќната...
Post Views: 10
Стручните лица велат дека располагаат со мал потенцијал за користење на овие средтсва. Додаваат дека вината е во централната власт, но дел и во европскаат комисија.
Преставници од локалната самоуправа и невладините организации ќе се обучуваат како да стигнат до парите од фондовите на Европската Унија. Дел од учесниците веќе имаат некакво искуство, но потенцираат дека ова е нова можност да научат повеќе.
Во текот на 6 дена консулатанти од Македонскиот центар за европска обука ќе ги учат учесниците на работилницата како да ги подготвуваат проектите за да користат...
Post Views: 7
Тој реагира дека поради неговата несериозност, Охрид ќе остане без двете фудбалски игралишта за чија изградба владата пред две години даде пари. Грозданов бара под итно Петрески да даде дозвола за градба за игралиштето во Лескоец.
154.000 евра наменети за изградба на двете фудбалски игралишта ќе пропаднат доколку градоначалникот Александар Петрески и понатаму продолжи да се однесува несериозно и инфантилно, обвинува пратеникот Цветко Грозданов. Тој објаснува дека веќе две години не можат да започнат градежните работи во Лескоец на просторот кој е предвиден за...
Post Views: 4
Триесет и три егзотични дрвца се украдени од дворот на приватна куќа. Се апелира надлежните да ги спречат ваквите чести појави.
Триесет и три егзотични дрвца се украдени од дворот на приватна куќа. Сопственикот , Слободан Булески вели дека кражбите биле вршени во три наврати. Тој објаснува дека пред три недели со цел да го оплемени сопствениот двор засадил дрвца кои после десетина дена биле украдени. Повторно купил нови и ги засдадил пред својата куќа која е лоцирана речиси во центарот на градот, наспроти факултетот за Туризам и угостителство.
И овој пат дрвцата биле...
Post Views: 4
Министерството за животна средина и просторно планирање изготви нацрт Закон за заштита на културното наследство во Охрид и охридско. За шест месеци тој би требало да се најде пред парламентарците кои ќе одлучат дали ќе биде усвоен или не.
Охридскиот регион ќе се штити со посебен закон. Министерството за животна средина и просторно планирање изготви нацрт Закон за заштита на културното наследство во Охрид и охридско. Дејан Паноски, државниот советник за води вели дека не било потребно многу време за негово изготвување бидејќи тимот кој работел на оваа нацрт верзија има...
Post Views: 3
Охриѓани поитаа да ја примат вакцината и да се заштитат. Интересот за вакцинација е поголем за разлика од лани велат докторите. Годинава Заводот за здравствена заштита од Охрид набавил 1100 дози. За само два дена се имунизиарани над 315 лица, кои за примање на вакцина издвоиле 400 денари.
Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, епидемиолог од охридскиот завод вели дека Светската здравствена организација препорачува вакцинирање на сите лица кои имаат намален имунитет и хронични заболувања, како и на здравстените работници и лицата кои работат во јавните служби.
Во...
Post Views: 17
„Хуманоста на Тоше наш патоказ“, со ова мото помладите охриѓани ја одбележаа годишнината од трагичната смрт на Тоше Проески.
И после една година солзите не пресушија. Велат времето лечи се, но не и тагата по нашата музичка звезда и голем хуманист, Тоше Проески. Охриѓани уште еднаш се обидоа да му покажат на Тоше дека секогаш ќе го сакаат и почитуваат неговото дело.
Денес на градскиот плоштад одекнуваа звуците од песните кои ги изведуваше Тоше. Децата од основните училишта во градов во организација на Црвениот Крст организираа забава под мотото „Хуманоста на Тоше наш...
Post Views: 1
Над 500 пакети со прехрамбени производи ќе им бидат доделени на социјалните случаи во градов. На ваков начин Црвениот крст го одбележа Светскиот ден за борба против гладта.
Охриѓани го одбележаа почетокот на неделата за борба против гладта. Денес на градскиот плоштад активисти од Црвениот крст како и ученици од основните училишта во градов на нивните соученици чии родители имаат помали финансиски примања им делеа пакетчиња со прехрамбени производи и средства за лична хигиена.
Црвениот крст заедно со повеќе институции, маркети и поединци од градов подготви над 500 пакети...
Post Views: 6
Медиумите кои легално емитуваат програма се на удар од оние кои тоа го прават недозволено, а пиратеријата царува. Експертите сметаат дека само со регионална соработка ќе се стави крај на ваквите појави.
Медиумите кои легално емитуваат програма не можат рентабилно да работат поради нелојалната конкуренција за сметка на оние медиуми кои немаат никакво право на емитување на одредени емисии или филмови. Авторите на композициите, продуцентите и многу други секојдневно се сретнуваат со проблемот на незаштитени авторски права. Пиратеријата зема се поголем замав. Се поставува...