zavod za zdravstvena zastita

Охридските угостители ги воведуваат ХАСАП стандардите

Post Views: 2   Охридските угостители забрзано ги воведуваат ХАСАП стандардите во своето работење. Сметаат дека со ваквиот начин на самоконтрола во работењето, конечно ќе се стави крај на безредието во произведувањето и продавање храна. „ Повеќе нема да може кој каде сака да продава плескавици, а при тоа да нема каде да ги измие рацете“, коментира Љупчо Блажевски сопственикот на хотел Сончева порта. Преку воведувањето на ХАСАП системот ќе се обезбеди поголема заштита на гостите, но и ние ќе се обезбедиме од евентуални грешки и пропусти, велат угостителите.Поголемиот број угостителски...

Continue reading

centar za kultura

Центарот за култура нуди богата културна есен

Post Views: 4 Најнови филмови, театарски претстави, изложби, поетски читања и уште многу културни случувања на охриѓани им нуди Центарот за култура „Григор Прличев“. Од таму велат дека условите во кино салата многу се подобрени, а во тек е и процедурата за препокривање на покривот кој години наназат прокиснуваше. В петок од 20 часот децата а и сите кои се чувствуваат како деца ќе можат повторно да ја видат претставата Пепелашка. За сите првачиња влезот ќе биде слободен. Сеуште се прикажува и претставата Григор Прличев која минатата недела беше одиграна по шести пат. Директорката на...

Continue reading

poribuvanje

Калифорниската пастрмка го загрозува опстанокот на охридската пастрмка

Post Views: 1 Вчера спортски риболовец во каналот кај Билјанини извори фатил калифорниска пастрмка тешка повеќе од еден килограм. Оваа риба не е автохтон вид во езерото па се поставува прашањето од каде дошла. Во езерото нема охридска пастрмка, но затоа има калифорниска. Вчера спортски риболовец во каналот кај Билјанини извори фатил калифорниска пастрмка тешка повеќе од еден килограм. Оваа риба не е автохтон вид во езерото па нејзиното егзистирање може да доведе до нарушување на неговата еколошка рамнотежа, вели Ѓоко Зоровски член на еколошкото друштво „Грашница“. Зороски додава...

Continue reading

soobrakajna nesreka

Сообрајна незгода во која животот го загуби 24-годишно лице

Post Views: 5 Вчеравечер, во 19 часот и 40 минути, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на влезот за хотел ,,Парк“ се случи тешка сообраќајна незгода во која животот го загуби 24- годишниот Роберт М. од Охрид. Полесно повредени се лицата И.Н. од Кичево, роден 1990 година и И.М. од Битола, роден 1990 година. Незгодата се случила во моментот кога, сега починатиот Роберт, управувајќи патничко моторно возило марка ,,Рено-Лагуна“ со охридски регистарски ознаки, движејќи се кон Охрид, на критичното место изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот на десната страна...

Continue reading

sojuz stopanski komori

Во Европа со ИСО-14 001

Post Views: 6 За брзо време голем број организации ќе имаат законска обврска да ја заштитат животната средина. Доколку сакаме да станеме дел од Европа треба и во Македонија да го примениме системот за управување, ИСО 14 001. Охрид е еден од почистите градови во Македонија. Тоа го покажуваат испитувањата од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Но, ваквата состојба може преку ноќ да се промени доколку не се води соодветна политика за заштита на животната средина преку систем за управување со истата. Негова цел меѓу другото е стимулирање на организациите...

Continue reading

zeni-ARM

Започна дводневната Конференција за жените, мирот и безбедноста

Post Views: 3 Конференцијата се реализира врз основа на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која се однесува на половата еднаквост и правата на жените во сферата на одбраната и безбедноста. Застапеноста на жените во македонската армија се движи во рамките на европскиот просек и тоа благодарение на нивниот се поголем интерес за војничката професија.На тема- жените, мирот и безбедноста се расправа на дводневната конференцијата која започна денес. Конференцијата се реализира врз основа на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која се однесува на застапеноста, половата...

Continue reading

opstina Ohrid

Стопирана изградбата на сервисниот центар во локалната самоуправа

Post Views: 13 Стопирана изградбата на сервисниот центар во локалната самоуправа. Со судско решение се забрануваат понатамошни градежни зафати.  До ваквата одлука дојде откога ПЕ на Министерството за правда пред речиси еден месец поднесе тужба против локалната за вознемирување на сопственост. За градоначалникот на Охрид ова е политичка одлука. „Со ова просторно  проширување од  63 метри квадратни најмногу добиваат граѓаните, вели Петрески. Тука тие  ќе можат да добиваат информации за работењето на локалната самоуправа, па не знам зошто тоа некому му пречи“, додава градоначалникот....

Continue reading

Jonce Spirkoski

„Неправедно останав без куќа“, вели охриѓанецот Јовче Спиркоски

Post Views: 0 Стакаларот  Јовче Спиркоски раскажува дека неправедно останал  без семејната куќа од 80 метри квадратни на улицата  Кирил и Методиј. „Сега јас, сопругата и двете малолетни  деца сме на улица“ додава тој. Се започнало со судски спор  во 2003 година со поранешниот бизнис партнер.Со лажна пријава и тужење, Војне Голабоски  ми ја зеде куќата раскажува Спиркоски. Судот му ја досуди нему, а јас останва исфрлен на улица. Спиркоски вели дека се обраќал до сите институци, но добивал третман како изманик и криминалец. Имам впечаток дека сите инситуции работат за Голабоски кој...

Continue reading

zavod za zdravstvena zastita

Уште два месеци до имплементацијата на Хасап системот

Post Views: 8 Хотелите, рестораните, сендвичарите и сите оние кои продаваат и произведуваат храна ќе бидат затворени доколку до нова година не ги  спроведат ХАСАП стандардите. Владата одлучи, од 01. 01 2009 година според Законот за безбедност за храна мора да се воведе ХАСАП системот. Од охридскиот ЗЗЗ велат дека нормативите се многу ригорозни па затоа ќе ги спроведуваат стручни лица. Со ХАСАП системот опфатен е цел сет на работи кои субјектите треба да ги исполнат почнувајќи од инвентар, услови за работа, редовни здравствени контроли на вработените, употреба на чиста облека, транспорт...

Continue reading

Johan Tarculoski

Охриѓани ќе го бранат Тарчуловски со своите потписи

Post Views: 1 Граѓаните на Охрид со својот потпис му даваат подршка на Јохан Тарчуловски. На два пункта кај градскиот плоштад и кај чинарот денес се собираа потписи кои ќе бидат доставени до Хашкиот Трибунал. Поголемиот дел од нив велат дека се убедени во невиноста на Јохан и дека Трибуналот направи огромна грешка со донесувањето на пресудата. Од пред една недела во тимот на адвокатите на одбраната на Јохан Тарчуловски е вклучен и Ален Дершовиц, реномиран професор на Харвард и еден од најголемите експерти по кривично право. Поради тоа одбраната побара од Трибуналот да го продолжи...

Continue reading

zname VMRO

Спроведен „Денот на идеи“

Post Views: 1 Неколку години по ред  на граѓаните им се дава можност активно да учествуваат во креирање на општествено политичкиот живот. Охриѓани овој пат своите забелешки во пишана форма,  ги доставуваа  во затворени пликови, адресирани до ресорните министерства. Интересот на граѓаните за Владиониот проект бил голем. Најголем  дел од забелешките биле адресирани до двете министерства за култура и образовани. Владата и ресорните министертсав сите предлози, критики и забелешки ќе ги разгледуваат  и ќе дадт соодветни одговори.  Владиниот проект беше спроведен во сите градови во  ...

Continue reading

Rotary club

Охридските ротаријанци продолжуваат со своите хумани дела

Post Views: 6 Продолжуваат хуманите дела на Ротари клубовите. Викендов во Охрид престојуваше првиот човек на Ротари клубот од Анкара, Турција кој најави збратимување со охридскиот клуб. Горан Балески , Претседател на Ротари клуб- Охрид најавува голема донација која на многу охриѓани ќе им го подобри животот. Сепак, вели: рано е да откриеме за што точно станува збор. На нашите средби постојано разменуваме  нови идеи со чија реализација веруваме дека ќе им помогнеме на луѓето на кои помошта им е најпотребна, велат ротаријанците. Ротари клубот од Турција, во рамките на својата посета...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top