plasticni kesi

Голем кам-бек на платнените торби

Post Views: 4 Од идната  година  ќе се применуваат голем број ригорозни закони и наредби. Наредбата за забрана на употреба од пластични  кеси до 5 кг е една од тие што следуваат. За да се спречи загадувањето на животната средина купувачите ќе употребуваат платнени торби и книжни кеси. Пластичните  кеси ќе се забранат од  употреба со  наредба. Таа  е донесена во  август оваа година , a  ќе се применува од јануари 2009 година. Граѓаните за оваа најнова наредба со размислување. Министерството за животна средина во соработка со министерствата за здравство, економија и земјоделство ќе...

Continue reading

Vojne Golaboski

Исповед од другата страна

Post Views: 3 Војне Голабоски денес за ТВМ, прв пат проговори во јавност за обвинувањата на Јовче Спиркоски, кој тврди дека Голабоски на нечесен начин му ја одзел куќата. Голабоски ги демантира сите обвинувања од Спиркоски и вели дека ја поседува целокупната документација за случајот кој се водел седум години. Тој раскажува дека на 30.02 2002 година со Спиркоски склучил договор за претходно позајмените средства во висина над 11 000 евра  кои Спиркоски бил должен да ги врати во рок од една година. Бидејќи Спиркоски не го испочитувал договорот Голабоски по истекувањето на рокот кој...

Continue reading

Zaliv na koskite

Музејот на вода кај Заливот на коските е во завршна фаза

Post Views: 28 Градежните работи врз Музејот на вода од јужната страна на Градиште, во Заливот на коските кај Пештани, се во завршна фаза вели археологот и директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Ние се спремаме комплетно на 8 декември да го промовираме Римскиот каструм, воено утврдување, кој е објект на копно. Тврдинаат ја  извлековме од подземјето и ќе ја  презентираме на јавноста, а ќе биде привлечно место за посетителите вели археологот Кузман. Објектите кои ќе бидат дел од наколната населба од  праисторискиот период се во екот на работење. Станува...

Continue reading

sumar

Н.П. „Галичица“ работно на „Липова ливада “, го прослави пет деценискиот јубилеј

Post Views: 4 Н.П „Галичица“ денес го прослави јубилејот 50 години од неговото формирање. Во текот на петте децении постоење  националниот парк  имал различни развојни фази. Зоран Ангелоски директор на оваа институција вели изминативе  50 години не беа  лесни во работењето на паркот. Почнувајќи од обезбедување приходи за установата, па се до зближување и соработка со локалното население. Директорот Ангелоски потенцира дека се трудат паркот максимално да го приближат до посетителите според нивната возраст и потреби. Се бележат планинарски и едукативни патеки за деца, а во наредниот...

Continue reading

pretstava

Политиката замеша прсти и во културата

Post Views: 3 Режисерот на претставата „Григор Прличев“, Миле Волканоски не е задоволен од посетеноста на истата од страна на охридската младина. Тој вели иако оваа претстава е правена врз основа на книгата која е лектира во средното образование учениците не покажаа интерес да ја видат. Волканоски тврди дека причините за ваквата појава се чисто политички. Тој вели „политиката замеша прсти и во културата“ и додава поради фактот што поголемиот дел од директорите се од СДСМ, имаат дадено директива да не се посетува претставата. Од средните и основните училишта  ги демантираат ваквите...

Continue reading

zname VMRO

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се огласија со итна пресс конференција

Post Views: 0 Тие прашуваат кој ќе ќари од оваа одлука, граѓаните или градоначалникот. Тројцата охридски пратеници од Вмро Дпмне експресно се собраа за пред новинарите да го искажат својот револт во врска со донесувањето на ДУП за дел од месноста „Бејбунар“. Цветко Грозданов вели дека по ваквата одлука ќе следуваат кривични пријави против градоначалникот и советниците кои го изгласале предлогот, а решението ќе биде обжалено и поништено од уставен суд. Тој прашува, кој ќе ќари од оваа одлука, граѓаните или градоначалникот. Грозданов вели дека минатата година советот донесол само 4...

Continue reading

DUP

Се одржа 58-та седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 8 Донесувањето на ДУП за дел од месноста „Бејбунар“ ги раскара охридските советници. И покрај решението од страна на Министерството за транспорт и врски дека Предлог планот за оваа урбана заедница е огласен за ништовен во целост, советниците ја изгласаа оваа точка од дневниот ред. Предлог одлуката за донесување ДУП за урбана заедница 8, урбан блок 8.3 ги разбранува страстите на охридските советници. Ванчо Огненов од ВМРО ДПМНЕ побара оваа точка да се тргне од дневен ред со образложение дека до Министерството за транспорт и врски од страна на Министерството за култура-...

Continue reading

sud

Охриѓани се потпишуваа во знак на подршка на семејството Спиркоски

Post Views: 21 Правниците советуваат- не потпишувајте документи без совет од стручно лице. Голем број охриѓани денес пред Основниот суд го ставија својот потпис во знак на подршка за семејството Спиркоски, кое пред два месеца остана без својот дом. За само два часа, од 9 до 11 утринава, се потпишаа 200 граѓани. „Дојдовме да му дадеме подршка и веруваме дека на нечесен начин ја изгуби куќата и со целото семејство остана на улица. Детето го знам од мало и е многу добро. Секој треба да го подржи“, велат граѓаните. Јовче Спиркоски, во изминатите три дена постојано е пред вратата на...

Continue reading

FTON

Нема титула магистар или доктор на наука без претходно практично истражување

Post Views: 1 Од Министерството за образование велат дека ќе се измени начинот на работа на магистрантите и докторантите. Не ќе може секој кој ќе посака да се здобие со престижна титули. Расте бројот на лицата кои се здобиваат со титулите магистaр или доктор на наукi. Од секторот за науки при Mинистерството за образование велат дека ваквиот тренд е за пофалба, но Македонија треба да поработи на тоа како да се подобрат универзитетските истражувања и истите да се применат во пракса. Од таму објаснуваат дека магистарските трудови и докторатите 90 проценти се само теорија. Отсега па...

Continue reading

opstina Ohrid

Утре ќе се одржи 58 седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 2 На дневен ред на 58 седница на Советот на Општина Охрид има повеќе точки од урбанизмот. Меѓу другите се најде и точката за утврдување Нацрт ДУП на локацијата позната во јавноста како “Полигон за мали спортови“. Советот на општината на својата седница закажана за утре, меѓу другото ќе расправа по Предлог-одлуката за утврдување Нацрт-ДУП за Урбана Заедница 2, дел од урбан блок 2.2, општина Охрид 2008-2013. Станува збор за утврдување Нацрт – ДУП на локацијата позната во јавноста како “Полигон за мали спортови“ која веќе 6-7 години е во сопственост на ГП “Гранит“....

Continue reading

zname VMRO

Се пролонгира датумот за избор на нов претседател на Општинскиот комитет на Вмро Дпмне

Post Views: 0 Kој ќе седне на првата вмровска фотеља во градов не ќе се знае за брзо време. Причина се многубројните ангажмани на премиерот Никола Груевски кој треба да ги интервјуира кандидатите. Општинскиот комитет на Вмро Дпмне сеуште нема нов претседател. Иако беше најавено дека во текот на оваа недела ќе се знае неговото име рокот се пролонгира. Причина се многубројните ангажмани на премиерот Никола Груевски кој треба да направи интервју со кандидатите. Инаку во комбинација се четири имиња меѓу кои и името на првиот човек на ЗЗЗ, Атанаско Михаилов. Тој не сакаше многу да коментира...

Continue reading

vlez

Поголемиот број влезови и дворови од станбените згради низ Охрид се целосно запуштени

Post Views: 1 Често пати влезовите се користат и како јавни тоалети. Надлежните ги повикуваат куќните совети да се активираат. Влезовите и дворовите околу станбените згради во Охрид најчесто се целосно запуштени и несредени. Голем број дворови се обраснати со треви и трње. Во лоша состојба се и влезовите кои се користат и како јавни тоалети. Надлежните ги повикуваат куќните совети да се реактивираат и започнат со извршување на своите обврски. Законот за јавна чистота предвидува ригорозни казни за несредени јавни површини. Граѓаните признаваат дека во поголем број од зградите куќни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top