Post Views: 1
Лајонс клубот Охрид започна со реализација на својот најнов проект„Топ 10“. Станува збор за проект со кој се опфатени 125 ученици од 5 основни училишта во градов. Со реализација на проектот се отпочна минатиот викенд, кога избраните основци беа тестирани по повеќе предмети:македонски јазик, математика, англиски јазик и информатика. „Вакви тестирања ќе се прават во четири циклуси, за на крај да се изберат најдобрите за кои Лајонс клубот има подготвено богати награди и стипендии“ – вели проектниот менаџер, Драган Спасески – Охридски и додава „Целта ни е да...
Post Views: 6
Охрид е избран за град домаќин на Петтиот Регионален економски форум за Југоисточна Европа .
„Причина за тоа е што градов во повеќе наврати се покажа како одличен домаќин на големите настани“, рече Зоран Иванов претставник од кабинетот на претседателот Црвенковски.
Охрид, домаќин на уште еден голем настан. На 20 и 21 ноември ќе се одржи Петтиот Регионален економски форум за Југоисточна Европа. Иако првично оваа средба требаше да се одржува во Скопје на иницијативата на претседателот Бранко Црвенковски, Охрид е избран за град домаќин на овој форум. „Причина за тоа е...
Post Views: 0
Преставници од СВР Охрид,локалната самоупорава од Охрид и Дебрца, како и од Јавните претпријатија Комуналец и Македонија пат ги договорија мерките за безбедно одвивање на сообраќајот во зимскиот период.
На средбата беше истакната добрата меѓусебна соработка во минатиот период. Во дискусијата заклучија дека постои потреба од прецизирање на надлежностите на сите учесници во оперативните планови.Од Ј.П. „Комуналец “ предложија, точно да се утврди на кои улици да се користат абразивни матеијали за чистење од снегот.
Раководителот од Ј.П. „ Македонија пат “ кажа дека ...
Post Views: 0
Започна судскиот процес за сообраќајната несреќа во која животот го загубија Влатко Пантоски и Наумче Аврамоски, и двајцата музички работници во Супер радио.
Вештите лица како причина за незгодата која во октомври се случи во близина на депонијата Буково, на магистралниот пат Охрид- ресен, го наведуваат движењето на товарното возило со албански регистарски таблици, управувано до Сетмир прој, на спротивна коловозна лента. Односно, онаа по која се движело возилото во кое се наоѓале Пантоски и Аврамоски. Како дополнителен фактор, вештаците ја неведоа и брзината од 83, 9...
Post Views: 12
Во Охрид и Струга веќе тече пописот на трговските и угостителските објекти. Се врши пребројување на продавници, дисконти, аптеки, кафулиња, ресторани.
Мирјана Јовческа, раководител на Регионалното одделение вели дека се задоволни од попишувањето и дека во голем број сопствениците на објектите даваат подтоци. Но, има и такви кои ги враќаат попишувачи и по неколку пати со што се создаваат проблеми кои дополнително ги решаваме потенцира Јовческа. Апелираат до сопствениците на објектите да соработуваат со лицата ангажирани во пописот. Ги уверуваат сопствениците...
Post Views: 1
Причина се зачестените инциденти во и околу школите. Раководните кадри и полицијата на заеднички состанок градеа стратегија како да се надмине агресивното однесување на учениците. Раководните кадри од училиштата признаваат дека расте агресивноста кај учениците. Зачестените инциденти во и околу школите, се доказ дека што поскоро треба да се најде соодветно решение за спречување на ваквата појава.
Од СВР- Охрид решението го гледаат во постојаната контрола врз училиштата од страна на нивните служби. Најавуваат 24 часовно обезбедување на школите.
Раководните кадри и полицијата...
Post Views: 9
Затворени пристапи до домовите, збиени станбени блокови, без паркинг простор и зелени површини се забелешките на граѓаните од урбана блок 2 кај старото кино. На денешната јавна анкета, граѓаните кои живеат во строгиот центар на градот бурно распарваа за прекумерната градба.
Љубомир Николиќ кој тука живее се жали дека кога го купил станот пред 10 –тина години му било ветено дека ќе има паркинг простор, а сега вели не можеме да влеземе дома. Против е градење на нови станбени објекти.
Бурната расправа предизвикана на јавната анкета за урбана блок 2 кај старото кино,ги...
Post Views: 8
Квалификуваниот бравар Трајко Дурчовски започнал пред неколку децении да изработува скромни предмети од железо, а потоа почнал да навлегува во специфична техника и да создава уменост.
Неговите дела се инспирирани пред се од македонскиот фолклор и копаничарството. Дурачовски вели железото мора да се засака и да се почуствува неговата топлина за потоа да се претвори во нешто убаво.Тоа е нема убавина ,но кога ќе му се даде форма и ќе почне да се заварува се обојува и добива ефектни бои. сТој започнал од железо да создава рајски птици, рози, гроздобер, па се до мотиви...
Post Views: 1
Забелешките од извештите на Европската комисја треба да бидат поттик сите партии да ги надминат сопствените интереси и да продолжат по патот кој го зацртаа а води во Европа, рече евроабасадорот Ерван Фуере, кој денеска престојуваше во Охрид.
Само со политичко единство Македонија ќе стигне до вратите на ЕУ. Забелешките од извештите на Европската комисја треба да бидат поттик сите партии да ги надминат сопствените интереси и да продолжат по патот кој го зацртаа а води во Европа, рече евроабасадорот Ерван Фуере, кој денеска престојуваше во Охрид.
Во Извештојот меѓу останатите...
Post Views: 2
Синоќа голем број охриѓани го дочекаа екс Министерот за одбрана Љубе Бошкоски. На трибината Бошкоски се осврна на полтичките случувања во земјава.Сеуште не одлучил за претседателската кандидатура.
Поранешниот министер за одбрана, Љубе Бошковски синоќа одржа трибина пред граѓаните на Охрид. Во преполната сала на Центарот за култура, покрај преставници од ВМРО НП видливо беше и присуството на социјалдемократите, а мал беше бројот од ВМРО ДПМНЕ. Бошковски зборуваше за актуелните политички случувања во Македонија, а прозборе и за односот со владејачката ВМРО ДПМНЕ кон...
Post Views: 9
Тие денес разговараа околу проблемите со управувањето со отпадот. Градоначалниците бараат гржавата под итно да одреди локација за изградба на регионална депонија.
Градоначалниците на Охрид, Струга и Дебрца и Евроамбасадорот Ерван Фуере седнаа на заедничка маса да разговараат за управувањето со општинскиот отпад. Со Законот за јавна чистота општините се обврзани да ги исчистат дивите депонии, но првите луѓе на овие три општини се пожалија дека нема каде легално да го депонираат отпадот. Сеуште нема регуионална депонија.
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко предочи...
Post Views: 8
Засега проблем прават помалите приватни ординации. Владата пак донела одлука медицинскиот отпад да го согорува и да го претвора во електрична енергија.
Помалите медицински установи не го почитуваат правилото да го селектираат медицинскиот отпад, се жали директорот на Јавно претпријатие „Комуналец“ , Боро Павлоски. Тоа не е случај пак со поголемите болнички центри како што се Општа болница, Здравствен дом „ Маларична “ и Костозглобна вели Павлоски.
Министерот за здравство Бујар Османи кажува дека одлагањето на медицинскиот отпад е под строга контрола. Неодамна Владата...