Post Views: 1
Археолошкиот локалитет „Енгелана“ на кој интензивно се работи со цел да стане уште една атракција за охриѓани, но и за туристите во градов недостапен поради дивата депонија која се наоѓа во месноста „Мауцкер“.Сојузот на невладините организации во регионот Охрид- Преспа покрена иницијатива за нејзино дислоцирање. Се бара одговорност од надлежните.
До археолошкиот локалитет „Енгелана“ на кој интензивно се работи со цел да стане уште една атракција за охриѓани, но и за туристите во градов речиси и да не може да се стигне поради дивата депонија која се наоѓа во месноста...
Post Views: 12
Локалната самоуправа обезбеди средства од својот буџет за поставување чуварски служби во сите основни и средни училишта во општина Охрид.
Чуварските служби ќе ги обезбедуваат школите во ноќните часови, а ќе започнат со работа од 1- ви декември. Причина за ваквиот потег на Локалната самоуправа се зачестените инциденти во и околу училиштата, како и немањето слух од страна на Министерството за образование да обезбеди вакви служби.
{loadposition content9}
Post Views: 6
Ивана Христоска, студентка во трета година на факултетот за туризам и угоститетслтво е веќе две години претседател на локалниот комитет на АИЕСЕК.
Станува збор за интернационална студенска организација која помага теоретското, да се поткрепи со практично знаење во странство.
„Студентите кои одат на размена во странство не се во голем број. Не знам дали е тоа од страв или не сакаат да работат во странство вели Христоска. Студентите работат во зависност од тоа што студираат, па најчесто може да бидат менаџери на хотели или компании. Таа не знае дали студентите се чувствуваат ...
Post Views: 8
Дваесет кандидатури пристигнале до Комисијата за прослави , манифестации , доделување на награди и призанија , за престижната 8 –мо декемвриска награда за животно дело, „Свети Климент Охридски“.
Претседателот на Комисијата д-р Крсте Стојаноски вели дека наградат овој пат ќе биде доделена затоа што има поголем избор. Лани наградата за животно дело не се додели затоа што имале само две апликации. Беа врачени само повелби.
За оваа награда покрај поединци и институции од градот можеа да конкурираат и кандидати од земјава и од странство. Комисијата ќе има тешка и одговорна...
Post Views: 1
Со доаѓањето на зимата и снежните врнежи, граѓаните се обвразани да ги исчистат своите влезови и тротоари од снег, 6 часа по неговото паѓање.
Тоа важи за јавните установи, стопанските претпријатија и за дуќанџиите. Сопстевниците на дуѓаните во чаршијата снегот ќе мора да го чистат до средината на коловозот.
Најпроблематично за инспекциските служби ќе биде справувањето со станарите од колективните станбени згради, затоа што законодавецот направил превид. Сепак станарите од зградите кои нема да го одржуваат просторот чист пред влозовите и јавните површини, казните...
Post Views: 7
Општина Охрид доби дел од средствата кои Владата одлучи да ги додели за изградба на водоснабдителни и канализациски системи. Од Локалната велат- малку се, но добредојдени се.
Владата одлучи да распредели 300 милиони денари на 61 општина за изградба на водоснабдителни и канализациски системи. Парите, во вид на капитални дотации, ќе бидат префрлени на посебна, наменска сметка на општините за изградба на проектите за кои конкурирале до Министерството за транспорт и врски. Меѓу 61 општина на која министерството и доделува средства за оваа намена е и Охрид. Ќе ги искористи...
Post Views: 6
Во врска со вчерашниот прилог за реакцијата на пензионерите и измените на Законот за платен промет и примањето на пензиите преку трансакциона сметка, ТвМ ја посети „Прокредит банка“ како една од банките во кои пензионерите можат да отворат трансакциони сметки.
Со измените на Законот за платен промет како и Упатството за изменување на формите и содржините на платните инструменти за вршење на платниот промет, пензионерите треба да отворат трансакциона сметка, за да може после Нова година да ги примаат своите пензии. Една од банките која нуди најповолни услови за пензионерите...
Post Views: 4
Општина Охрид додели 39 стипендии на метеријално загрозени студенти. Еден од условите за добивање ваква парична помош е студентот да има завршено прва година. Стипендијата е во висина од 2000 ден, а ќе ја примаат девет месеци. Градоначалникот на Охрид вели дека ова не е голема сума, но барем малку ќе им биде од корист на студентите.
Тој потенцира дека општината и понатаму ќе инвестира во образованието и во младите генерации. Интенција на градот е да има што повеќе образовани кадри, а високото образование да биде подостапно и за материјално загрозените деца.
{loadposition...
Post Views: 11
Градоначалникот на Охрид , Александар Петрески бара Охрид да прерасне во универзитетски центар. Тој апелира до владата сериозно да го разгледа предлогот просторот кај касарната да прерасне во универзитетски кампус.
„Охрид е со најголем процент на завршени средношколци во земјава,меѓутоа поради економската состојба овдешните родители не се во состојба да ги испраќаат на студии во други градови“, вели Петрески.
Тој сугерира во Охрид да се отворат факултети како медицинскиот, правниот, еконономскиот, факултетот за менаџмент и за технички науки.
Министерот за одбрана Зоран...
Post Views: 17
На пленарна седница бискупите од регинов разговараа на тема „Католичкото семејство на просторите во дијаспората“.
Беше разгледувана досегашната работа на меѓународната бискупска конференција ,а беа предложени и нови проекти.Бискупите покрај средбата со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Звонко Муцунски се сретнаа и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Монсињор Киро Стојанов истакна дека со министерот разговарале за актуелни прашања поврзани со ситуацијата во регионот. Станало збор и за односите на Македонската...
Post Views: 3
Градоначалникот Александар Петрески ја чека разрешницата од жалбената постапка за да ја активира кривичната пријава против Министерството за транспорт и врски. Пред две недели ова министерство поднесе кривични пријави против Петрески и Советот на Општина Охрид поради изгласувањето на ДУП за 8ма урбана заедница. Градоначалникот тогаш беше на службено патување но најави дека по неговото враќање ќе зададе контра удар.
Портпаролот во општината, Никола Маневски, додава дека кривичните пријави треба да бидат упатени до Министерството за транспорт и врски, Министерството...
Post Views: 7
Од понеделникот започнаа градежните работи за санација на дел од кровот на Центарот за култура, Григор Прличев.
За да се спречи прокиснување на кровот и негова поправка, Министертсвото за култура издвои 1 милион и четиристотини илјади денари. Се очекува ако потрае убавото време, работите да завршат за 15 -тина дена.
Министерството за култура делумно ќе го финансира и загревањето на кино салата, а дел средства за затоплување ќе обезбедува и центарот. Директорката на Центарот за култура Драгана Боцевска вели, ладна кино сала нема да има и гарантира дека ќе има...