Post Views: 0
Фатен сторителот на 24 кражби во Охрид. СВР Охрид поднесе кривична пријава против едно лице кое е сторител на14 кривични дела „Тешка кражба“ и 10 кривични дела „Кражба“. Лицето А.И. во периодот од јули до октомври влегувало во станови и куќи во Охрид, притоа одземајќи кредитни картички, златен накит, пари, техничка стока најчесто лап топ компјутери, видео камери, дигитални апарати, мобилни телефони и телевизори.
Со тоа сторителот сe стекнал со противправна имотна корист од 2 255 000 ден., вели Стефан Димоски, портпаролот на Свр Охрид.
Кривична пријава е поднесена и...
Post Views: 0
Охриѓаните со подлабок џеб кои наумиле да се одморат за време на новогодишните празници, ќе патуваат надвор од земјава, без оглед на светската економска криза велат туристичките работници.
Елида Битракова од ТА „Елида – Турс“ вели во нашата држава нема алармантни податоци за таквата ситуација, но кај граѓаните се всадува еден психолошки момент за штедење, што не е во наш интерес. Но, оние кои имаат намера да се одморат и да ги поминат новогодишните празници ќе го реализираат тоа.“
Како дестинаци во блиското соседство се нудат Дубровник, Сараево, Црно Горското...
Post Views: 10
Четврти ден од отпочнувањето на протестот, членовите на самостојниот синдикат за образование, наука и култура не отстапуваат од своите барања и штрајкот продолжува.
Сепак, стравот и притисоците кај дел од нив денес кулминираа во гимназијата. Штрајкувачкиот одбор поднесе оставка. Со соопштение ги повикуваат учениците на настава, а од друга страна и понатака ги подржуваат барањата на синдикотот.
Во ова средно училиште во тек е избор на ново претседателство. Од општинскиот СОНК велат дека не го прифаќаат соопштението на наставниците без целосен потпис со кое ги повикуваат...
Post Views: 17
Министерството за локална самоуправа денес донесе решение за запирање на одлуката со која беше донесен Деталниот урбанистички план за 8 урбана заедница.
Тоа значи дека во целост се стопира реализацијата на ова урбанистичко решение се до конечната одлука која треба да ја донесе Уставниот суд.Министерството за локална самоуправа утврдило дека: донесениот ДУП за 8 УЗ не е во согласност со член 25 од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Во образложението како причина се наведува што советот го донел планот и покрај тоа што надлежното министерство на 21 октомври...
Post Views: 25
Општинскиот пазарен инспекторат ригорозно го спроведува Законот за заштита од пушење. Со него се забранува пушење во јавни простории како што се болници, градинки, училишта, спортски сали како и во простории каде се произведува, продава послужува и консумира храна. Им се препорачувана сопствениците на ваквите објекти да ги почитуваат правилата бидејќи казните се многу високи и изнесуваат од 2000 до 4000 евра, вели Ѓорѓи Бошалев, началникот на пазарната инспекција во Охрид.
Од први декември се забранува секакво рекламирање на цигари. Праксата која ја имаа угостителите...
Post Views: 3
Годинава во Центарот за социјални грижи се евидентирани над 40 лица жртви на семејно насилство.
Од нив биле 38 жени, а само двајца мажи. Оваа бројка е во пораст за разлика од лани кога биле регистрирани 30 случаи. Заради патријархални сфаќања многу од жртвите се повлекуваат и се одлучуваат на молк вели Ѓорѓи Тодороски координатор на тимот за семејно насилство при Центарот за социјaлни грижи.
Повеќе од 60 посто од жртвите ги повлекуваат пријавите и не се подготвени да поднесат предлог за изрекување времена мерка до судот. Сметаат дека жената треба да молчи и проблемот...
Post Views: 16
Како што за ТВМ изјави потпаролот на ова министерство, Ели Чакар, од страна на инспекторатот при министерството, утврдено е дека ДУП- от е усвоен спротивно на уставот и законот.
Државниот инспекторат при Министерството за локална самоуправа подготвува решение за запирање на примената на одлуката со која советот го изгласа ДУП за 8 урбана заедница.
Потпаролот на министерството, Ели Чакар, за ТВМ изјави дека причина е утврдената незаконитост и против- уставност на одлуката со која се усвои урбанистичкото решение. Ова го утврдиле службите на инспекторатот кога ја разгледувале...
Post Views: 0
Две години по смртта на основачот на Охридска банка, м- р Најденко Попоски, се промовира Монографија посветена на неговиот живот и дело. Големиот број пријатели и соработници, во присуство на членовите од неговата фамилија, уште еднаш се потсетија за човекот кој целиот свој живот го посвети на развојот на општината.Објавувањето на една ваква монографија од страна на семејството претставува гест за почит кој сигурно ќе остави трага врз новите генерации, истакна градоначалникот Александар Петрески.
Блискиот соработник и пријател, Иван Голабоски, монографијата ја нарече...
Post Views: 3
Преговорите кои една година безуспешно се водат помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура денес кулминира со генерален штрајк.
Во средните и основните училишта денес немаше настава, градската библиотека не издаваше книги, а во градинките само се згрижуваа децата без воспитна содржина.
Претседателот на Општинската организација на СОНК, Љубомир Јанкулоски вели дека барањата се точно дефинирани и нема да одстапуваат од нивното исполнување.
„Барањата се реални не станува збор за високи суми, а Владата може да ги исплати“ вели Јанкулоски.
Утрово...
Post Views: 7
Црвениот крст во соработка со ЈП „Билјанини извори“ организира показна вежба на евакуација од спортската сала според евакуационен план и одредено сценарио.
Се е подготвено за Европското првенство во ракомет за жени. Црвениот крст во соработка со ЈП „Билјанини извори“ организира показна вежба на евакуација од спортската сала според евакуационен план и одредено сценарио. Вежбата имаше за цел да ја покаже подготвеноста на субјектите одговорни за безбедноста при одвивање на масовни манифестации во затворени објекти, во случај на инцидентни ситуации.
Иван Цветкоски, директорот...
Post Views: 9
Се почесто се уништуваат и сечат дрва само поради тоа што на поединци му го кријат видикот. Од Локалната самоуправа – велат се даваат дозволи за сечење само за стари и исушени дрва.
Поголемиот број охриѓани сметаат дека премногу лесно може да се дојде до дозвола за сечење дрва на јавни, но и приватни површини. Се почесто сме сведоци, велат тие, дека се сечат дрва само поради тоа што на поединци му кријат видикот. Поради тоа што од дрвата не се гледал дуќанот или пак затоа што на домаќинките им сметале цутовите од дрвата кои паѓале на нивните балкони.
Од Локалната...
Post Views: 13
Општинскиот комитет на ВМРО- НП во целост го подржува донесувањето на Законот и не може да најде оправдување за ваквиот исход од парламентарната дебата.
Сметаме дека е направена голема неправда кон кон бранителите од воениот конфликт во 2001 година, велат од ВМРО- НП. Како сериозна партија подолго време укажуваме на политичките потези на власта, кои се директно насочени против интересите на граѓаните на РМ, потенцираат од ВМРО- НП. Од таму апелираат до владата и парламентарното мнозинство да соберат доблест во најкраток можен рок да го разгледаат предложениот закон...