Leskoec

Конечно ќе се реши проблемот на жителите на селото Лескоец

Post Views: 86 Жителите на селото Лескоец сеуште не се приклучени на канализационата мрежа. Од „Проаква“ кажуваат дека се е направено само се чека одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски вети дека работите ќе ги преземе во свои раце па за една недела ќе се реши проблемот.Лесковчани негодуваат, сеуште не се приклучени на канализационата мрежа. Од „Проаква“ кажуваат дека се е направено само се чека одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта. Имено главната канализациона цевка треба да помине под регионалниот пат...

Continue reading

trska

Кој валка ,а не плаќа – ќе чисти

Post Views: 2 Осумдесет и четири охриѓани кои се огрешиле од Законот за јавна чистота ја исплатиле својата казна со извршување на општо корисна работа. Тие со екипите на  јавното претпријатие Комуналец ги одработиле часовите потребни за добијат потврда како доказ за извршената работа. Читење на депонии, собирање на пластика и хартија,   метење на лисја се само дел од работите кои ги извршувале граѓаните  кои одбиле казната да ја платат во готово. Граѓаните кои заработиле казни по разни основи, со општо корисната работа биле ангажирани во чистење на централнот градско подрачје, крајбрежниот...

Continue reading

Stojance Angelov

Светски ден за човекови права

Post Views: 1 Пред 6 децении , Обединетите нации усвоија декларациа за човековите права. Во неа се прецизирани универзалните права. Тие не зависат од националната, државната, идеолошката или социјалната припадност на луѓето. Светскиот ден на човековите права се одболежува денеска ширум светот, а повод се 60 години од потпишувањето на декларацијата за човекови права.Министерот за правда Михајло Маневски изјави дека со уставот и законите се обезбедува заштитата на човековите права и во Македонија.Колку се почитуваат овие права охригани со свое  видување. Проблемите врзани  со дискримицијата,...

Continue reading

Laze Radeski

Одложен судскиот процес против Лазе Радески

Post Views: 72 Продолжението на судскиот процес закажано за 22 декември. Во охридскиот Основен суд се одложи, за денес закажаниот, судскиот процес против Лазе Радески. Тој е осомничен дека ги извршил убиствата на тројцата дилери на девизи: Трајче Цоцески, Спиро Ставрески и Раим Рахип.   Утринава, судот бил телефонски известен од страна на скопскиот затвор дека Радески не може да присуствува на рочиштето поради здравствени проблеми. Бил извршен преглед од страна на доктор, по кој на Радески не му била издадена дозвола да присуствува на судењето закажано за денес. Од тие причини, судијата...

Continue reading

Ohrid

Совесно со електричната енергија

Post Views: 0 Нашиов град интензивно се подготвува за новогодишните празници, и според локалната, годинава тоа треба да биде нешто досега невидено. Но, се поставува прашањето, колку електрична енергија ќе биде потребна за тоа и секако кој ќе плати за неа? Последниве неколку месеци во Македонија доста актуелна беше темата за електричната енергија, посебно оној дел кој нас обичните граѓани најмногу не интересира, а тоа е нејзината цена. Се најави едно поскапување, па се оствари, па сега се највува уште едно, кое како стојат работите и тоа ќе се оставри, а сепак  нашиот градски татко...

Continue reading

bandera

Опасни бандери во село Орман

Post Views: 5 Жителите на село Орман стравуваат од неколкуте надвиснати бандери за пренос на електрична енергија. Пред една недела, поради невреме, за малку била избегната голема несреќа кога две од нив се срушиле над селскиот пат. Мобилни екипи од ЕВН- ЕСМ дошле, но поради презафатеност не го средиле проблемот во целост. Неколку шупливи и стари бандери за пренос на електрична енергија повеќе од една недела стојат надвиснати над селскиот пат во Орман. Жителите стравуваат дека, поради нивната нестабилност, можат секој миг да се срушат. Раскажуваат дека две од нив, поради невремето...

Continue reading

Muzej na voda

Музејот на вода во Градиште – можност за патување низ времето

Post Views: 9 Охрид доби уште една културно-историска знаменитост и туристичка атракција – Музеј на вода, исклучителен археолошки комплекс, единствен од тој вид во овој дел од Европа. Отворен музејот на вода кај Градиште. На јужното крајбрежје на полуостровот Градиште, во Заливот на коските веќе се издига праисториска палафитна (наколна) населба која, според истражувањата, своевремено се простирала на површина од околу 8.500 метри квадратни. Станува збор за автентична реконструкција на дел од наколната населба, подигната врз остатоците од подводниот археолошки локалитет „Плоча...

Continue reading

Sv.Klimentova ngarda

Свечена академија во чест на Свети Климент Охридски

Post Views: 18 Покрај богатата културно- уметничка програма, беа доделени и највисоките општински признанија- наградата и повелбите Свети Климент Охридски. Големиот број посетители во Центарот за култура имаа можност да ја проследат Свечената академија во чест на заштитникот на Охрид. Вечерва, духот на Св. Климент сите нас кои живееме во Охрид не исполнува со своевидна гордост што сме жители на овој свет град, со овие зборови им се обрати на гостите,  градоначалникот Александар Петрески.   Во рамки на свеченоста, беа доделени највисоките општински признанија – наградата и повелбите...

Continue reading

Kurban

Над илјада сиромашни семејства ќе добијат храна по повод Курбан Бајрам

Post Views: 2 По  10 килограми месо ќе добијат над 1000 семејства од Охрид кои се евидентирани  во Центарот за социјални грижи. Годинава се донирани 18 грла, а бројот на донатори од година на  година расте вели Зиба Муштеба преставник на фондацијата  Шафак за Охрид.Им помагаме на сите сиромашни во Охрид без оглед на вера и нација, а кои имаат потреба од помош истакна Муштеба. На денешниот верски обред , колење Курбан присуствуваше и градоначалникот Александар Петрески.Тој упати честитки до сите верници за празникот Курбан Бајрам. Петрески истакна дека денес се поклопуваат два празници,...

Continue reading

gubre

Законот за јавна чистота во Охрид

Post Views: 8 Три месеци од воведувањето на законот за јавна чистота, Охрид заличува на пристојно место за живеење. Улиците, кои беа предмет на критики од секој турист и посетител, денеска се за нијанса почисти .Во спроведената анкета дел од анкетираните дадоа позитивни критики. Од еколошкото друштво ГРАШНИЦА  потенцираат дека генерално се задоволни од досегашните резултати. Тие се  на терен секојдневно ја пратат ситуацијата и делуваат на зголемување на свеста кај граѓаните. Како успешен пример од друштвото ја посочија Холандија каде само ригорозната казна донесла резултати. Со воведувањето...

Continue reading

proslava

О.У Св. Климент Охридски ја одбележа 110 годишнината од изградбата и основањето

Post Views: 10 Со свечена академија, вечерва во Центарот за култура, О.У Св. Климент Охридски ја одбележа 110 годишнината од изградбата и основањето на ова училиште. Присутните имаа можност преку краток филм да се потсетат на самите почетоци- времето кога било основано училиштето, сместено во старата зграда изградена според тогашната модерна француска архитектура. Во 1980 год. дејноста на училиштето преминла во новата зграда изградена во непосредна близина на стариот објект. За своите спомени од работните денови изминати во школото Св. Климент Охридски зборуваа некогашните директори....

Continue reading

Krste Stojanoski

Соопштени годинешните добитници на највисоките општински признанија

Post Views: 18   Наградата Свети Климент Охридски“ за животно дело ја добија: писателот и дипломат Трајан Петровски и професорот од Факултетот за туризам од Охрид, Миладин Крстаноски. Претседателот на комисијата за доделување награди и признанија, д- р Крсте Стојаноски ги соопшти имињата на годинешните добитници на највисоките општински признанија. Годинава конкуренцијата била силна. Поднесени биле 22 апликации, од кои шест за наградата Св. Климент Охридски- Патрон на Охрид и 12 за повелба. Д- р Крсте Стојаноски истакна дека членовите на комисијата донеле едногласна одлука: Св. Климентовата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top