pastrmka

Бројни реакции по објавениот конкурс за давање под концесија на езерото

Post Views: 2 Еколозите и локалната власт се изјаснуваат против. Рибарите пак, сметаат дека идниот концесионер конечно ќе воведе ред во езерото. Бројни се реакциите по минатонеделниот, објавен конкурс на Влдата за издавање на езерото под концесија за стопански риболов. Ставовите се поделени. За едни, концесијата ќе предизвика трајни негативни последици врз опстанокот на пастрмката и белвицата. Според други, идниот концесионер конечно ќе воспостави ред и ќе го стопира неконтролираниот риболов.Еколозите го повторуваат ставот- езерото да не се издава под концесија за стопански риболов...

Continue reading

SDSM logo

СДСМ од Охрид ги прави финалните подготовки

Post Views: 6 Од СДСМ ги финализираат подготовките пред претстојните локални избори. Како што ТВМ дознава, денес во Централата на СДСМ се одвиваа завршните разговори со потенцијалните кандидати за градоначалник на општина Охрид: актуелниот градоначалник Александар Петрески, претседателот на советот Владо Чингоски, екс шефот на кабинетот на градоначалникот Томислав Чингоски и директорот на МЈП ПРоаква, Бранко Трпчески.     {loadposition content9}

Continue reading

Borce Stefanovski

Новиот претседател на општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ се претстави на јавноста

Post Views: 2 Новиот претседател на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Борче Стефаноски, и се претстави на јавноста. Стефаноски е дипломиран машински инжинер и актуелен директор на аеродромот Св. Апостол Павле. Во партијата ВМРО- ДПМНЕ членува од самото основање во 1990 година. Како што изјави, Стефаноски, за него новата функција претставува голема чест, но истовремено и обврска. „Партијата ќе ја водам на најдобар можен начин со подршка на другите членови, претседателството и месните комитети со цел да оствариме победа на претстојните локални и претседателски избори“, рече новиот претседател...

Continue reading

kukata na Uranija

Реконструкцијата на куќата на Уранија ќе почека

Post Views: 3 Обновувањето на куќата на Уранија сеуште е во застој. Иако се очекуваше обновата да биде готова до почетокот на туристичката сезона, сепак можно е тоа да се пролонгира за неколку месеци.  Веќе подолг период Куќата на Уранија е во процес на обновување. Овие денови се стопира обновата, поради очекување одобрение од страна на Комисијата за јавни набавки. За подетални информации се обративме во Завод и музеј на град Охрид. Сопственикот на компанијата „Виа“ од Вевчани поради сомневање во постапката за  доделувањето на договорите за исполнување на проектот, поднел жалба до...

Continue reading

Biljanini izvori

Фамата околу Европското првенство во ракомет за жени конечно заврши

Post Views: 1 Заврши Европското првенство во ракомет за жени. За некои граѓани како и да не било бидејќи малку кој знаеше дека се одржува токму во нашата земја. Конкретно во Охрид посетеноста на натпреварите беше минимална бидејќи како што велат граѓаните цената од 300 денари за 3 натпревари била прескапа за нивниот џеп. Сепак од ЈП Билјанини Извори велат дека се задоволни од тоа како помина првенството и пред се биле задоволни од реакциите на охриѓани упатени на сметка на спортската сала. Иако во Охрид првенството помина во најдобар ред , сведоци бевме на критиките упатени од македонската...

Continue reading

logo

Од милионскиот долг кон Гранит на општина Охрид и остана да подмири уште 160.000 евра

Post Views: 0 Ова го изјави градоначалникот Петрески на вчера одржана јавна трибина за нацрт- фискалната стратегија и развојни програми на општината. 160.000 евра е преостанатиот долг на општина Охрид кон кон ГП Гранит, изјави градоначалникот Петрески.  Наскоро планираме да ја платиме оваа сума, па со тоа во целост ќе биде подмирен долгот кон Гранит, кој пред 4 години изнесуваше 7, 5 милиони евра.  Градоначалникот е оптимист дека уште на почетокот на идната година, општината ќе ги исплати и сите преостанати наследени долгови. Со тоа, смета Петрески, општината ќе може да ги реализира...

Continue reading

Dejan Panoski

ВМРО си отвори институт

Post Views: 11 Се отвори Институт за македонско наследство. Тој е  формиран и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ а го носи името на Павел Шатев. Дејан Пановски , ќе го раководи Директоратот за животна средина и природни реткости во рамките на Институтот. Се отвори Институт за македонско наследство. Тој е  формиран и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ а го носи името на Павел Шатев. Дејан Пановски , ќе го раководи Директоратот за животна средина и природни реткости во рамките на Институтот. Екс државниот секретар за животна средина избран е и за  член на Бордот на директори. „Ваквата чест и доверба се  валоризација...

Continue reading

плостад

Охрид во новогодишно руво

Post Views: 2 Деновиве интензивно се работи на новогодишно украсување на градов.Се користат старите реквизити, но ќе има и нови. Изгледот на новогодишната елка се чува во тајност. Градот полека но сигурно се облекува во новогодишно руво. Откога се украсија поголемиот дел улици со различни светлечки реквизити на ред дојде и централното градско подрачје. На градскиот плоштад може да се видат дел од ланските новогодишни украси а деновиве ќе бидат ставени и некои нови. Општината не се расфрла со пари. И годинава за оваа намена од буџетот се издвоени 600 000 ден. На украсувањето работи...

Continue reading

ulica

Жителите од улицата Петар Поп Арсов немаат прописен ни влез ни излез

Post Views: 9 Околу 100 семејства, жители на  улицата Петар Поп Арсов, на 400 метри од строгиот градски центар, се жалат на лошите комунални услови. За да дојдат до своите домови жителите веќе  25 години поминуваат   низ бројни препреки. Костадин Стеваноски вели немаме  прописен ни влез ни излез, па со возилата влегуваме  по Булевар Туристичка, а нема жител од улицата кој при тоа не заработил казна. Разминувања на две  возила на улицата е невозможно, при тоа безбедноста  на пешаците е доведена во опасност.  Мете Мавмудоски, исто така  жител на оваа улица револтиран е на своите соседи...

Continue reading

veb strana

25 милиони денари за реализација на нацрт програмата за развој на туризмот

Post Views: 1 Дваесет и пет милиони денари за реализација на програмата за потикнување на развојот на туризмот во општина Охрид и 27 милиони денари за програмата за подршка на Лер, можна реалност или само пуста желба? Советот на опшината на последната седница одржана на 28.11.годинава, согласно определбите на Градоначалникот и заклучокот на Советот на општината, ги утврди нацрт- развојните програми на општината кои се составен дел на фискалната стратегија на општина Охрид.Најинтересни за граѓаните нас се нацрт програмата за подршка на ЛЕР, како и програмата за потикнување на туризмот. Водени...

Continue reading

penzioneri

Пензионерите имаат уште шест месеци за да отворат трансакциона сметка

Post Views: 6 Министерството за транспорт и врски го пролонгира рокот за отварањетрансакциона сметка кој првично беше до 15 ноември. Со ова еден проблем се реши, велат од охридското здружение на пензионерите, но остана проблемот со прибирањето на средствата за солидарниот фонд. Пензионери кои сеуште немаат отворено  трансакциона сметка може да здивнат. Министерството за труд и социјала го пролонгира рокот за шест месеци.Сите пензионери во овој период се обврзани да отворат трансакциона сметка со што своите пензиите ќе ги подигаат само од банка. Претседателот на Здружението на пензионери...

Continue reading

plakata

6 -ти Аматерски театарски фестивал ГАРАВДЕ МУЈА

Post Views: 6 Со свечена церемонија денеска во центарот за култура „Григор Прличев“ започнува шестиот по ред фестивал на аматерски театар „ГАРАВДЕ МУЈА“ или скриени лица. Ќе учествуваат  неколку театарски трупи од Македонија, Србија, Хрватска и Албанија. Поканети се сите влубеници во тетатарската и ромската уметност.Овој фестивал се одржува во Македонија по шести пат, но за прв пат во Охрид. Заслепени од убавините на Охрид, членовите на театарската трупа „Сано е Романорум“ од Србија забрзано се подготвуваа за денешниот настап, каде пред охридската публика ќе ја прикажат представата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top