Post Views: 2
Денес потестираа пред општинската зграда. Градоначалникот Петрески е заинтересиран да му помогне на семејството, откако ја слушнал сторијата за него, на нашата ТВ куќа.
Судбината на семејството Арслан е во рацете на градоначалникот на Охрид Александар Петрески. 4 членото семејство за кое ТВМ ексклузивно информираше, од вчера нема дом. Поради неплатената кирија за станот во кој престојуваа, сопствениците на куќата безмилосно ги истераа од истата. Од вчера тие спијат под отворено небо. Мајката Атеме заедно со трите деца утринава протестираа пред општинската зграда во...
Post Views: 14
Во Охрид, Вмро Народна партија на престојните локални избори на 22 март ќе излезе самостојно.
За 10 –тина дена ќе биде и официјално соопштено името на кандидатот за градоначалик, изјави в.д.претседателот на оваа партија, Марјан Додовски. Тој додаде дека тоа се должи на големиот успех постигнат на минатите локални избори , а нивните очекувања се успхот да се повтори и на престојните пролетни избори.
Од ВМРО НП се сигурни дека гласовите на нивното гласачко тело на престојните локални и претседателски избори ќе бидат одлучувачки фактор. На прашањето дали Љубчо...
Post Views: 0
Стартуваше Законот за забрана за употреба на пластични кеси. Но и покрај стапувањето на сила на овој закон поголемиот дел од продавниците и маркетите се уште ги трошат залихите на пластични кеси.
Со почетокот на новата година стартуваше Законот за забрана за употреба на пластични кеси. Овој закон беше донесен пред извесно време се со цел да се заштити животната средина од пластиката која е нејзин голем загадувач. Таа по природен пат не се распаѓа и по неколку векови.
Но и покрај стапувањето на сила на овој закон поголемиот дел од продавниците и маркетите се уште ги...
Post Views: 2
Самохраната мајка со 3-те деца, од недела ќе остане без покрив над глава. Нема пари да ја плати киријата за куќата каде привремено живее.
Поради неплатена кирија охриѓанката Атеме Арслан од недела ќе остане без покрив над глава. Таа со нејзините 3 малолетни деца ќе биде приморана да ја напушти куќата, каде веќе 9 години живее, бидејќи половина година ги нема подмирено обврските кон сопствениците на истата. Вели, нема од никаде пари, нејзиниот сопруг е починат пред 1 година а таа не е вработена ниту пак прима социјална помош од државава. Досега егзистирале од помошта...
Post Views: 7
Државата преку јавно наддавање нуди на краткотраен закуп 10 плажи на охридското крајбрежје.
Според денешната објава за јавното наддавање од Министерството за транспорт и врски, почетната цена на закупнината изнесува 70 денари по метар квадратен, пресметано како годишна закупнина. Рокот за доставување на пријавите за учество на јавното наддавање со потребната урбанистичко-техничка документација е до 10. следниот месец.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Доколку Министерството за труд и социјална политика под итно не го реши работниот статус на дваесеттина негувателки во градинката Јасна Ристеска, над 600 деца ќе останат незгрижени.
Министерството за труд и социјална политика под итно да го реши работниот статус на 20- тината негувателки во детската градинка Јасна Ристеска, апелираат од Локалната самоуправа. Во спротивно, повеќе од 600 деца наскоро ќе останат незгрижени. Негувателките во градинката биле примени врз основ на т.н. старо финансирање. Сега доаѓаат на работа врз основ на склучени договори на дело.
„Апелираме...
Post Views: 7
На првата прес конференција во 2009 година од страна на СВР Охрид беше истакнат значајниот успех во пронаоѓање на лица извршители на тешки кривични дела. Едно од нив е апсењето на лицето кое извршило убиство пред 12 години.
Охридската полиција го уапси лицето ВМ кој на 4 август 1996 година во 9 30 ч во охридското село Подмолје ја убило Силвија Порсиус Малики државјанин на република Холандија и негова сопруга .
Од обдукцијата е утврдено дека убиството е извршено со остар предмет, предметот со кој е извршено убиството не е пронајден. Веднаш по убиството лицето се вдало...
Post Views: 0
Хотелиерите задоволни како изминаа новогодишните празници. Тие велат дека капацитетите биле исполнети 100 %. Во градов имаше околу 20 000 гости и тоа претежно од Бугарија, Србија Албанија, а за католички Божик Охрид го посетија и грци. Цените само за дочекот на Новата година во зависност од категоријата на хотелот и музичката програмата се движеа од 30 до 80 евра. Пансионите и полу пансионите чинеа од 120 до 180 евра. Хотелиерите велат дека заработувачката од празниците е повеќе од солидна. Во туристичкиот промет во градов влегоа над половина милион евра.
И сопствениците...
Post Views: 0
Од 17 до 20 јануари Охрид ќе биде домаќин на меѓународниот саем за туризам.
Подготовките за неговото отпочнување се во завршна фаза вели Зоран Стрезоски, директор на агенцијата за промоција и подршка на туризмот. Додава дека има најави за посета на голем број странски туроператори од Холандија, Германија, Турција и од земјите од опкружувањето. Интересот е огромен и има недостаток од простор за сместување на асоцијациите кои сакаат да се презентираат на саемот кажува Стрезоски.
Во рамките на Саемот за туризам се планира да се одржи Бизнис форум во организација на двата...
Post Views: 0
Денеска православните христијани го слават Божик, храмовите се полнат со верници, секој со различни желби и очекувања.
Божик е Православен празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.
На Божик, рано утрото почнува Богослужба во црквите. Причесната следува по службата кога искараните треба да се помират и да се поканат меѓу себе на гости.Денеска е неработен ден па повејќето продавници и државни институции се затворени.
Македонскиот...
Post Views: 0
Koмуналните инспектори и полицијата, задолжени за спроведување на Законот за јавна чистота и во делот за чистење на снегот, и покрај празниците беа активни.
Во изминативе 3 – 4 дена беа излезени на терен. Комуналните инспектори делувале превентивно, а полицијата делела казни. Стефан Димоски, портпарол на СВР- Охрид изјави дека се поденесени 10 барања за поведување на прекршочни пријави против правни лица. Тие за неисчистениот снег ќе платат глоба во висина од 500 до 1000 евра во денарска против вреднсот, а по 100 евра казна ќе заработат одговорните лица во фирмата....
Post Views: 0
И понатаму се чека одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта.
Лесковчани негодуваат, и во новава година сеуште не се приклучени на канализационата мрежа. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски уште пред речиси еден месец вети дека работите ќе ги преземе во свои раце , но сеуште ништо не е направено.
Од Проаква кажуваат дека сеуште чекаат одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта. Имено главната канализациона цевка треба да помине под регионалниот пат Охрид-Битола, а за вршење вакви градежни работи зелено светло треба да даде државата....