Post Views: 1
Одблокирана е жиро сметката на Ј.П. „Комуналец“ која пред новогодишните празници беше блокирана. Од претпријатието изјавуваат дека од денес сметката е одблокирана и претпријатието продолжува со работата.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Екипите на Хидробиолошки завод, по петти пат, го започнаа ловот на пастрмката за вештачки мрест. Единките беа уловени на три пунктови: кај Пештани, Трпејца и Охрид. Споредено со изминатите неколку години, денешниот улов е слаб, велат од Хидробиолошки завод. мал е бројот на единки кои би се искористиле за давање на подмладок. основната причина за ова ја гледаат во фактот што од албанската страна на езерото и понатаму неконтролирано се лови пастрмката помлада од 2- 3 години.
„Денес уловот е релативно слаб. Очекувавме да биде подобар. Ги нема единките кои би можеле да...
Post Views: 5
Во европските држави произвотството на алкохолни пијалаци во домашни услови е регулирано т.е. лиценцирано. Од нашите институции нема конкретен одговор кога станува збор за производството на алкохол на традиционален начин.
Со законот за продажба на алкохол се регулира локацијата, времето и начинот на кој во иднина ќе се продава алкохолот во Македонија, но не и производството на алкохолни пијалоци во домашни услови. Санитарната инспекција ги контролира само производите на лиценцираните компании.Санитарната и пазарната инспекција немаат надлежност кога станува збор за...
Post Views: 1
Кражбите актуелни и годинава. Од почетокот на 2009 во Охрид се случиле дури осум вакви кривични дела. Предмет на лепливите прсти пред се се парите, но и златните предмети и техничката стока.
Се краде и во новава година. Во овие дваесетина дена од 2009 на подрачјето на општина Охрид се имаат случено 8 тешки кражби, велат од СВР Охрид. Предмет на лепливите прсти пред се се парите, но и златните предмети и техничката стока. Мобилните телефони и понатаму најголема мета на крадците. Kражба на вакви апарати се случи и на големиот христијански празник Водици кога некои од капачите...
Post Views: 6
Пазарната инспекција во Охрид од почетокот на годинава одкога стапи на сила Законот за забрана на употреба на пластични кеси има направено 70 надзори.
Против прекршителите сеуште не се изречени казни, бидејќи Владата препорача да се даде време трговците да се организираат и да набават хартиени кеси.
Големите маркети и колонијални продавници повторно под будното око на инспекторите. Пазарната инспекција во Охрид од почетокот на годинава одкога стапи на сила Законот за забрана на употреба на пластични кеси има направено 70 надзори. Ѓорѓи Бошалев, раководителот на охридскиот...
Post Views: 3
Тие беа најсреќните помеѓу неколку стотината капачи кои влегоа во водите на езерото да го одбележат денот на рибарите. Меѓу нив и градоначалникот Петрески и европретставникот Фуере.
Климе Лотески и неговите другари најбргу стасаа и го извлекоа од езерската вода бурето со 100 литри вино кај Сараиште. Тие заедно со уште стотина капачи учествуваа на традициналното капење со кое се одбележува Денот на рибарите.
„Не беше наместено. Бурето го фативме шест луѓе и заедно ќе го пиеме“, рече Климе Лотески.
На одбележувањето на Денот на рибарите на Сараиште, кое од година во година...
Post Views: 6
На денешното рочиште беа изнесени повеќе доказни материјали, мислења, заклучоци на Институтот за судска медицина и криминалистика при Медицинскиот факултет во Скопје.
Полномошникот на оштетените побара да биде извршено психијатриско вештачење за оштетените пред се за претрпените стресови.Според одбраната, вештачењата од МВР не можат да бидат доказ во постапката бидејќи се вршени и од подносителот и од барателот на постапката, а не од независен орган. Одбраната побара и реконструкција на убиството на Трајче Цоцески кое обвинетиот го призна на првото судско рочиште при...
Post Views: 4
Денешната прес конференција на општинската Вмро Дпмне предизвика реакции од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески. Од таму велат:
„Кога е во прашање партиското саморекламирање за локалната опозиција ништо не е свето“.
„Одржувањето на прес конференција од страна на Вмро Дпмне на овој голем христијански празник кој многу се почитува и чествува во Охрид е уште еден доказ дека на локалната опозиција, првенствено на општинската ВМРО ДПМНЕ, изгледа ништо не и е свето кога е во прашање партиското саморекламирање“, вели портпаролот на градоначалникот,Никола Маневски....
Post Views: 3
Охридската Вмро Дпмне со критики кон градоначалникот Петрески. Тие велат дека претставниците на градоначалникот за овие четири години лиферувале пропаганда за неговото наводно успешно менаџирање, бојадисано во розово во ликот и делото на градоначалникот, истоврмено фрлајќи дрва и камења по централната власт. Вмровците реагираат на негативните коментари од страна на градоначалникот во врска со неодамнешната ненајавена посета на државната просветна инпекција „Замислете инспекцијата да најавува кога ќе доаѓа и што ќе контролира“, рече раководителот на Центарот, Спасе...
Post Views: 1
Со свечено затворање во Хотел Инекс Горица денеска заврши вториот по ред Саем за туризам во Охрид.
Поканетите туристички оператори разговараа за туристичките капацитети на државата, разгледување и промоција на Македонија, како и за согледување на ефектите од глобалната економска криза и ефектите врз туризмот во Македонија.
Со странските туристички оператори склучени се повеќе меморандуми за понатамошна соработка во однос на понатамошна промоција на Македонија во областа на туризмот. Најголема соработка се очекува да се оствари со Италија, посебно во периодот околу...
Post Views: 1
Топенчаров беше најсреќниот од над 1.000- те капачи кои запливаа во студените езерски води. Не ја открива тајната- како да се биде најумешен и да се извлече крстот од езерото.
Над 20.000 верници и гости од соседните земји присуствуваа на чинот на фрлањето на светиот крст во водите на охридското езеро.
Манифестацијата започна во 9 часот со културно- уметничка програма и топла ракија која бесплатно се делеше на повеќе пунктови. Настапи познатиот македонски гитарист Влатко Стефаноски. Присутните ги поздрави градоначалникот Александар Петрески, а се обрати и македонскиот...
Post Views: 7
Со традиционално капење, со полнење од осветената вода и палење свеќи со топла ракија и пача, охриѓани традиционално го одбележаа големиот христијански празник Богојавление-Водици.
Православните верници денеска го прославуваат големиот христијански празник Богојавление-Водици. Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа. Охриѓани овој празник масовно го празнуваат, а го празнувале и во времето кога тоа беше забрането. Петар Коцо вели дека езерските води...